Исламот ќе го престигне христијанството како прва религија во светот

Исламот е единствената религија која расте побрзо од растот на светската популација и ќе има најголем број на следбеници до 2070.година –  е проценето од страна на студијата „Иднината на религиите во светот: проекции 2010 – 2050″, објавен од страна на американскиот Pew Research Centar.

Бројот на муслиманите во светот според оваа студија помеѓу 2010 и 2050 години ќе се зголеми за 73%, во споредба со зголемување од 35%, што ќе го има следната најбргу растечка религија, христијанството. За истиот период вкупниот број на жители на земјата ќе се зголеми за 37%.

Студијата покажува дека до 2050 година бројот на муслиманите и христијаните, за прв пат во историјата речиси ќе се изедначат, 2,8 милијарди муслимани во однос на 2,9 милијарди христијани. Ако овие стапки на раст продолжат и по 2050 години, во 2070 година муслиманите ќе го надминат бројот на христијаните, се вели во извештајот.

Интересно е тоа што студијата го неведува и бројот на муслиманите во САД, што досега беше невозможно да се утврди. Според најдобрите проценки на оваа агенција во 2015 година, во САД живееле 3,3 милиони муслимани од сите возрасти, односно 1% од населението, а до 2050 година во САД ќе живеат 2,1% , со што како религиозна група ќе ги надминат Евреите, кои сега се втори по бројност .

Како причина за растот на исламот на глобално ниво се наведуваат два главни фактори и двата се поврзани со демографијата: муслиманите имаат повеќе деца од припадниците на другите религии. Ширум светот секоја муслиманка раѓа во просек 3,1 деца, во споредба со 2,3, колку што е просекот на сите други групи комбинирано. Исто така, муслиманите се најмлади (просек 23 години во 2010 година) од сите верски групи. Како резултат на тоа, повеќето муслиманите веќе се или наскоро ќе го достигнат периодот од својот живот, кога ќе почнат да имаат деца. Ова, заедно со високите стапки на наталитет, најмногу  влијае на зголемувањето на бројот на муслиманите во светот.

Миграцијата, како важен фактор

Со растот кој е евидентен, во извештајот на Pew Research Centra  не се пропушта да се спомене и најголемиот проблем кој денес ги мачи муслиманите во светот. Тоа е миграцијата, комбинирана со влијанието на радикалните екстремистички групи кои прават акти на насилство во името на исламот.

Меѓутоа, она што денес е многу тешко да се утврди  се фактичките показатели на  состојбата во муслиманскиот свет согледани преку економски параметри. И тоа е најголемиот проблем на проекции кои се прават на Западот. Сепак, по 2011 година, и бранот на немири што го зафати централниот дел на муслиманскиот свет, денес во повеќе од половина клучните земји од муслиманскиот свет ситуација е нестабилна. Жестоки конфликти и понатаму горат во неговиот централен дел: Сирија, Ирак, Јемен, Либија, Сомалија, а нестабилни се и некои поголеми муслимански нации како Египет, Судан, Пакистан и Авганистан. Муслиманските земји денес се најмногу погодени од конфликти, а  муслиманите без сомнеж денес го прават најголемиот број на бегалци во светот.

Но, дали проекциите од  Pew Research Centra се згрижувачки и примарно за кого ќе видиме сега, кога ќе ги споредиме со податоците кои се достапни од 2007 година.

Точно е дека муслиманските земји  покрај релативно младата популација поседуваат и огромни природни ресурси и имаат потенцијал да се развијат во огромен трговски регионот, но и понатаму поради политичката ситуација заостануваат зад остатокот од светот.

Според годишниот извештај на Организацијата за исламска соработка (OIC) односно Статистичкиот економски и опшествен тренинг центар за исламските земји (SESTRIC) од 2007 година, со вкупен број на население, кое тогаш се приближувало на бројката од 1,5 милијарди, 57 земји членки на Организацијата за исламска соработка (OIC), оствариле само 6% од светскиот GDP, и 9% од вкупниот светскиот извоз. Врз основа на паритетот на куповната моќ,  вкупниот национален доход по жител во земјите на  OIC во 2006 година достигнал бројка од само 3.600 долари годишно, во споредба со 35,500 долари колку што таа изнесува во богатиот свет (или некој просек од 5.600 долари во остатокот од светот во развој).

Најбогати и најсиромашни

Вкупното производство (по GDP показателот) на 57 земји  на OIC во 2007 година достигнало 3.2 трилони долари во споредба со износот од 14 трилиони кој истата година го имале самите Соединетите Американски Држави. Целата муслиманска економија е помалку од  23% од економијата на САД. Производството во  муслиманскиот свет е помалку од 10% од производството на Запад, дефинирано во економска смисла како САД и Европската унија.

Доколку од оваа сметка се исклучат економиите на земјите на OIC кои извезуваат нафта, вкупниот GDP  на земјите без нафта на OIC би изнесувал бедни 1.9 трилиони долари во 2007 година – и тоа е помалку од 13 % од економијата на САД и помалку од 6% од вкупната економија на Западот.

Со исклучок на посебениот случај на земјите извознички на нафта, повеќето муслимански земји се во големи долгови кон надворешните кредитори. Светска банка рангира 33 од 57-те земји членки на OIC од умерено до многу задолжени. А меѓу нив спаѓаат и 15 муслимански земји, кои се групирани во категоријата „ Тешко задолжени сиромашни земји.“

Најбогатата муслиманска држава Обединетите Арапски Емирати има приход по лице 200 пати поголем од оној на најсиромашната муслиманска земја Сомалија. Или да речеме ќе ја споменеме Нигерија, која во 2007 година имаше околу 145 милиони жители.  GDP по глава на жител во оваа земја за таа година изнесувал под 1.000 долари.

Ако го земеме во предвид фактот дека според показателите од 2007 година, економските дејства на 57 земји членки на OIC, значи поголемиот дел од муслиманското население во светот, биле многу зависни од дејствијата на неколку нејзини членки извознички на нафта, и кризата која падот на цената на  овој енергенс ја предизвика, сегашните проекции би изгледале далеку послаби.

Затоа и глобалниот раст на исламот во овие околности, според моето скромно мислење, повеќе би требал да е загрижувачки за муслиманите, отколку за Западот. Затоа што глобалниот раст на исламот поради насоченото медиумско  нагласување  игра голема улога во креирањето на политиката, особено кај десничарските политички опции во Европа и Соединетите Американски Држави.

Колку и да е оваа слика на состојбата на растот на населението и економската нееднаквост загрижувачка, тие на некој начин носат и надеж дека со силата на историските промени ќе донесат подобра и поправична распределба на ресурсите и моќта. Дури тогаш ќе може да се зборува за оправдан, но конкурентен предизвик кои многу добро ќе дојде на глобално ниво како стимуланс за создавање поправеден и помирен свет.

Извор: Ал Џезира Балканс

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.