Одговор на прашањата поставени од ѓакон Јуриј Максимов од Руската православна црква на текстот насловен: „Зошто христијаните не го сметаат Мухаммед за пророк“

 

Исус кажал: „барај ја вистината и таа ќе те ослободи. “

Пред да започнеме со објаснувањето на прашањата и небулозите кои се наведени во текстот „Зошто христијаните не го сметаат Мухаммед за пророк“ќе укажеме дека докази за Пратаништвото за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, се многубројни и како одраз на тоа голем број на христијани и на ден денешен прифаќаат ислам, меѓу нив има голем број на свештеници и учени лица кои добро го познаваат христијанското учење и воедно темелно го испитувале исламот.

Писателот на текстот започнува со едно интересно прашање каде вели „ние христијаните го признаваме Мухамед за човек, како и муслиманите, а пак муслиманите не Го признаваат Исуса Христа за Бог, како што Го признаваме ние. Затоа, ако ние го признаваме нивниот човек – за човек, а тие не Го признаваат нашиот Бог – за Бог, кому повеќе му доликува за укажува на неправда?

Одговор: Прво за да се признае некоја догма треба да се знае дали таа догма е дефакто изречена од оној кој ја поставил основата на учењето кое се следи. Познато е дека христијанството нема единствено разбирање за Исус како божество или бог бидејќи е поделено на многубројни учења за Исус и ниедно од тие учења неможе а приори да повикува на изворното учење бидејќи многу од старо-христијанските учења ни се потполно недостапни и исчезнати. Напротив евангелијата на многу места негираат дека Исус е Бог, дури и Исус на едно место вели: И гледај, некој пристапи и му кажа: „Учителу добар! Какво добро да правам да би имал живот вечен?“ Тој му одговори: Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. Но ако навистина сакаш да влезеш во вистинскиот живот, држи се до заповестите,“(Евангелие по Матеј, 19:16-17) А самото признавање на Мухаммед а.с. за човек е голема глупост. Нормално дека бил човек. Потребно е да го прифатите за Пратеник за да се спасите и да го прифатите објаснувањето на Бог за Исус и целосната вистина за него за која се спорат до ден денешен христијанските секти. Но писателот на текстот наведува небулози дека Мухаммед а.с. се потврдува и наведува себеси, исклучувајќи ги Исусовите зборови кои се контрадикција и на самите себе а и на неговата мисија:  Според Евангелието на Јован, што рекол Исус за неговото сведочење за себе?

а) „Ако јас сведочам сам за себе, моето сведоштво нема да биде вистинско.“ (Јован 5:31)

б) „Иако сведочам сам за себе, моето сведоштво е вистинско.“(Јован 8:14)

Само овој стих од Евангелиото е доволен за да ние муслиманите не сме должни да го прифатиме Исус како Бог, туку и ова укажува дека постојат и поинакви мислења на оваа тема. Тоа што е битно да се нагласи е дека за разлика од Евреите и останатите народи и верувања кои постојат на Земјата само муслиманите го прифаќаат Исус како еден од најизбраните Пратеници, кој имал особени моќи по кои се препознавал и тоа е предност на муслиманите во однос на христијанството над сите останати луѓе кои не го признаваат Исус воопшто ниту како човек, ниту како Пратеник ниту во историски контекст. Муслиманите во своите заложби да ја реафирмираат вистината за Исус укажале на неговата големина и неговото повторно доаѓање и не ја сокриле вистината за тоа иако можело погрешно да се протолкува од страна на христијаните. Во Јудаизмот се смета дека сфаќањето на Даниел (записот „Христос“ во текстот на книгата на Даниел, кој живеел 5 века пред новата ера) е лажно. „Христос“ за нив се преведува како „машијах“, односно„месија“, па поради тоа не е лично име на Исус и може да се употребува за сите еврејски цареви, вклучувајќи го и очекиваниот еврејски месија. (Што секако немора да значи)

И точно, во Матеј 11-13 се наведува дека пророците и тие кои се пророкуваат други пратеници се до Јован, но кога зборуваме за Мухаммед треба да знаеме дека тој не е никаков пророк туку Пратеник кој е испратен со Вистината и со Книга.

Од друга страна може ли некој со сигурност да каже кој е најавениот Илија за кој се говори? Дали Јован Крстителот бил најавениот месија:

а) Да. „И Неговите ученици Го прашаа, говорејќи: ’Зошто тогаш книжниците велат, дека Илија најнапред мора да дојде?’ А Тој им одговори и рече: ’Навистина Илија иде и ќе обнови сè. Но, ви велам, дека Илија веќе дојде, и не го познаа, туку му направија како што сакаа. Така и Синот Човечки ќе пострада од нив.’ Тогаш учениците разбраа дека им зборуваше за Јована Крстител.“  (Матеј 17:10-13)

б) Не. „А ова е Јовановото сведоштво, кога Јудејците од Ерусалим му испратија свештеници и левити, за да го прашаат: ’Кој си ти?’ И призна и не одрече, та исповеда: ’Јас не сум Христос.’ И го прашаа: ’Тогаш што! Илија ли си?’ ’Не сум’ – одговори. ’Да не си пророк?’ ’Не’ – одговори.“ (Јован 1:19-21)

Јован му кажал на Исус:

„Јас треба од тебе да сум крстен, а ти на мене ми доаѓаш!?“ На тоа Исус му одговара:

„Пушти не правичноста да ја исполниме.“(Евангелие според Матеј; 3:14-15)

Потоа го „баптисал“. Во четвртото евангелие не се ни спомнува дека Исус бил потопен, туку дека Јован кога го здогледал Исус кажал:

„Еве го Јагнето Божјо.“ (Јован, 1:29) Во самите евангелија постојат многу контрадикторности околу односот помеѓу личностите на Исус и Јован, така, во приказната во Евангелието по Лука, Исус веќе го познавал Симон Петар кој го поставил за свој ученик, но и околностите во кои, Јаков и Јован, синовите Заведееви, станале негови ученици се чудни во однос на другите евангелија. Во четвртото евангелие читаме дека Јован не знаел кој е Исус се додека Духот во лик на гулаб не се спуштил и не застанал врз него.(Јован 1:34.)

Но, дали Јован Крстител го препознал Исуса по неговото крштевање?

а) Да. „Јован сведочеше уште: ’Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана на Него. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштевам во вода ми рече: – Врз кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.“  (Јован 1:32-33)

б) Не. „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: ’Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?’“  (Матеј 3:13-14) Многу е важен фактот што четвртото евангелие го гледа Јован, како некој кој не е ниту Месија, ниту Илија, а ниту пратеник. Затоа си земаме за право да ги прашаме свештениците на христијанската црква: „На кого тоа мислеле израелските свештеници под поимот пратеник? „Ако не си ни Христос, ниту Илија, ниту Пророкот, зошто тогаш крстиш-баптисуваш?“ (Евангелие според Јован, 1:19-25)

Ако кажат дека не знаат тогаш да ни кажат папите и патријарсите. Ако тогаш и тие незнаат, тогаш нека ни одговорат од каде вакви противречности во Евангелијата? Но, ако знаат кој е Пратеникот што е наведен, тогаш зошто молчат? Ова не е една и единствена контрадикција во поглед на наметнатите тези од евангелијата.

Понатаму вели: Семоќниот Господ посакал да се јави во тело и да поживее со луѓето (Вар. 3, 38). Тој испраќал пророци за да го подготват човештвото за Неговото доаѓање.

Ова е целосна лага и измислица. Никаде евреите не очекувале ниту пророците навестувале дека Бог ќе дојде на земјата и ќе се појави во тело на човек. Всушност секаде во стариот завет може да се види навестување за доаѓање на месија, на оној што ќе ги спаси луѓето од неверство и ќе ги поведе на правиот пат. Во евангелијата на крајот на разговорот меѓу Исус и ѓаволот, ѓаволот бара од Исус да му падне и да му се поклони, на што Исус му одговара: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!“- Ако Исус навистина беше Бог тогаш тој би рекол: „Не сатано! Ти си тој кој мора да ми се поклони и да ми служи Мене, твојот Бог!” Но, наместо тоа, рекол како што е горе наведено, да му се поклонува и да му служи „само“ на Бога.Доказ за ова е видувањето на Петар: Но Тој ги праша: „А вие, за кого Ме сметате? “Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос (Месијата)“. (Евангелие според Марко, 8:29)  Месих-Христос е човек, но не и Бог. Тој е оној кој е именуван од Бог. На пример, постои Месих – свештеник, Месих-пророк, Месих-крал. „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. “ (Евангелие според Марко, 13:32)

Претходните тези и идеи уште повеќе ги разделиле Евреите од некои христијани, кои Бог не Го замислувале како нешто што „око не го видело, ниту уво го чуло“. Евреите го замислувале Бог како нешто совршено и како Семоќно битие на кое не му прилега да зема облик. Меѓутоа, самите писма од евангелијата нагласуваат дека Бог не може да биде виден ниту слушнат. „Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови.“ Амин! (Прво послание до Тимотеј, 6:16)

Дoдeкa илјaдници луѓe гo видeлe Исус и гo чулe нeгoвиoт глaс, сaмиoт Исус рекол дeкa истoтo нe мoжe дa биде и со Бoгa, бидејќи: „Бога никој никогаш не Го видел“(Евангелие според Јован 1:18) „А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе.“(Евангелие според Јован; 5:37), како тогаш може да тврдите дека Исус е Бог? Или Богочовек или Божји син. Славен нека е Семоќниот Бог ние ништо не му сметаме рамно.

Токму затоа, во Новиот Завет не се споменуваат идни нови пророци кои би биле испратени од Бога со особена мисија, но затоа постојат предупредувања за тоа дека ќе се појават многу лажни пророци и ќе прелажат мнозина  (Мт. 24, 11). И уште, самиот Господ предупредувал дека многумина од оние кои се нарекуваат себеси пророци, всушност се вакви: Пророците пророкуваат лага во Мое име, Јас не сум ги пратил и не сум им дал заповеди, ниту сум им зборувал; тие ви проповедуваат лажни виденија и баења, суета и измислици од своето срце (Јер. 14, 14).

