Мухаммед – Милост на световите

Милост за верниците

Милоста на Пратеникот Мухамед а.с кон верниците беше во највисоко можно ниво. Куранот ја објаснува неговата милост во следниот цитат :

„Ви дојде Пратеник, еден од вас, тешко му е што на маки ќе удрите, едвај чека по вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив“ Тевба ( Покајание ) 128

Са’д бин Убаде р.а еднаш се разболи при што Пратеникот Мухамед а.с го посети во неговата куќа. Гледајќи го својот пријател – верник во ваква очајна состојба почна да плаче. Потоа, рече : „Аллах не казнува поради солзите, ниту поради горчината, туку казнува поради ова, и покажа со прст кон неговиот јазик“ ( Бухари )

Милост кон неговите непријатели

Робовите фатени во битката кај Бедр беа негови најголеми непријатели. Сепак, тој се погрижи тие да бидат третирани на најдобар можен начин. Меѓу нив беше и Сухејл бин Амр, неверојатен оратор кој му се заканувал еднаш на Пратеникот Мухамед а.с.
Омер р.а, еден од најблиските пријатели на Пратеникот а.с, предложи да му ги извади двете долни заби за да не може да биде толку валкан во неговите говори. Пратеникот возврати : Ако го правам тоа, Аллах ќе ме огрди во Судниот Ден и покрај тоа што сум Негов Пратеник“.

Во Мека, народот на Пратеникот нему му предизвика секакво мачење, конечно го натераа да емигрира во Медина при што пет години војуваа меѓу себе. Како и да е, кога Пратеникот ја ослободи Мека и го виде крвопролевањето во 20-та година од своето пратеништво, тој ги запраша неверниците на Мека кои чекаа на неговата одлука во врска со нив : Што мислите, како ќе ве третирам? Тие одговорија : Ти си добар, син на добриот. Тој (Пратеникот) потоа им ја соопшти одлуката : „Вие сте слободни. Во овој ден нема да има карање за вас. Аллах да ви прости.

Милост за жените

Пратеникот Мухамед а.с исто така имаше одлично однесување и беше милослив и со жените. До тоа време, жените лошо се третираа. Одличниот Пратеник нив им даде почит и достоинство рамноправно со мажите во џемат ( клањање ). Омер р.а вели :
„Ние немавме којзнае каква почит кон жените кога бевме во Мека, но тие беа подобри третирани во Медина. Пратеникот на Аллах ги зајакна нивните права преку неговите зборови и наредби кои ја подобрија нивната позиција и нивниот статус“

Милост за децата

Пратеникот на Аллах а.с имаше посебна милост кон децата. Кога еднаш виде едно дете како плаче, седна до него и му беше рамо за плачење ( ги споделија чувствата ). Тој ја чувствуваше болката на мајката кон детето повеќе од самата мајка. Кажува тој : Еднаш клањавме намаз и сакав да клањам подолго. Но, слушнав како плаче едно дете, и го скратив намазот поради вознемирувањето кое мајката го чувствуваше“ ( Бухари )
Тој ги земаше децата на рака и ги гушкаше. Еднаш ги гушкал неговите внуци, Хасан и Хусеин кога Екрем бин Хабиси му рекол : Јас имам десет деца. До сега ниту едниот од нив не сум го бакнал. Пратеникот а.с одговори : Тој кој не покажува милост, нема да добие милост“ ( Бухари и Муслим )
Во друго пренесување стои : Што да направам за тебе кога Аллах го извадил од тебе чувството на милост? ( Тирмизи )

Милост за робовите

Мухамед а.с силно го нареди доброто однесување за робовите, слугите и ангажираните работници за физичка работа. Џабир р.а пренесува дека Мухамед а.с рекол : Хранете ги нив со храната која вие ја јадете, облекувајте ги со таа облека која и вие ја облекувате и не ги мачете суштествата на Аллах“
Пратеникот а.с исто така рекол : “Вашите слуги се вашите браќа кои Аллах направил да бидат под ваше владеење. Затоа, кој и да има брат под негово владеење, нека го храни со тоа што самиот се храни, нека го облекува со тоа што самиот се облекува и нека не му побара работи надвор од неговите можности. А ако го направи тоа, тогаш нема му помогне“

Милост за животните

Неговата милост не ги прифаќа само луѓето туку и животните.
Мухамед а.с му забранил на своите другари да ги држат животните главни или жедни или пак да ги натоварат повеќе. Ебу Хурејра р.а пренесува дека Пратеникот Мухамед а.с рекол : Еден жеден патник видел бунар низ пат. Влегол внатре во него и кога излегол, видел истоштено куче од жед. Човекот сфатил дека кучето е жедно како и тој, така да влегол во бунарот повторно, го наполнил својот кожен чорап со вода и го изнел надвор држејќи го со своите заби. На овој начин тој му ја отстранил жедта на кучето. Аллах беше задоволен од овој гест и му ги опрости сите гревови. Прашаа неговите пријатели : О Божји Пратеник, дали има награда и поради дивите животни и животните за лов? Одговори Пратеникот : Има награда за добро однесување кон секакво животно“
Абдулах ибн Умер р.а пренесува дека Пратеникот Мухамед а.с рекол : Една жена ќе биде фрлена во оган ( пекол ) само што и забрани на една мачка да јаде и да пие а одби да ја остави слободна за таа ( мачката ) сама да се снајде јадејќи црви и инсекти“
Еднаш враќајќи се од битка, неколку асхаби ( пријатели на Пратеникот ) ги извадија малите од птицата од гнездо за да ги галат. Мајката на птиците се врати и кога не ги најде малите птички почна да лета наоколу пуштајќи страшни звуци. Кога дозна за ова Пратеникот а.с, се изнервира и нареди птичките да се вратат во гнездото.

Заклучок

Љубовта и милоста на Пратеникот Мухамед а.с за сите видови на суштества не беше како што денес го нарекуваат „ХУМАНИЗАМ“. Тој беше искрен и ја балансираше неговата љубов и милост. Беше милослив како ниту еден друг човек. Тој беше Пратеник на Аллах испратен за радоста на сите свесни суштества ( луѓето ) и џините ( зли духовите ). Тој не живееше за себе туку за другите, ТОЈ БЕШЕ МИЛОСТА НА СВЕТОВИТЕ.

Преведе : Рихан Исмаиловски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.