Курански факти: Земјата е заоблена!

Во тој период се објавува Кур’анот и се објавува кур’анскиот ајет:

“И Земјата Ние ја раширивме…” (Ел-Хиџр,19; Каф,7)

Мораме да ја нагласиме прецизноста и совршенството на овој кур’ански израз. Употребен е единствениот соодветен израз за времето во кое е објавен и за сите наредни векови. Со изразот ја раширивме, Првото значење на ајетот: Земјата Ние ја раширивме… зборува дека Земјата е раширена, што не преставуваше проблем, бидејќи во тоа време луѓето можеле со своите очи да ја видат вистинитоста на тој ајет. Подоцна, кога се востанови дека Земјата е заоблена, гледаме дека тоа било единствен израз кој целосно одговара на описот на Земјинатасфера.

После тоа да го погледнеме овој кур’ански ајет:

Тој ноќта ја обвива со денот, а денот го обвива со ноќта”. (Ез-Зумер,7)

Зошто Возвишениот Аллах го употребува зборот , обвива. Кур’анскиот израз потекнува од Аллах и затоа глаголот јукеввиру или покрива(обвива) е неверојатно прецизен и непогрешлив. Но, зошто е кажано покрива, обвива, а не ја раширува ноќта и денот, што подобро би одговарало на описот ако Земјата е рамна, или ги сменува денот и ноќта, или со кој било друг збор. Ако вие донесете нешто и го обвиете тоа околу тркалезен предмет ќе кажете: «Ја обвив ткаенината, на пр. во клопче, т.е. добив тркалезна форма така што го завиткав клопче. Ако сакате некој човек да ви направи нешто тркалезно ќе му кажете: «Земи го ова и заобли го!» т.е. направи од него топка. Директното значење на зборовите на Возвишениот Аллах:

“Он ноќта ја покрива(обвива) со денот, а денот го покрива(обвива) со ноќта”.

е тоа, дека Тој направи тие да ја обвијат Земјината топка…
Совршениот Кур’ан укажува дека ноќта и денот ја опфаќаат Земјината сфераистовремено во секој момент. Возвишениот Аллах не рекол:» Тој Земјата ја покрива со ноќта, а потоа ја покрива со денот.» Зборовите: Тој ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта., со употреба на предлогот алана глаголот кеввере, заслужува поголемо внимание, за да добиеме дополнителен увид во доменот на совршенството на Кур’анот.

Тој ноќта ја покрива – Значењето на овој ајет е дека тие истовремено и заедно се наоѓаат околу земјината топка, и на тоа Кур’анот укажал пред четиринаесет векови, а до што човечката наука успеала да стигне дури во последниот период од историјата.

Ова прашање, прашањето за заоблената форма на Земјата, Кур’анот го спомнува и на други места. Зошто? Затоа што е тоа голема природна вистина…

 

 

Мухаммед Мутевелли Ша’рави

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.