Токму така, после Исус се појавија многу лажни пророци. Но, не беше јасно кои беа лажните пророци како што Хегесипус обвинуваше: „Црквата продолжи до тогаш како чиста и не-корумпирана девица, додека не се појави некој кој се обиде да го изопачи здравото учење на зачуваното Евангелие, тие беа сè уште повлечени во темнини, но кога „светиот ред“ на апостолите изумрел, а генерацијата на оние кои беа привилегирани да ја слушнат нивната инспирирана мудрост починаа, грди луѓе по грешка на нечестивиот произлегоа од измамата и заблудите на лажните учители. Тие, поради тоа што не остана ниту еден од апостолите, се обидоа без срам, да ги проповедаат нивните лажни доктрини против евангелието на вистината“. (Eusebius, III. XXXII. 3-6). Некои групи помеѓу евионитите почнале да се прашуваат за божественоста на Исус и валидноста на учењата на Павле; некои од нив станале Гностици. Назарените станале познати како „умерени евионити“. Кога завесата се подигна, „црковните отци“ веќе беа на местото на настанот, велејќи дека се појавиле како победници над „еретиците“ и дека имаат воспоставено „православие“. Се разбира, нивното православие наводно го осудуваше гностицизмот и незнабошците, додека од друга страна постепено прифати многу од идеи и обичаите на незнабошците. Обичаите, обредите, храмовите и идолите на незнабошците не беа проблем за „Големата црква“, тие само им дадоа христијански имиња. Но, за една работа, сепак, „Големата црква“ беше догматска – не требаше да постои „еврејството“ ниту „Мојсеевиот закон“, нешто многу чудно како став за црква базирана на Стариот Завет, која потекнува од Исус, и која се поклонуваше на Евреин. Во некој чуден сплет на вистината јудео-христијанските секти ќе бидат обвинети за „одвратноста на грешката на нечестивиот“, како што вели Хегесипус.

Се чини дека назарените за разлика од некои подоцнежни расколнички и еретички движења имале вистински членови во Ерусалимската црква, предводени од наследниците на Јаков и на семејството на Исус. Тие, соочени со големо прогонство, ги сочувале верувањата и обичаите пренесени на нив од страна на апостолите. Нивното теолошко сфаќање на Исус и Јаков Праведниот било дека Исус не дошол да го отфрли Законот на Мојсеј, туку да го прочисти и да го внесе како начин на живот. Тие предупредуваа за лажните лидери кои тврделе дека имааат апостолска власт во заменувањето на Мојсеевиот закон со лажни човечки обичаи и доктрини. Тие ги обвинуваа „црковните отци“ за нивната александриска алегорија, платоновскиот дуализам и нивната антипатијата кон Мојсеевиот Закон. Од „Големата црква“ биле етикетирани како еретици и се барало нивно уништување. Иако биле прогонувани однадвор и со многу проблеми одвнатре, тие се држеле за нивната вера сè до смртта. На крај, пребегнати, или принудени на тајно постоење тие речиси исчезнале, но, како поединци или како мали групи, се криеле меѓу другите  „еретици“, секогаш припиени до својата вера во следење на Исус и нивното почитување на законот Мојсеев. Навистина иронично што верата и семејството на Исус биле отфрлени како еретичко, додека мешавината од Новиот Завет, паганизмот, платонизмот и алегоријата, го замениле сето тоа и станале познати како „ортодоксно христијанство.“ (Дан Роџерс, пастор, автор на Евионити и Назарени, 1970.)

Прашање: Како второ, христијаните не го признаваат Мухамед за пророк, бидејќи тој учи директно спротивно на Христа.

Христос рекол: Секој што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој што се жени со напуштена, прави прељуба  (Лк. 16, 18); и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува  (Мк. 10, 12).

Одговор: Според Евангелие според Матеј 5:17-19 Исус вели дека неможе да се промени ниту една јота од Законот. Но сепак таа јота била променета не од Исус туку од неговите следбеници. Особено од Павле. Значи бил променет пристапот кон молитвата и постот, биле променети некои закони за кои не сме со сигурност известени, но не и законите на вишеженство, на прељуба, ниту се променети законите во поглед на камата, во поглед на забранети јадења и слично, старозаветните посултати опстанале. Јасно е дека денешното христијанство е далеку од тој палестински Евреин кој се држел до еврејските обичаи, кој проповедал на старохебрејски и староарамејски јазик, и го толкувал еврејскиот Законик, иако често тоа толкување го ставало во неприлики, па дури и до протерување од едно во друго место, а на крај до обид за негово убиство и распнување.

„ А свињата, иако има раздвоен папок, не преживува: нека е за вас нечиста! Нејзиното месо немојте да го јадете ниту се приближувајте до нејзиниот леш. (Стариот Завет, Повторени Закони, 14. 8 )

„А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша. “(Второзаконие, 5-та книга Мојсиева, Глава 14/ 8)

„..живеат по гробовите и ноќе, на скришни места, јадат свинско, ставаат во садовите нечисти јадења.“ (КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 65/4)

„..Не јади свинско, зато што е нечисто. Не го јади оваа животно и не го допирај неговото мртво тело, затоа што е нечисто (Трета книга Мојсиева 11, 7.8.)

Според ова сите забрани во Тевратот(Тората)  станале дозволени со правното решение на апостол Павле. Според ова во неговиот закон не постојат забранети работи, сем за оние кои се нечисти. Па така чистите работи за нечистите се нечисти, а нечистите работи за чистите се чисти. Ова е многу чудно мислење доколку е точно.

Во Посланието до Римјаните (14:14) се вели:

“Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто – нему му е нечисто.”

А во посланието до Тит (1:15) се вели:

“За чистите сé е чисто; за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот у совеста.”

Од предходните два текста се подразбира дека Муса(Мојсие) а.с. и сите останати израелски веровесници се до Иса(Исус) а.с. и неговите следбеници, не биле чисти па затоа им се забранувало сé . И така Исус не бил во можност да го укине законот на Мојсие а.с., но бидејки следбениците на Павле се чисти, сите забранети работи и сите забранети јадења на нив им станале дозволени. Така Павле успеал во потполност да го укине законот на Мојсие а.с. Вложил голем труд да докаже дека сите прописи на Тевратот се дерогирани и дека се станало дозволено. Во прво послание до Тимотеј (4:1-7) Павле напишал:

“(1) А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, (2) преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, (3) кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните,кои ја познаа вистината.(4)Зашто секое Божјо создание е добро и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност, (5) зашто се осветува преку Божјото слово и молитва. (6) Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.(7) А избегнувај од нечисти и бебешки приказни!” Според други ваквиот пристап кон она што Павле го кажал може да биде и неосновано. Не постои Библиска основа дека 14-тата глава од Посланието до Римјаните го негира Божјиот Закон во однос на делот за поделбата на чиста и нечиста храна. Самиот текст во 14-та глава Јасно зборува дека се работи за месо кое било жртвувано на идолите, и воопшто не бил предмет на дискусија Божјиот Закон.

Бидејќи Павле им пишувал на Римјаните од градот Коринт каде оваа тема била во центарот на вниманието, Павле инспириран од моменталната состојба во Коринт и поткрепен со Библиските текстови на истата тема, ги напишал своите коментари до Римјаните во 14 глава.

Повеќе Библиски извори тврдат дека Павле го напишал Посланието до Коринтјаните околу 55 год.н.е., а неговото Послание до Римјаните го пишувал од Коринт во 56 или 57 год. н.е.

Расправијата која се случила во Коринт (Прва Коринтјани 8 – 10 глава) се однесувала на оние меса кои биле жртвувани на идолите.

Римјани 14:2 дава впечаток дека постои контрадикторност помеѓу “оние кои јадат само зеленчук” од “оние кои веруваат дека им е дозволено да јадат се”(и месо и зеленчук). Во Римј.14:21 станува јасно дека главната тема во целата глава се однесува на месото кое било жртвувано на идолите:

“Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.”

Римјаните во своите пагански храмови жртвувале на своите идоли месо и вино кое во дел било спалувано на жртвениците, а останатиот дел бил продаван на пазарите. Поради тоа, постоела опасност Христијаните во незнаење да купат такво месо од пазарите или да јадат такво месо во домот на некој пријател.

Тоа не значи дека во секој детаљ верата на Адам и Ное и верата на Исус и Мухаммед била во секој аспект иста, туку таа била надградувана во текот на времето, а со исламот е удрен печат и крај на Објавите. Но, за да се разбере тоа, треба да се разбере развојот на заветот во исламот кој не е ист како оној на денешното христијанство, каде догмата вели дека луѓето за да го разберат Бог требало да поминат од фаза на Едноштво во фаза на Троичниот Бог или „Бог во три лица“. Едноштвото е темел на исламската доктрина и тој е јасно видлив во основата на јудаизмот и христијанството, и со тоа тие даваат иста универзална порака за разбирањето на Бог во сите временски периоди, а тоа е обожување на Единиот Бог без посредници, следењето на Неговиот закон и негирањето на лажните божества и идеологии.

Прашање: Новиот Завет: Не одмаздувајте се возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е напишано: Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ (Рим. 12, 19). Куран: “ О, верници, вам ви се пропишува одмазда за убиените“ (2:178).

