Љубов и страв кон Бог

Ја сакаме користа која ја постигнуваме од она што го сакаме и сласта која ја чувствуваме во близината на љубената личност. Но, кога љубениот ќе заболи од болест која го унакажала и од која отпаѓаат неговите екстремитети и исчезнува неговата убавина, завршува и исчезнува и оваа љубов. Може, дури да се претвори и во презир и во омраза. А, љубовта која ја чувствува верникот кон Возвишениот Бог е апсолутна и безгранична. Дури, и она што го љубиме во овој свет го љубиме во името на Создателот Кој тоа го создаде, ни го потчини и ни даде моќ да се користиме со тоа, или да се насладуваме со неговиот изглед или допир.

Човекот се плаши од многу созданија: се плаши од огнот, дивите ѕверови, смртоносниот отров, насилниците. Но, тој страв е ограничен. Тој се сведува на оддалечување од штетата која се крие во она што застрашува. И кога ќе се осигура од можна штета – стравот го напушта. А, стравот од Бога е апсолутен и неограничен. Љубовта кон Возвишениот Бог и стравот од Него спаѓаат во основите на исламското верување. Овие две својства се духот на обожувањето. Неопходно е да се напомена дека љубовта кон Возвишениот Бог не значи пишување на љубовни писма до Него, како што тоа го правел Ибнул Фарид, ниту таа да се нарекува „божествена љубов“, како што тоа му се припишува на Рабија ел-Адевија. Исто така, треба да се напомене дека стравот од Бога не значи стравување кое води во презир, ниту пак жалост која води во пореметување или неморалност. Љубовта кон Возвишениот Бог бива, и се реализира, со покорност, со давање на предност на Неговото задоволство над страстите на душата и заведувањата на демоните, како и следењето на Неговиот пратеник, нека е Божјиот мир над него: Kажи: „Ако Аллах го сакате, мене следете ме!“ (Али Имран, 31). Значи, следењето е мерило на љубовта. А стравот од Него се постигнува со оддалечување од она што го забранил и со давање на предност на сласта на добрите дела и наградата на идниот свет над сласта на гревот на овој свет. Покорноста кон Бога не е како покорноста на Неговите созданија. Ние им се покоруваме на некои луѓе, потчинувајќи се на Божјата заповед, како што е покорноста кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, или одѕивајќи им се на законите на природата, или страв од опасноста. Народот му се покорува на владетелот, детето го слуша таткото, жената го слуша мажот, човекот го слуша оној кој му направил добрина во она што не му штети. Некој од нас, понекогаш, бива принуден на покорност, па се покорува плашејќи се од непријатност и вознемирување. Сите овие покорувања и потчинувања, освен покорувањето кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, затоа што тоа претставува покорување кон Возвишениот Бог, се ограничени. Затоа што, апсолутната покорност Му припаѓа на Возвишениот Господар, Аллах. Покорност во сè, во она што нам ни се допаѓа и во она што нам не ни се допаѓа, во она чија мудрост и целисходност ја разбираме и во она што не го разбираме. Оваа покорност е плод на љубовта кон Бога и таа е нејзин доказ.

Али Тантави

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.