ИСЛАМОТ И ЗДРАВЈЕТО

 

Исламот како совршен начин на живеење посветува посебно внимание на заштитата на човековиот живот. Воедно нè потсетува дека здравјето е еден од низата бројни Божји благодети кои Аллах ги дарил на многумина, но истовремено претставува и искушение како човекот ќе постапува спрема таа благодет. Мухаммед ﷺ нè потсетил за вредноста на здравјето со зборовите: „Молете го Аллах за здравје! Не му е дадено на никој нешто повредно после јекин (цврсто верување) од здравје или чистење од гревови.“
Мухаммед ﷺ и самиот се молел за здравје и на овој и на оној свет и не ги изоставал молитвите наутро и навечер: „Аллаху мој, јас те молам за здравје на Овој свет и оној свет, Аллаху мој, јас те молам за опрост и здравје во мојата вера и мојот живот.“
Го запрашале Божјиот Пратеник ﷺ : „Аллахов Пратенику, подучи ме нешто што ќе барам од Возвишениот Аллах, џ.ш.“ Пратеникот ﷺ му рече: „Барај од Аллах здравје.“ Поминаа неколку дена истиот човек му дојде и му рече: „Аллахов Пратенику, подучи ме нешто што ќе барам од Аллах џ.ш.“ Тој ми рече: „О Аббас, о чичко на Аллаховиот Пратеник, барај од Аллах здравје и спас, и на дуњалукот и на ахирет .“ Здравјето после исламот е најголемата Аллахова благодет кон човекот, затоа што човекот без здравје не може во потполност и убаво да ги извршува сите обврски кон својот Господар, па заради тоа треба да Му биде благодарен на Аллах, џ.ш., на таа благодет.
Меѓутоа, луѓето секогаш низ историјата, па и во ова денешно време, во кое се гледа се низ призмата на материјата и интересот, сметале дека материјалното богатство е нешто највредно, најскапоцено што може човекот да го поседува, заборавајќи го здравјето. Но кога човекот привремено ќе го изгуби здравјето, тој станува подготвен да се откаже од се што поседува само за да се излечи. Проблемот е во тоа што повеќето луѓе не се свесни за она што го поседуваат се додека не го изгубат. Арапска поговорка за ваквиот став гласи: „Здравјето е круна на главата на здравите луѓе, ја гледаат само оние кои се болни.“

health
Здравјето е скапоцена Божја благодет која повеќето луѓе ја злоупотребуваат и ја користат во кршење на Аллаховите прописи и чинење на Неговите забрани. Во врска со тоа Мухаммед ﷺ во една своја мудра изрека рекол:
„Многу луѓе во погледот на две благодетти се измамени: здравјето и слободното време.“ Т.е не им ја знаат и ценат нивната вредност. Благодетта на здравјето е една од најважните пет работи за еден човек чие значење посебно го нагласил Аллаховиот Пратеник ﷺ Тој го советувал својот уммет да се подготви подобро за полагање сметка на Судниот ден. Пратеникот ﷺ рекол:
„Искористи пет работи пред да те погодат пет други: животот пред смртта, здравјето пред болеста, младоста пред староста, богатството пред сиромаштија и слободното време пред зафатеноста.”
Човекот треба да биде благодарен на Аллах и да не Го заборава, иако Аллах џ.ш. може да му ги ускрати некои благодети. На човекот може да му биде ампутирана едната нога, но треба да се запраша каква е состојбата на оние кои изгубиле две нозе. Човекот може да ослепи на едното око, но како е со оној што воопшто неможе да гледа? Таквото размислување може психички да го зајакне човекот и да му даде сила порешително да го продолжи животот и да ја чека наградата од искушенијата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.