Одговор: Многу од ајетите на Куранот повикуваат на простување на сомилост: Ние во него(Тората) им пропишавме: глава за глава, и око за око, и нос за нос, и уво за уво, и заб за заб, а и раните треба да се возвратат. А тој што ќе се откаже од одмаздата, тоа ќе му биде искупување од гревовите. Тие што не судат според тоа што Аллах го објавил се вистински насилници!(Ел Маида, 45) А кој ќе се стрпи и ќе прости – тоа навистина спаѓа во вистинските постапки.(Еш Шура, 43) и многу други. Одмаздата не ја изведува поединец туку држава и тоа е детално објаснето од страна на исламските правници. “Во одмаздата ви е – опстанокот…” имаме лесен стил со многубројни значенија. Во него има голема литературна вредност, а истовремено содржи спротивност (симетрија) помеѓу две спротивни значења: „одмазда и опстанок”, како и невообичаеност во прикажувањето на убиството (одмаздата) кое причинува минливост на животот со негова заштита. Овие зборови, во обид на укинување на убивањето, се поделотворни од сите поранешни познати изјави на Арапите, бидејќи тоа значение го изразувале на следниот начин: „Одмаздата кон групата значи опстанок за сите”, “намножете ја одмаздата за да исчезне убивањето”,„убивањето е негација на убивањето”. Овој последниот нивен говор е доста содржаен и убав. Меѓутоа, кур’анските зборови: “Во одмаздата ви е опстанокот…” се стилски по впечатливи од него во следното: 1.Зборовите на Возвишениот:”Во одмаздата ви е опстанокот …” се по концизни од било кој нивен говор.

2.Нивните зборови: “убивањето е негација на убивањето”, побарува, да постоењето на нешто биде причина за неговото исчезнување, што не е во случајот со Кур’анот, бидејќи според него само еден вид (кисас) убивање е причина за нивен опстанок.

3.Во нивните зборови: “убивањето е негација на убивањето”, постои повторување на зборот “убивање”, што не е и случај со Чесниот Кур’ан.

4.Нивните зборови само го спречуваат убивањето, додека зборовите на Куранот покрај спречувањето на убивањето во себе содржат и нагација на убивањето. Зборот “кисас” ги обединува двете значења.

5.Нивните зборови укажуваат на бараното, т.е. на „животот” кој е само последица на нешто, односно негацијата на животот ја прави потребна во основ, а животот само негова последица. Чесниот Кур’ан става акцент на она што е во основа барано, односно, неубивањето е последица од која произлегува опстанокот во живот, што сепак, во основа тоа и се бара.

6.И неправедното убивање е убивање, иако тоа не е негација на убивањето и не изискува да биде убиен само убиецот, за разлика од Чесниот Куран кој недозволува неправедно убивање и го укинува убивањето со барање да се убие со кисас само убиецот. Нивниот говор, според тоа, е испразнет, а говорот на Чесниот Куран е во секој поглед исправен.

Од друга страна Старозаветните закони не беа укинати од Исус и не се контраст на тоа што постои. Исус не ги укинал законите кои важеле во Стариот Завет и тоа укажува на важноста на тие закони.„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.“ (Евангелие според Матеј 5:17-19) Се верува дека Библијата дава апсолутна верска слобода за сите. Повеќето христијани во САД и на Запад сметаат дека слободата на изборот и слободата на говорот оригинално доаѓа од Библијата. Да видиме колку навистина е точен овој мит.

Во Стариот Завет :

Ајде да погледнеме прво во Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 13:6-9

„Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци, на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го, но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.

Исто така ајде да погледнеме во Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 17:3-5 „па отиде да им служи на други богови и им се поклони ним, на сонцето, на месечината, или на што и да е од небеското воинство, а што сум го забранил јас,и ти се јави тебе за тоа и ти го чу тоа, тогаш испитај внимателно; и ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во Израел, тогаш тој човек, или таа жена, кои направија такво зло, изведи ги пред градската врата па каменувај ги за да загинат.“

 На крај го издвојуваме следново поглавје од Стариот Завет: Втора Книга Летописи 15:13

 „А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена.“

Да видиме што рекол Исус во Новиот Завет :

Евангелие според Матеј :

Матеј 15:1-9: „Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: „Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.”А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”

Постојат неколку поенти кои треба да се прегледаат тука:

1 – Во стихот 3 се гледа дека Исус ги укоричува фарисеите за кршење на наредбите на Семоќниот Бог.

2 – Во стихот 4, тој ја користи казната на проколнување на родителите како пример. Овој контекст, сепак, не е ограничен на само овој пример!

3 – Во стиховите 7, 8 и 9, тој користи еден цитат од книгата на Исаија од Стариот Завет, за понатаму да докаже дека тие не ги следат наредбите на Семоќниот Бог.

4 – Јасно беше дека Исус имал проблем со нив, не следејќи ги казните за смрт за проколнување родители или било која казна на смрт која е наредена во Стариот Завет за ова прашање! Всушност, самиот Исус рече:

Матеј 23:1-3 Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, затоа сè што ќе ви речат – правете и пазете – но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат!

Прашање:

Како трето, тврдејќи дека е пророк, Мухамед не навел никакви објективни докази за својата избраност за тоа дело.

Одговор:

Ова е лага. Најголемото чудо и потврда дека Мухаммед а.с. е Пратеник е самиот тој и Куранот кој му е спуштен и објавен. Помеѓу писменоста и литературата која дошла и го воздигнала целиот арапски и исламски свет и процват на една цивилизација која потројала скоро илјада години, покрај енормното незапарливо ширењето на исламот, победата врз најголемите империи Византија и Персија, развојот на хигиената и медицината, Куранот кој останал впишан во срцата на луѓето како што бил објавен од првиот ден, така и се намалила класната, расната и секаква разлика помеѓу луѓето, подигање на степенот на жената, намалувањето на ропскиот однос, развојот на куповните односи, и многу други цивилизациски придобивки, меѓу кои е и научната мисла. Сето тоа што било анатема за Црквата, забрането и табу, во исламот нашло простор и свое место, а се е тоа заслуга на човекот кој започнал неповратен процес и совршена вера на духовен, телесен и психички развој. Сепак, покрај ова имало и голем број други чуда и едно од најголемите чуда и докази за Пратеништвото на Мухаммед алејхи селам  е расцепувањето на Месечината. „Се ближи Часот и Месечината се раздели!“ (Ел Камер, 54:1 )

Што ни кажува дадениот ајет?

Со консензус на муслиманските учењаци е прифатено дека Месечината се расцепила и нивното мислење е поткрепено со хадис.

Настанот кој говори во првото толкување е нешто што се случило на Мина во близина на Мекка, и на местото каде што седел Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, имало и неколку неверници. Имам Бухарија забележал хадис кој го пренесува Енес ибн Малик кој вели: Жителите од Мека бараа од Пратеникот алејхи селам да им покаже некакво чудо па тој им ја покажал Месечината која се рацепила на две половини така да јасно можеше да се види просторот помеѓу нив.“(Бухарија)

Истото го бележи и Ибн Абас и Абдуллах ибн Месуд кому Пратеникот алејхи селам му кажал: „Биди сведок на ова.“ Тие од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, барале некаков знак. Тој кажал:„погледнете во небото!“ Одеднаш Месечината се раздвои, едниот дел отишол кон истокот, а другиот кон запад, и брдото останало помеѓу. Кога ова чудо сите добро го виделе, двете половини се споиле. Неверниците почнале да кажуваат дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, им направил магија, но самото чудо не го негирале, бидејќи го виделе тоа.

Чудото на раздвојување забележано е со бројни хадиси. Според Меудуди, традиционалните коментатори на Куранот и воопшто сите се сложуваат дека овој настан се случил 5 години пред Пратениковата, саллаллаху алејхи ве селем, хиџра во Мекка. Месечината се раздвоила на два дела. Потоа двете половини повторно се споиле.

Иако расцепувањето на Месечината не е забележано во познатите историски книги, во една книга наоѓаме на трага. Приказната за примањето на исламот на махараџата од Малибар. Приказната кажува дека махараџата лежел на својот кревет на највисокиот спрат од својата палата, кога ја забележал сцената на расцепувањето. Подоцна дознал дека тоа било чудото на Пратеникот од Арабија за својот народ и  го прифатил исламот.( Се работи за Чакравати Фармас (Chakrawati Farmas) и неговото сведоштво за прифаќање на исламот е запишано во еден стар спис кој се чува во Лондон, Индиска библиотека (India Office Library, London, reference number: Arabic, 2807, 152-173.)  Воедно ја преставува првата индиска заедница која го прифатила исламот и обезбедила слободен проток на трговските врски помеѓу Исламскиот свет и Кина.)

Нема сомнеж дека ова чудо се случило и дека сите преданија се однесуваат на настан кој вистински се случил за времето на Пратеникот алејхи селам.

Потоа, книга на пророкот Авакум (Хабакук), 3:3 [„Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.“] зборува за Бога, Божјата помош, која доаѓа од Теман (Te’man– оаза северно од Медина, според Речникот на Библијата на Ј. Hasting) и „светиот“, кој доаѓа од Фаран. „Светиот“ е оној кој под прогон мигрирал од Фаран (Мека) за да биде примен со ентузијазам во Медина, а тоа не е никој друг, туку пратеникот Мухаммед. Случката на мигрирањето на Пратеникот и неговите прогонувани следбеници е сликовито опишана во Исаија, 21:13-17.[ „Пророштво за Арабија. – Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански. Жители на Темајската земја, носете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците; зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната.” Оти вака ми рече Господ: Уште една година, *еднаква на наемничката година, – и сета слава на Кидар ќе исчезне, кај храбрите синови на Кидар ќе останат не многу лакови,” така вели Господ, Бог Израилев.“] Овој дел претскажува и за битката на Бедр, во која чудесно се поразени од неколку слабо вооружени верници, “моќните” мажи на Кидар, кои сакаа да го уништат вистинското верување и да ги заплашат своите луѓе кои преминале во вистинската вера во тоа време. Интересно е што Евреите кои се населиле во Медина барале оаза, односно место со палми, каде очекувале да се појави Пратеник од нивното племе. Откако виделе дека се појавил Пратеник од арапите, а не од нив, тие го одбиле поради нивната завист.[ Слично нешто се случило и со одбивањето на Исус, кој се појавил од Јудеа, односно и тој не бил од племето од кое тие се надевале да биде.]

Печатот на пратеништвото кој е спомнат во претходните објави, а кој последниот пратеник ќе го има на својот грб меѓу плешките, се спомнува во многу преданија и е опишан до детали.

