Најмалку милион и пол американци преминале во ислам

Според CNN после 11 септември во САД голем број на Американци прифатиле ислам.
Исламот во Америка е присутен уште од 18 век. Според веродостојни документи, прв муслиман кој стапнал на тлото на САД бил Јуба Сулејман Диалло, Сенегалец, кој што трговците со робови во 1731 година го заробиле и го донеле како роб во САД.
Историјата ќе ја оставиме за друга прилика, нашата приказна за исламот во САД се преселува во 21 век, поточно во времето после 11 септември. Пред неколку дена најмоќната телевизија во светот CNN објавила прилог за преоѓањето на Американците во ислам после 11 септември 2001 година. Според CNN после 11 септември во САД голем број Американци преминале во ислам.
Во склоп на спомнатиот прилог објавени се бројни исповеди на Американци кои што наведуваат дека трагајќи по одговорите за исламот после шокантниот напад во Америка на 11 септември 2001 година, добиле одговори кои ги упатиле во ислам. Во контекст на приказната за исламот после 11 септември, CNN наведува дека денес во САД, има околу 6 милини муслимани, од кои 1 милион преминале во ислам. CNN не изнел конкретни податоци за бројот на Американците кои после 11 септември 2001 година го прифатиле исламот, и се задржале на констатацијата дека се работи за голем број на Американци.
Со истата тема како и CNN во последно време се занимавала и уште една угледна американска телевизија, збор е за каналот NBC News. Според телевизијата NBC News, после 11 септември 2001 година голем број Американци сакале да дознаат повеќе за исламот. Книгите и другите пишани, аудио и видео материјали тие денови биле многу барани насекаде во Америка.
Зголеменото интересирање за исламот имало за последица да десетина илјади Американци се решат да го прифатат исламот. NBC News наведува конкретна бројка на Американците кои што на годишно ниво го прифаќаат ислам : „ После 11 септември над 20 илјади Американци годишно го прифаќаат исламот.“ исто така NBC News наведува дека, благодарение на брзиот пораст на бројот на муслиманите во последните години, денес во САД има помеѓу 7 и 8 милиони муслимани, меѓу кои голем број се родени Американци кои последните години преминале во ислам.

Извор: САФФ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.