Тоа е белег со големина на јајце од потполошка или гулаб опкружен со влакненца, истакнат за да може да се осети под облеката, како што тоа  го пренесува Ебу Зејд ел-Енсари, р.а., кој рекол: „Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, во една прилика ми рече: ,Ебу Зејд, приближи се и стави ја раката на мојот грб.’ Кога ја ставив раката на грбот, го почуствував под прстите пратениковиот печат, кој изгледаше како неколку собрани влакненца.“

Во врска со пратениковиот печат, Ебу Бурејде, р.а., пренесува многу интересна случка: „Кога Селман ел-Фариси дојде кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, непосредно по хиџрата и донесе свежи урми и ги стави пред него, саллаллаху алејхи ве селлем, тој го праша: ,Селман, што е ова?’ ,Садака за тебе и твоите другари’, одговори Селман. ,Земи го тоа, бидејќи ние не јадеме садака’ рече Пратеникот. Следниот ден Селман повторно донесе свежи урми и ги стави пред Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. „Што е ова, Селман?’ праша Пратеникот, с.а.в.с.  ,Подарок за тебе’ одговори Селман. ,Јадете’, им рече Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем на своите другари. (Селман ги познавал поранешните објави и во нив нашол опис на последниот пратеник, односно знаел три знаци: не јаде садака, а јаде подарок и печатот на пратеништвото, па ги нашол двата, а третиот го барал и исчекувал да го види.)

Кратко после ова Селман го откри и третиот доказ, го видел печатот на пратеништвото па прими ислам и стана муслиман. Селман бил роб кај еден евреин во Медина и работел кај палмите, па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го откупи од ропство поради примањето ислам и тоа за 200 палмини садници кои ги собрале енсариите.

Но сопственикот поставил тежок услов: „Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, со своја рака ќе ги засади садниците, а Селман треба да работи кај палмите се додека тие палмини садници не дадат свој плод, па откако сите палми ќе родат, тогаш Селман ќе биде слободен.“

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, лично ги засадил садниците, но една садница засадил Омер, р.а., сакајќи да помогне. Возвишениот Аллах дал  сите тие садници веднаш до годината да родат, освен една, иако најкраток можен период за најдобар вид на палма е 3 години. Пратеникот, саллаллахуалејхи ве селлем, дошол и видел дека една палма не родила, па прашал:  „Што е со оваа палма?“, на тоа Омер, р.а., одговорил: „Јас ја засадив, о Аллахов Пратенику.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, пристапил, ја извадил и повторно ја засадил па и таа до годината дала плод и Селман станал слободен.

Оваа случка се вбројува во муџизи (надприродни дела) на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем.

Прашање: Еве како изгледа муслиманската аргументација од страна: Мухамед се смета за пророк затоа што го добил „светото писмо“ – Куранот, а Куранот се смета за свето писмо затоа што така го нарекол „пророкот“ Мухамед. Ова е типична логичка грешка: не може да биде доказ, она што и самото треба да биде докажано.

Одговор: Составот на Куранот е чудесен. Почетоците на неговото кажување, неговите пресеци и завршни зборови се проткаени во необичен стил, а сем тоа содржи и прецизни објаснувања, суштинско сознание, убавина на изразот, финеси на алудирањето, течна конструкција и исправност на редењето, со што се збунети умовите и на нај речливите Арапи. Во таа карактеристика се крие голема мудрост, бидејќи на необјективниот бунтовник не му се остава простор за сомневање дека Кур’анот е украден (препишан), впрочем овој говор се разликува од нивниот говор и го надминува, иако писателот, набљудувачот или прозистот вложува голем труд во спомнатите места, поради кои стекнува пофалби и критики. И на секој истакнат писател во грешка му се вбројува ако на убав начин не го искажал фрагментот или ако тој фрагмент го украл од некој друг.

Арапските првенци, и покрај совршеното познавање на тајните на ораторството и непријателскиот однос кон Исламот, за стилот на Куранот и неговиот состав не нашле никаков недостаток ниту пак успеале да ја намалат неговата литературна вредност. Напротив, тие признале дека тоа не се зборови на обичен говорник ниту песни на писател, па затоа, зачудени од неговата литературна вредност и убавина на изразувањето, првпат го опишале како волшебност, а вторпат како измисленост на старите народи.

Возвишениот Аллах ни ги открива нивните зборови во сура Фуссилет, 26:

“Не слушајте го овој Кур’ан, туку правете врева за да го надвикате!” А вака постапува само оној кој останал без текст и кој е воодушевен. Со оваа зачудувачка карактеристика се потврдува дека Кур’анот е чудо (му’џиза) во областа на литературата, јазичното изразување и убавината на стилот. Арапските писатели и оратори биле многубројни и познати по големиот патриотизам, џахилетскиот(незнабошкиот) фанатизам, жртвеността во натпреварите, фалбаџиството и штитењето на племенските корени. Па како да се разбере нивното откажување, од едноставните работи, донесување текст кој не е подолг од најкусата кур’анска сура, а одбирање на потешкото, борби и жртвување на имотите и животот, додека Пратеникот (с.а.в.с.) ги кори и им упатува предизвик како што е оној во сура Ел-Бекара, 23-24:

“А ако се сомневате во она што му објавуваме на својот роб, направете вие една сура слична нему објавена, а повикајте ги и вашите божества, освен Аллах, ако вистината ја кажувате. Па ако не направите, а нема да направите, тогаш припазете се од огнот за неверниците подготвен…”

Сличен повик се повторува и во сура Јунус, 38:

“..Речи: ‘Па, дајте вие една сура како што е објавена нему, и кого сакате, од оние во кои освен во Аллах верувате, во испомош повикајте, ако вистината ја кажувате’.”

Повторно слично барање и во сура Ел-исра, 88:

“Речи: ‘Кога сите џинови и луѓе би се здружиле да направат еден ваков Кур’ан, тие, како што е тој, не би направиле, иако едните на другите би им помагале’.”

Да верувале Арапите дека Мухаммед алејхи селам во пишувањето на Чесниот Куран барал помош од други, тоа, спротивставувајќи му се, можеле да го направат и тие, бидејќи му биле слични во познавањето на јазикот и можностите на барање помош од други лица. Бидејќи тоа не го сториле, туку се одлучиле на војна и вооружена борба против него, наместо борба со јазик, тоа е доказ на нивното признавање на литературната вредност на Куранот и нивната неспособност да му се спротивстават.

Кулминација на сето тоа е нивната поделба на оние кои веруваат дека на Мухаммед алејхи селам – Куранот му е објавен од страна на неговиот Господар, и бунтовник кои ги збунил со неговата извонредна литературна вредност. Ова го потврдуваат вестите кои ги пренесува Велид бин ел-Мугира, ‘Утбе ибн Ар-Рабиа’ и останати. Доказ дека не се работи заа обична книга се и настаните кои што следеле и се остварувале. Тие настани никако неможат да бидат  плод на ѓаволот кој нели, нема мож на настаните на светот туку само над луѓето кои му се послушници.  Кур’анот содржи вести за настаните кои ќе се случат во иднина, а кои се случиле токму онака како што биле најавени, во што спаѓаат:

1.Зборовите на Возвишениот во сура Ел – Фетх ,27:

“…сигурно во Чесниот храм ќе влезете безбедно – а ако Аллах сака – , едните со бричени глави, а некои со потскратена коса, без страв”(Ел-Фетх, 27: На Пратеникот (с.а.в.с.) во сон му е покажано дека во мир ќе влезе во Мекка и ќе направи обиколка окулу Каба, па тој сон им го раскажал на асхабите (р.а.) што силно ги израдува. Истата таа година Пратеникот (с.а.в.с.) тргнува со ахабите (р.а.) кон Мекка. Застанале во Худејбија, каде што Пратеникот (с.а.в.с.) (во зул ка’деи, шестта хиxретска година) склопил договор со Курејшите, според кој таа година неможат да влезат во Мекка. Ја избричил главата и заклал курбан. Лицемерите тоа го искористиле,прашувајки се меѓусебно: ”Каде е ветувањето на Мухаммед?” И како одговор на тие сомневања, Аллах џ.ш. го објавува овој ајет во кој потврдува дека ветувањето ќе биде исполнето. Секако, Пратеникот (с.а.в.с.) не им ветил дека баш таа година ќе влезе во Мекка. Пратеникот (с.а.в.с.) тој договор го искористил за повикување на сите племиња и соседни државјани во Ислам. А наредната година обавува умра- обредот, за да една година по тоа, т.е. во 8. година од хиџрата кога Курејшите го прекршуваат тој договор, влегол со асхабите (р.а.), како победник во Мекка и тоа токму онака како му било ветено и потполно се остварило пророштвото.

2.Зборовите на Возвишениот во сура Ан – Нур, 55:

“Аллах ветува дека оние меѓу вас кои ќе веруваат и добри дела ќе прават сигурно за намесници на земјата ќе ги постави, како што ги поставил за намесници оние пред нив, и дека целосно нивната вера ќе ја зацврсти, онаа, која Тој им ја сака, и дека стравот со безбедност сигурно ќе им го замени; тие само мене ќе ми се клањаат, и нема да ги сметаат другите рамни на Мене…”.

Возвишениот Аллах Своето ветување го исполнил. Ја зацврстил верата на муслиманите уште додека бил жив Пратеникот (алејхи селам). Нејзината стабилност се зголемила за времето на Ебу Бекр Ес – Сидик, радијеллаху анхум, потоа во времето на Омер ибн Ел-Хаттаб, радијеллаху анхум. Зацврстувањето на таа вера продолжи во времето на Осман, радијаллаху анхум, кога исламот се проширува и кон запад и кон исток. И не поминало ниту четвртина век од смртта на Мухамед алејхи селам, а Аллаховата вера ги победила сите останати верувања на Саудискиот остров и пошироко кон истокот и на западот, а муслиманите му се клањале само на Аллах, сигурни и од секој страв ослободени. Исламот сигурно ќе стигне дотаму каде што ќе стигнат денот и ноќта. Аллах нема да остави ниедна куќа во град или во село, а да исламот не влезе во неа, дали со понос или со понижување; со понос со кој исламот уште повеќе ќе се воздигне или со понижување со кое Аллах ќе го понижи неверството.(Ахмед, Бејхеки, Хаким и Таберани)

На светот нема да остане ни една куќа ни село ниту град, а да Аллах во неа не ја внесе пораката на Исламот. (Ахмед, Ибн Хибан Ет Табери)

Пратениковото навестување дека исламот ќе стигне дотаму каде што стига денот и ноќта укажува дека исламот ќе се шири на сите меридијани во светот. Денес нема земја во светот во која нема муслимани, наскоро ќе дојде време кога исламот ќе влезе во сите земји, градови и села и во сите куќи. Денеска во ерата на забрзана глобализација и современите технички средства на комуникација во многу случаеви допринесуваат на брзото ширење на исламот, на неговите идеи и пораки. Со тоа, таму каде што исламот и не стигнал, стигнала неговата порака, по пат на весници, медиуми, радио, телевизија и интернет. Аллах со ова сака да укаже дека е задоволен Неговата вера да надвладее со целото човештво, што преку овој хадис укажува ќе се случи еден ден. Аллах тоа јасно го навестил и во својата Книга, Светиот Куран:

Тој го испратил Својот Пратеник со упатство и со правата вера, за да би ја воздигнал над сите останати вери, дури да не им е по волја на многубошците. (Ет Тевба, 33 ; Ел Фетх, 28; Ес Сафф, 9)

  1. Зборовите на Возвишениот во сура Ел-Фетх, 16:

“Ќе бидете повикани да се борите против народ многу силен и моќен, се додека не се покори”, исто така се овистиниле.

  1. Аллаховите зборови во сура Ен-Наср, 1-2:

“Кога ќе дојдат Аллаховата помош и победа, и луѓето ги видиш групно во Аллаховата вера како пристапуваат…” исто така се овистиниле токму онака како и биле најавени, кога во осмата година по хиџрата се ослободи Мекка, луѓето групно пристапувале во Аллаховата вера.

  1. Аллаховото ветување на Пратеникот алејхи селам во сура Ел-Маиде, 67:

“… а Аллах ќе те брани од луѓето”, се оствари и покрај мноштвото на оние кои сакале да му наштетат. Возвишениот Аллах го штител од луѓето се до неговата преселба од овој свет.

6.Во тој контекст се зборовите на Аллах и во сура Ер – Рум, 2 – 6:

“(2) Византијците се победени, (3) во соседната земја, но тие, по нивниот пораз, сигурно ќе победат, (4) за неколку години – пред или по тоа, одлуката е на Аллах – и тогаш верниците ќе и се радуваат1 (5) на Аллаховата помош, – На кого сака Тој му помага, Тој е Силен и Сомилосен – , (6) ветувањето е Аллхово, а Аллах своето ветување ќе го исполни, но повеќето луѓе не знаат.” (Персијците ги победиле Римјаните во пределите блиски на арапите, т.е., во пределите на Шам (помеѓу Палестина и Јордан). Војската на персискиот цар Сабура го присилила византискиот цар Херакле да бара азил во Константинопол (денешен Истамбул), каде што бил долго под опсада. И тогаш, по тој пораз, во 622. г. Аллах му го објавува на Мухаммед алејхи селам овој ајет во кој ветува победа на византијците над персијците, и тоа во рок од 3-5 години. А Аллах своето ветување секогаш го исполнува. И во 627.г. Херакле ја добива големата битка против персијците во Нинива, на крајбрежјето на реката Тигар. Тие две земји тогаш во тоа време биле две најголеми светски сили. Персија на исток, а Византија на запад, и кој, освен Аллах, можел со сета сигурност да знае дека поразените Византијци ќе ги победат Персијците !? (Ет-Тефсирул Мунир, од Зухајли). Тогаш ќе се радуваат муслиманите: Персијците биле огнопоклонувачи, а Византијците христијани, па муслиманите ја посакувале победата на оние кои им биле поблиски во верата. А следбеникот на Книга на муслиманот му е секогаш поблизок отколку идолопоклоник. (Ет-Тефсирул Мунир, том 23-24. ,стр.49).) Аллаховото ветување се исполнило. Римјаните, после седум години по сопствениот пораз ги победиле Персијците.

7.Потоа, погледни го 9-от ајет на сура Ел-Хиџр:

“Ние, навистина го објавуваме Кур’анот и навистина над него ќе бдееме!” Т.е. Возвишениот Аллах го чува од искривување, додавање и одземање. Тоа, денес, јасно се отчитува. И нека е благодарност на Аллах за таа благодет.

Слично е и во 42-от ајет, во сура Фуссилет:

“Лагата му е туѓа, од било која страна, тој е Објава од Мудриот и за пофалба Достојниот”.

8.Во тоа спаѓаат и Аллаховите зборовите во сура Ел- Бекара 94 -95 кои се однесуваат на евреите:

“(94) Кажи: Ако е кај Аллах џеннетот2 осигурен само за вас, а не и за останатите луѓе, тогаш вие смрт посакајте, ако вистината ја кажувате. (95) А нема никогаш да ја посакате поради она што го правите! А Аллах добро ги познава неверниците.”

Во тоа влегуваат и зборовите на Возвишениот од сура Ел-Бекара, 23 – 24:

“(23) А ако се сомневате во она што му обајавуваме на Својот роб, направете вие една сура слична на нему објавена, а повикајте ги и вашите божества, сем Аллах, ако вистината ја кажувате. (24) Па ако не направите, а нема да направите, тогаш припазете се од огнот за неверниците подготвен, чие гориво, ќе бидат, луѓето и камењата.”

И ветувањето се исполнило.

Од времето на Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), кога арапските идолопоклоници биле ревносни во обидот за уривање на неговата мисија па се до денес, наспроти многубројните предизвици, никој не напишал нешто слично како Куранот. И не само тоа, туку неможел да донесе ниту најкус текст сличен на кур’анската сура. Претходните вести, како и оние на нив слични, кои ги наоѓаме во Чесниот Кур’ан, јасно укажуваат дека тој е говор на Возвишениот Аллах, бидејќи Аллаховиот закон се спроведува, и кога некој би тврдел дека веровесникот лажел за Аллах, таа негова вест, на крајот не би се покажала вистинита. Напротив, Аллах би ја разоткрил и на луѓето би им ја обелоденил. Чесниот Кур’ан ни донесува вести за уништените древни цивилизации. А познато е дека Мухаммед алејхи селам незнаел ниту да чита ниту да пишува, ниту пак работел со научниците во училиштата, тој пораснал кај народот кој ги обожувал идолите, не владеел со никаква наука, а тој сам никогаш не излегол надвор од тој народ за да учи кај друг.

Токму затоа во Библијата се дава јасен критериум како да се разликува лажен од вистински пророк: И рече… Господ: …Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.

Па ете тоа е разликата. Мухаммед не бил погубен туку умрел со природна смрт. Исус според денешното христијанство бил погубен. Тоа не е вистина. Куранот ги разоткрил плановите на лицемерите кога во тајност ги подготвувале. Аллах џеле шенуху за се до подробности го известувал својот Пратеник. Во сето тоа наоѓале само чиста вистина. Куранските кажувања за нив, не можеле да ги спорат. Ист е и случајот со разоткривањето на скриените еврејски чувства и ситуации низ кои тие поминувале.

Раѓањето Христово, кога христијанството било гонето, а христијаните по бројност биле не многу голема група. Како да се говори за проповед по целиот свет, кога по сите човечки мерила, немало никаква гаранција дека дури ни Писмото воопшто ќе се сочува. Овој ајет го има дури во три поглавја во Куранот што јасно укажува на значењето на она што Аллах Племенитиот сака да го порача.

Зажал, муслиманите во период на декаденција и стагнирање заборавиле и ги занемариле добрите вести. Воглавном се кажувале ајети и хадиси кои зборат за фитна, анархија и предзнаците за Судниот ден. Со ваквата наклоност и безнадежност влевале песимизам во срцата на верниците.

Прашање: Во еден од хадисите, Мухамед тврди: „Никој не знае што ќе биде утре, што е сокриено во утробите, што ќе стекне тој утре, во која земја ќе умре и никој не знае кога ќе падне дожд“  (Бухари, 1039). И така, самиот тој нагласува дека не ја знае иднината, но тоа е, така да кажеме, половина од маката. Согласно со муслиманските извори, Мухамед сепак давал претскажувања, а тие пак – не се исполнувале!

Одговор: За претскажувањата веќе наведовме погоре дека многу од нив се исполниле и биле докажани. А за иднината јасно е дека ниеден човек не ја знае. Особено неможе да а знае иднината без Божја дозвола и вдахнување. Вушност иднината и настапуањето на Судниот ден не ја знае ниту Исус, а ни ангелите. Тоа е нормално да не го знаат Пратениците. Тие носат само вести, а вистинските најави и прецизноста кога што ќе се случи е во Куранот, а сигурно има и во некои места во Библијата кои не биле изменети. Всушност Библијата го најавила и Мухаммед а.с. како што објаснивме погоре.

Во евангелието според Марко (13:32) се вели:

“А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”

Оваа изјава не сао што ја побива Исусовата божественост, туку о го побива учењето за тројството, затоа што Исус го ограничува своето знаење за судниот ден со Аллах, исклучувајќи ја можноста дека тој или било кој од творенијата, поседува знаење за судниот ден. Всушност, тој се поистоветува со останатите творенија во незнаење. Ако Исус е Бог, тогаш би знаел кога ќе се случи судниот ден и не би си го демантирал своето знаење.

Прашање: Еве пример : „Еднаш, при крајот на својот живот, пророкот ја заврши со нас вечерната молитва, се исправи и рече: „Дали сфаќате каква е оваа ноќ? Навистина, сто години после оваа ноќ, на Земјата нема да остане ниедно живо создание“ (Бухари, 116). Секој кој ги чита овие редови истовремено го побива ова лажно пророштво, бидејќи не само по сто, туку еве веќе и после илјада и петстотини години Земјата се полни со жители.

Одговор: Ова е неточна квалификација и треба малку разум за да се одговори.Овој хадис е познато дека многу антисламски сајтови намерно погрешно го преведуваат за да доведат во забуна и да намерно покажат грешка во истиот . Секако, баш обратно овој хадис е чудо од Пратеникот а.с. бидејќи не потсетува за минливоста на животот.

Абдуллах ибн Омер р.а. вели дека Пратеникот а.с. пред крај на својот живот клањал еднаш со нив јација(вечерна молитва) и кога предал селам станал и кажал:

„Гледате! Кога ќе поминат сто години, почнувајќи од оваа ноќ во која се наоѓате, никој од луѓето кои што ќе се наоѓаат на Земјата моментално, нема да бидат живи.“[1]

Занимливо е дека последниот од асхабите или неговите другари кои го виделе за неговиот живот бил  Ебу Туфајл Амир ибн Васил кој умрел со наполнети 110 години.[2]

Воедно овој хадис не поучува и ни укажува дека човечкиот век е околу 100 години и дека секако никој од нас што ова го читаме нема да постои, ниту повеќе ќе биде на оваа Планета Земја за еден век од сега. Сите ние ќе ги населиме гробиштата и ќе бидеме казнети или наградени за нашите дела.

Прашање: Уште еден хадис: „Пратеникот на Аллах рече: „Еуфрат наскоро ќе отвори ризница со злато, но тие, кои ќе живеат во тоа време, ништо оттаму нема да земаат…Еуфрат ќе разоткрие планина со злато под него“  (Бухари, 7119). За повеќе од илјада и петстотини години тоа „наскоро“ сеуште не настапило.

Одговор: Како и во библијата, така и во исламот постојат работи кои сеуште не се случиле. Но тоа не значи дека нема да се случат наведените настани. напротив фактите укажуваат поинаку. Кон студиите на научниците на Универзитетот Калифорнија и НАСА-е, кои неодамна ја објавија „Њујорк Тајмс“, реките Тигар и Еуфрат почнале да пресушуваат.

Истражувач од универзитетот Калифорнија Јаи Фамиглети кажал: „Околу 60% губиток на водата настанало поради пумпање на водата од подземните резервоари. Востановено е дека  во текот на седум години истражување дека делови од Турција, Сирија, Ирак и Иран, околу реките Тигра и Еифрат, изгубиле 144 кубни километри свежа вода која се наоѓала во подземните резервоари. “

„Брзината на губиток на водата е посебно  интензивирана после сушата од 2007 година. Во меѓувреме потрагата за свежа вода и понатаму е во пораст“-кажал тој. Истражувачите исто така предвиделе дека реките уште повеќе ќе пресушат во текот на следната сушна сезона. Ако се вистинити тврдењата на научниците тогаш предскажувањата би можеле да се остварат во блиска иднина. „Нема да настапи Судниот ден се додека реката Еуфрат не се повлече и со себе остави брдо од злато поради кое луѓето ќе се борат. Од сите стотини ќе бидат убиени деведесет и девет луѓе, а секој човек тогаш ќе зборува: ‘Да ми е да бидам оној кој ќе остане жив. Во еден друг хадис Ресуллуллуах рекол дека пресушувањето на реката Еуфрат е еден од предзнаците на Судниот ден.

Од Ебу Се’ идаел-Худри, се пренесува дека Пратеникот рекол:

„На припадниците на мојот народ пред крајот на овој свет ќе им се спушти голема несреќа. Со нив ќе владеат злобни владетели кои до сега не се појавиле и за кои никогаш до сега не се слушнало. Земјата ќе им биде тесна и ќе биде преплавена со неправда и насилство. Верникот нема да може да најде засолниште во кое би се засолнило од насилство. Во тоа време Аллах ќе прати човекот од моето семејство и земјата ќе ја исполни со правда, како што пред тоа била исполнета со насилство и неправда. Ќе биде задоволен и жител  на небесата и жител на Земјата. Ќе никне се што ќе биде посадено во земја.“

Прашање: И уште: „Никогаш нема да има успех народот, кој ќе постави жена за свој владетел“ (Бухари, 9:88, 219). Англискиот народ сосема добро успевал при полувековното владеење на кралицата Елизабета II, како што и пред тоа успевал под владеење на кралицата Викторија.

Одговор: Што претставува успех за еден народ е дискутабилно прашање. Но примерот кој што е наведен како одговор говори за една формална титула на кралица која нема никакво влијание во сериозните меѓународни односи. Како може жени кои биле изолирани цел живот и со тешки семејни трагедии и државни проблеми да бидат некаков пример, сеуште не ми е јасно. Но тоа го оставаме на историјата.

Прашање:На крајот, за христијаните директно е заповедано: „и на следбениците на Инџилот им наредивме да судат според она што објави Аллах во него“ (Куран 5:47). Ние така и постапуваме, не затоа што го слушаме Куранот, туку затоа што тоа е напишано во Библијата и тоа го поддржува здравиот разум.

Одговор:

За жал не е така. Денес не е христијанството на Исус, ниту неговото евангелие. Денес се учат некои други евангелија и најголемото од сите е евангелието по Павле. Човек кој никогаш не го видел и признал Исус за време на неговиот овоземен живот. Денес е евангелието и книгите на човекот кој војувал против христијанството. Но вистината секако не останува сокриена. Јаков праведниот или таканаречениот брат на Исус бил природен наследник на Исус и вистински одговорот на Павле, на неискрениот и лажниот пророк. Тој го избркал Павле од ѕидините на Ерусалем. Но како дошло до тоа да денес се научуваат Павловите доктрини тоа останува прашалник на кој одговараат најчесто библиските историчари.

 Прашање:Како четврто, Мухамед како што е познато по муслиманските преданија, не одговара на моралниот лик на пророците, какви што ги претставува Светото Писмо.

 Одговор:

Повтороно лаги и клевети. Истото го правеле и лицемерите во Мека и Медина. Неможејќи да се спротистават на верата Божја тие се спротитавиле на ликот и делото на Мухаммед а.с. Ова се нарекува селективно читање на стихови. Аллах, џелле шануху, вели дека би се разбегале од Пратеникот, с.а.в.с. ако спрема луѓето  би бил лош и груб: “Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина.“ (Али Имран, 159) Пратеникот а.с. дури му простил на убиецот на неговата ќерка, одговорен за суровото убиство на Зејнеба, ќерката на Пратеникот. Овој човек бил Хаббар. Он ги пресекол каишите на Зејнебината камила, по што таа паднала на земја, и бидејќи била бремена, таа пометнала. Малку подоцна и умрела. Ова била нечовечноста што тој ја направил и за која заслужувал смртна казна. Овој човек сега дошол кај Пратеникот и рекол:

„Божји Пратениче, јас избегав од тебе и отидов во Иран, но ми дојде мисла дека Бог не ослободил од нашите пагански верувања и не спасил од духовната смрт. Наместо да одам кај другите и да барам засолниште кај нив, зошто да не одам кај Пратеникот лично, да ги признаам своите грешки и своите гревови и да побарам простување од него?”

Пратеникот бил трогнат од тоа и рекол:

“Хаббар, бидејќи Бог во твоето срце ја всадил љубовта кон исламот, како можам јас да одбијам да ти простам? Јас ти простувам за се што си направил до сега.”

Во библијата за жал постојат многу страшни описи за Пратениците и пророците Божји. Тоа никако не е дел од спознанието со кое дошол Исламот и објавата на Куранот и кои се отфрлаат. По објаснувањето на терминот “дерогација” во Исламот ние велиме:

“За нас, во Стариот и Нов завет не постои ниту една дерогирана приказна, туку некои од нив, се навистина лажни”, како што се следните:

  1. Дека Лут(Лот) алејхи селам направил блуд со своите две ќерки, и дека двете забремениле од него; (Битие 19: 30 – 38).
  2. Дека Јуда, синот на Ја’куб(Јаков) алејхи селам, направил блуд со неговата снаа Тамара и дека таа од тој чин забременила и ги родила близнаците Фарес и Зара: (Битие 38:12-30); и дека веровесниците Давуд(Давид) алејхи селам, Сулејман(Соломон) алејхи селам и Иса5 алејхи селам, се вонбрачни деца на Фарес: (Евангелие според Матеј 1: 3 – 16).
  3. Дека Давуд(Давуд) алејхи селам, направил блуд со сопругата на Уриј, па од тој однос таа забременила. Потоа тој со измама го убил нејзиниот сопруг и ја зел за своја жена; (Втора книга Самоил 11: 2 – 27).
  4. Дека Сулејман(Соломон) алејхи селам, кон крајот на својот живот станал отпадник од својата вера, им робувал на киповите и им направил храм во кој ќе им се моли; (Прва книга цареви 11:1-13).
  5. Дека Харун(Арон) алејхи селам, им направил теле на израелците, дека лично го обожувал и им наредил да му се поклонуваат; (Излез 32: 1 – 6).

За овие и слични приказни не велиме дека се дерогирани, туку дека се без сомнение, лага и клевета врз веровесниците на возвишениот Аллах.

Но кога збориме за Мухаммед, и за клеветите наведени за него во кратки црти ќе одговориме:

1.`Петтина од пленот – таа не припаѓа на него лично туку на семејството и на владетелот, за разлика од христијанството каде целото богаство припаѓа на царот, односно кралот кој е божји претставник на земјата. Мухаммед а.с. за разлика од христијанските водачи го делел богаството. Мухаммед алејхи селам живеел скромно и едноставно. Ѕидовите на неговата куќа биле направени од кал, а покривот од урмино лисје. Спиел на кожен душек исполнет со лисја. Најчесто се хранел со урми и млеко, а секогаш кога ќе имал месо за ручек во својата куќа, Мухаммед алејхи селам го делел со своите соседи. Внимавал и на чистотата. Рацете ги миел пред и по јадење, а во една прилика рекол: „Чистотата е половина вера!“ Се облекувал едноставно. На себе имал кошула и наметка. Често зборувал: „На Бога му е драго, а на луѓето им е пријатно човек да доаѓа во друштво чист и пристојно облечен“. Како што се грижел за здравјето, така не ја запоставувал ни телесната сила. Особено го сакал трчањето и честопати се натпреварувал со својата жена во трчање.

Во домашните работи ревносно помагал: палел оган, го чистел подот, ги молзел козите, ја крпел својата облека и ги поправал своите обувки.

Никогаш не се двоумел дали да и помогне на својата жена во која било работа. Мухаммед бил забележително доверлив и чесен. И пред да стане пратеник го викале „Ел-Емин“ (доверлив). Како трговец, кога продавал стока, доколку таа имала некој недостаток, тој за тоа ќе го предупредел купецот пред да почнат да се пазарат за цената. Благодарноста, исто така, била негова карактеристика. Никогаш не ја заборавал услугата која некој ќе му ја направел. Во очите на Мухаммед алејхи селам сите муслимани биле еднакви. Како што ги почитувал своите пријатели и другари, така со почит се однесувал и кон своите слуги. Болните редовно ги посетувал без оглед дали тие биле муслимани или не. Мухаммед алејхи селам ги сакал добрите шеги кои никого не навредуваат. Многу ги сакал и своите соседи. Секогаш кога ќе имал добар ручек им испраќал на соседите. На старите вдовици им помагал, наместо нив одел да пазарува. Во една прилика рекол: „Не е вистински верник оној кој не се однесува добро со своите соседи!“ Скромноста, исто така, му била прекрасна одлика. Кога доаѓал на некој собор, не им дозволувал на луѓето да станат за тој да седне на подобро место, туку седнувал таму каде што имало празно место.

2.Околу повеќеженство на Пратеникот.   Куранот е единствената верска книга во светот, која вели:,,Оженете само една жена.’’ Цитираната фраза се наоѓа во следниов Курански стих во поглавјето Ен Ниса:,,Женете се со оние жени кои што ви се дозволени,со по две,со по три и со по четири! А ако стравувате дека нема да бидете праведни,тогаш само со една.’’ (Eн Ниса,3)

Пред да биде објавен Куранот, не постоела горна граница за бројот на жените во еден брак. Многу Арапи едноставно ги собирале жените,некои ги имале над стотини. Исламот му дозволил на муслиманот да има две,три или четири жени,но под услов кон сите нив да биде праведен. Во Куранот,во поглавјето Ен Ниса, се вели: ,,Вие нема да можете кон жените ваши потполно еднакво да постапувате,колку и да го сакате тоа.’’ (Eн Ниса,129) Некогаш на христијаните им било дозволено да оженат колку што сакаат жени, затоа што Библијата со ништо не им го ограничува тоа. Дури пред неколку векови, христијанската црква, со посебен акт, го ограничила бројот на жените, на една.

Повеќеженството е дозволено кај Евреите. Во Талмудот ќе најдете дека Авраам имал три,а Соломон над стотина жени.

Таа пракса продолжила,се додека рабинот Гершом бин Јехудах (960-1030) не објавил посебен акт против повеќеженството.

3.Женидбата со Зејнеб, бившата жена на Зејд, неговиот посинок. Таа е како акт настапен по наредбата од Семоќниот Бог. Самиот Мухаммед претходно го договорил тој брак со неговиот осолободен роб и посинок Зејд, но нивниот брак не траел ниту една година. Зејнеб била од аристоратско семејство и од висок социјален статус. По разводот на брак на Зејд со Зејнеб бил прекинат стариот пагански обичај во кој усвоениот син бил на рамниште на биолошкиот син. Со бракот кој бил предложен и по наредбата на Аллах таквиот начин на размислување бил поништен.

Прашање: Освен тоа, за разлика од Мухамед, ниеден библиски пророк не бил изложен на дејството на маѓесници и врачари. Ајша, жената на Мухамед говорела: „Врачањето дејствувало на пророкот, така што тој почнувал да мисли дека направил работи кои не ги направил“, потоа сонил сон, каде му се јавиле двајца луѓе и му рекле дека тоа е последица на магијата која му ја направил Лубајд бен ал- Асам (Бухари, 4:54, 490). Во друг хадис се објаснува дека под дејство на магија му се чинело дека имал сексуално општење со жените, иако тоа не се случило во реалноста (Бухари, 7:71, 660).

 

Се случило и ова: Соопштувајќи го добиеното откровение Мухамед одеднаш ги објавил паганските божици ал-Лату, ал-Узу и Манат за вистински застапници, „на чие застапништво треба да се потпираат“. Како што гласи муслиманското предание, вечерта му се јавил Џибрил (Гаврил) и му рекол дека тие зборови дошле од сатаната. Мухамед се уплашил, но Џибрил го успокоил, уверувајќи го дека сатаната божем секогаш се обидува да се замеша во божественото откровение и му дал правилен текст во кој, напротив, се осудуваат тие лажни божици. (Куран 53: 21-23). Тој расказ е запишан речиси во сите рани биографии на Мухамед (освен во една). Тој може да се најде во делата на Ибн Исхака, ал – Вакида, Ибн Саада, ал – Балазура, ат – Табара и аз – Замахшара.

Освен тоа, како оправдување за Мухамед, во Куранот се говори: Пред тебе, ние не сме испратиле ниеден пратеник и известувач на верата, во чие кажување не би додавал нешто ѓаволот; Аллах го отклонуваше она што ѓаволот го додаваше, а потоа ги зацврстуваше своите зборови (Куран 22:52).

 

Меѓутоа, секој кој го знае Божественото откровение, ќе посведочи дека е сосема спротивно – на ниту еден вистински пророк Божји не му се случувале такви работи, кога тој изрекувал откровение или гледал Боженствени виденија, бидејќи сатаната се плаши да му пристапи и немоќен е да му наштети на Божјото дело. Ниеден Божји пророк никогаш не потпаднал под бесовско дејство да халуцинира и на јаве да го гледа она што не постои.

Одговор:

Првиот вид на Објава за Аллаховиот Пратеник,а.с., била „ер руја  ес садик“, вистинити соништа.Тие соништа доаѓале јасно како зазорув ање на зората, а веднаш после тоа тоа сакал да се осами,и тоа го правел во пештерата Хира.Секој пат бил  се повеќе  побожен и богобојазлив. Поминувал по неколку ноќи во ибадет-обожувајќи го Бог, а пред да замине во Хира го снабдувал домот со се,  ја посетувал Хатиџа, р.а., па дури тогаш  заминувал во осаменост. Тоа траело до појавата на ангелот, кој што дошол кај  Аллаховиот Пратеник,а.с., во пештерата Хира. Џибрил му кажал:,,Читај!“,а Мухаммед а.с,  му одговорил: „Јас не знам да читам.“ ,па продолжил: „Потоа ме зеде, па ме привлече кон себеси, а потоа ми остргна од себеси. Тоа го направи силно и јако три пати, а по третиот пат кажа: ,Читај во името на Господарот твој кој создава, го создаде човекот од грутка крв! Читај, зошто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“ Сахихул Бухари 1/2,3; Бухари овој хадис  го извадил од книгата „Тефсир и толкување на руја’ (Има помали разлики во текстот на едниот и другиот хадис.)

Аллаховиот Пратеник а.с., се вратил возбуден и исплашен,влегол кај Хатиџа,р.а., и рекол: „Покријте ме!“ Го смириле се додека не зи заминал стравот од него, потоа и рекол на Хатиџа,р.а., Што му се случи!“, па и ја раскажал новоста  и и рекол: „Стравував за себе.“, а Хатиџа,р.а. му рекла: “Не се колнам во Аллах,Аллах никогаш нема да те посрамоти.Ти си човек кој што ги посетува роднините, внимава на сиромашните,ги снабдува сиромашните,го угостува гостинот,секогаш помага и истрајува на вистината.’

Хатиџа  заминала со Мухаммед.а.с.,  кај својот братучед од чичко кој што се нарекувал Верека ибн Нефвел ибн Есад ибн Абдул-уза. Во предисламскиот период тој го примил  христијанство и знаел  да пишува на хебрејски, па  го препишувал Евангелието. Тој бил слеп и со седа коса. Го затекнале како го препишува  Ел Китабул Ибранијј. Хатиџа,р.а., му рекла: „О роднино, слушни ја приказната на синот од твојот брат!“, па Верека  кажал: Раскажувај ми роднино,што има:“ Аллаховиот Пратеник,а.с.,  го известил за настанот кој што се случил во пештерата Хира.Верека го слушал и му рекол: „Тој бил Божјиот  поверник кој што Аллах го испратил и кај Муса, Ех, да бев помлад,ако Бог даде да бидам жив кога твојот народ ќе те прогони!“

А, Аллаховиот Пратеник,а.с., кажал: „Зарем тие ќе ме прогонат?“ „Да, знај дека ниту еден којшто доаѓал со ова како и ти, не  бил без непријател.Ако дочекам тој ден, од се срце че ти помогнам!“ Меѓутоа, Верека набргу починал,а Објавата престанала. Текст од таберани,II/207.

Г.Р.Милер е математичар и христијански теолог. Тој бил активен во христијанското мисионерство во одреден период од животот но наскоро почнува да открива многу недоследности во Библијата. Во 1978 година, го чита Куранот, очекувајќи да го најде истото, да поседува мешавина од вистина и лага. Всушност тој го прифаќа исламот воодушевен од куранските факти. Тој вели:

„Од една страна постои голема група на луѓе кои го истражувале Куранот стотици години и кои тврдат: „Една работа знаеме со сигурност, Мухаммед иако бил Пратеник, бил луд!“ Тие се убедени дека Мухаммед а.с. на некој начин бил залуден. Од друга страна постојат луѓе кои го клеветат целосно и  велат: „Мухаммед бил измамник!“ Иронично е што двете групи неможеле да настапат заеднички, без да имаат конфротација. Всушност во многуте дела за исламот се наведуваат и двете мислења. Почнуваат со наведување дека Мухаммед а.с. бил луд,  а завршуваат со тврдење дека бил измамник и лажливец. Изгледа дека неможат никако да разберат дека истовремено двете работи не одат заедно. На пример ако некој е луд и навистина се умисли дека е Пратеник, тогаш не седи цела ноќ и не размислува за тоа како да постапи со луѓето и како да ги измами. Тој едноставно си верува дека е Пратеник и верува дека одговорот ќе му дојде со објавата. Всушност, факт е дека поголемиот дел од Куранот е објавен како одговор на прашања. Некој нешто би го запрашал Мухаммед а.с. и одговорот би му стигнал по пат на објава. Сигурно дека ако некој е луд и верува дека ангел му ја носи објавата, тогаш навистина и мисли дека одговорот ќе му го даде ангел. Заради тоа што е луд, тој навистина и мисли дека е така. Нема да каже на никого, да почека малку па потоа да отиде до пријателот  и да го запраша за одговор на тоа прашање.

Овој начин на појаснување е за некој кој неверува дека е навистина Пратеник. Тоа што упорно е во главите на некои немуслимани е тоа дека неможе да се биде измамник и луд истовремено. Или сте луд или сте измамник. Или Едното или ниедно, но сигурно не и двете. Поентата е во тоа што овие две особини се исклучуваат една со друга. Ако ги запрашаш таквите: „Од каде потекнува Куранот?“ Ќе ти одговорат дека доаѓа од свеста на човек кој бил луд. „Ако е од неговата глава, од каде тогаш ги добил сите тие информации кои се наоѓаат во него? Сигурно е дека Куранот спомнува многу работи кои биле непознати за Арапите. “Тогаш таквите ќе ја сменат позицијата и ќе кажат:„можеби не бил луд. Можеби некој странец му ги дал информациите. Потоа истиот тоа го пренесувал на луѓето и ги лажел дека е Пратеник.„Ако е така како што велите, од каде има толкава самодоверба и сигурност дека е Пратеник. Зошто се однесувал на тој начин? “

И пак истиот заборавајќи дека тоа го решивме ќе каже: „Па можеби не лажел, најверојатно бил луд и мислел дека е Пратеник.“ На тој начин пак ќе се вртиме во круг.“ На негово изненадување, открива  дека пораката на Куранот е потполно иста како суштинската вистина која ја извлекол од Библијата. Тој станува муслиман и оттогаш е активен во јавно презентирање на исламот, вклучувајќи и радио и телевизиски појавувања. Тој е автор и на неколку текстови и публикации за исламот.

И овој цитат од куранот не е оправдување: „Пред тебе, ние не сме испратиле ниеден пратеник и известувач на верата, во чие кажување не би додавал нешто ѓаволот; Аллах го отклонуваше она што ѓаволот го додаваше, а потоа ги зацврстуваше своите зборови (Куран 22:52).“ Ова е показател познат на историјата дека многумина од Пратениците меѓу нив и Исус биле доведувани во искушенија и самите знаеме какво искушение имал Исус со ѓаволот во пустината. Зарем не го зел ѓаволот Исуса и не го искушал. Во евангелието по Матеј 4 поглавје стои:

8  Потоа Ѓаволот го одведе на една мошне висока планина и му ги покажа сите царства на светот и нивната слава, 9  па му рече: „Сето ова ќе ти го дадам ако паднеш и ми се поклониш“. 10  Тогаш Исус му рече: „Бегај, Сатано! Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!‘ “* 11  Тогаш Ѓаволот го остави. И гледај, дојдоа ангели и почнаа да му служат. Освен тоа, Ѓаволот му рекол на Исус дека ќе го награди ако му се поклони. Бил спремен дури и да му ги даде сите царства на светот. Ѓаволот би можел и нас да нѐ искуша на сличен начин. Можеби ќе ни понуди примамливи можности да стекнеме богатство, власт или углед. Ќе бидеме мудри ако го следиме примерот на Исус и ако му останеме верни на Бог без разлика со какво искушение ќе се соочиме. Освен тоа, не заборавај дека Ѓаволот го оставил Исус „чекајќи друг поволен момент“ (Лука 4:13). Истото го прави и со нас, па затоа мора постојано да бидеме внимателни.

Како што рековме во библијата има наведено многу пострашни работи за пратениците кои ние ги одбиваме и не може да ги прифатиме како веродостојни. Според тие приказни Авраам е лажго и полош од тоа, Ное е пијаница, Мојсеј е убиец, Лот е пијаница и врши инцест, Соломон обожувал лажни божества, Давид вршел блуд со туѓа жена а потоа извршил убиство на нејзиниот сопруг, Арон ја направил златната крава и идол на обожување и ова е само дел од обвинувањата кон пратениците. Извадоците кои се наведени за наводните халуцинации за Пратеникот се доста слаби и неавтентиќни а многу од нив и лажни иако се наведени дека се наоѓаат во Бухарија и слично. Но за труењето кое бил засегнат и кое се случило треба да се знае дека Пратеникот а.с. живеел уште четири години после тоа. Труењет всушност немало никаков ефект врз неговиот живот. Тој ги уништи лажните божества во Мека и тоа е она што го очекуваа ново дојдените еврејски племиња, да се појави човек од племето на Ишмаилитите и да ги уништи тие лажни божества.Тоа бил и учениот и поглавица на евреите во Медна Абдуллах Селам кој го прифатил исламот и ги повикал своето племе да го стори истото. Евреите го имаа отруено Пратеникот со намера да дознаат дали е лажливец и поради тоа многумина се убедија дека не е лажливец (Бухарија, Книга 003, број, 786) Со самото настапување на смртта на Пратеникот се ослободило задржаното дејство на отровот и тоа освен што Пратеникот го направило да почине како пратеник тој починал и како маченик. Што е почест. Во врска со магиите треба да напоменеме дека тие му се случиле како што се му се случувала и некоја болест или главоболка бидејќи тој сепак имал човечки овосветски доживувања и во поглед на овосветските настани во кои доживеал некои настани кои не влијаеле врз неговото пратеништво и во доставувањето на Божјата порака. Во нив е доставена и пораката како Пратеникоти тој се излечил и воедно укажале на начинот како ние да се лекуваме од магии со детали и упатство кое се доставени досега во најобимен говор преку Куранот и многубројните хадиси. И навистина, тоа исламските учени добро го познаваат и од животот на Пратеникот изведени се многубројни корисни насоки освен во начинот на хигиена, на начинот на вршење на сполни брачни односи, потоа за видовите на магии, како да се отклонат, како да се пристапи кон лечење што е секако специјализација сама по себе.

  Ние муслиманите цврсто веруваме дека оргиналната Тора што му е објавена на Мојсеј и Евангелието што му е објавено на Исус се изгубени пред појавата на Мухаммед алејхи селам и дека од нив во ова време имаме само две историски  книги во кои се заплеткале вистински и лажни преданија. И не велиме дека тие биле сочувани до појавата на Мухаммед алејхи селам и дека нивното искривување наследи по тоа. Ниту еден муслиман тоа не го тврди.  А што се однесува до посланијата на ап. Павле, тие се во основа неприфатливи, бидејќи ние муслиманите го сметаме за еден од многубројните лажливци кои се појавиле во 1- от век, чија задача била да ја искриви верата на Исус, а  апостолите се ученици на Исус и негови искрени следбеници. Веруваме дека биле побожни, но неверуваме дека биле веровесници. Нивните зборови, за нас се зборови на вредни ученици кои се обидувале самостојно да решат некои верски прашања, а подложни биле на грешење. Губењето на оригиналното Евангелие и ланецот на неговите преносители во 1-виот и 2-от век, ја симнува сета одговорност од зборовите на апостолите, а особено поради тоа што тие, во многу случаеви, не разбирале што тоа Исус сакал да им каже, што се приметува многу јасно во денешните Евангелија поради (општувањето) на неговите зборови. А што се однесува на Марко и Лука тие не се апостоли и не постои ниту еден доказ дека објавата им доаѓала од Бога, а немале  чест ниту да го видат Исус.

Муслиманите треба да се свесни дека денес човештвото и цивилизацијата е во голема потреба за праведна цивилизација која ќе ни даде вера и надеж, а при тоа да не ја одземе науката, која ќе ни даде духовност, а притоа нема да ни ги изгуби материјалните добра, која ќе ни даде подобар живот после смртта, а нема да ни го забрани убавото и доброто од овој свет, која ќе ни даде морал, а нема да му ја одземе слободата. Таква интегралност и такава рамнотежа е исламот и неговото присаство ќе биде обезбедено на сите улици и на сите меридијани како што навестил Мухаммед алејхи селам пред 1400 години.

Голем број на луѓе ова ќе го разбере дури пред самиот крај на светот. Тогаш сите луѓе ќе разберат дека исламот е единствената идеја која е моќна да изгради силна, урамнотежена и потполна личност која оди по Земјата, но тежнее кон небесата, живее во реалноста, но копнее по идеалноста, работи за овој, но не го заборава оној свет; го користи своето право, но незаборава на обврските; соработува со суштествата, но незаборава на Создателот; го  сака својот народ, но не ги заборава останатите луѓе.

 Се надевам дека луѓето кои го делат мислењето на овој ѓакон и на многу други христијани после овој одговор кој е надоврзан на овој текст колку толку ќе им ги разјасни некои работи. Доколку некои сегменти не им се јасни слободно нека дадат свој коментар и видување на текстот подоле или нека испратат мејл на info.islamski@gmail.com

 Сите поглавја погоре се превземени од христијански извори

http://www.mkbible.net/biblija/index.php

Користен е и извадок од „Муџизите на Мухаммед алејхи селам “ – Хафиз Ибн Кесир

Користени се извадоци од книгата „Од Исус до Мухаммед и „Триумф на Вистината.’

Коментиран е текстот преведен на следниот линк:

https://vistinatakeveoslobodi.wordpress.com/2014/02/08/%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%bc%d1%83%d1%85%d0%b0/

 https://islamqa.info/en/68814

 

One comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.