Оживување на сувата земја

И од доказите Негови е и тоа што ти го гледаш сува земја, а кога на неа ќе спуштиме дожд, таа се придвижува и процветува. Тој што и дава живот, ќе ги оживее сигурно и мртвите. БидејќиТој на секоја работа е споственик на моќта”(Куран,41:39)

Овој ајет ни опишува што и се случува на сувата земја кога на неа ќе падне вода и која поминува во три фази кои поминуваат се додека не се појави растение на земјата и не даде плодови. Што вели модерната наука за фазите на р’тење?


Треперење на почвата.

Под треперење на почва се подразбира движење на честичките на почвата, а не движење на земјината кора во целина како во случај со земјотресите. Тие честички се составени од поврзани слоеви на земјата кременица и глиница.

Слоевите се наоѓаат еден над друг. Кога водата ќе навлезе во тие слоеви, таа предизвикува отекување на честичките кал. Така со паѓањето на дождот на почвата, во доволна количина, предизвикува движење на земјините честички. Тоа може да се објасни на следниов начин:

а) Електростатскиот набој на површината на честичките(кои се јавуваат после допирот со вода) предизвикан од нејзината нестабилност, и пертурбативните движења не се стабилизираат освен со неутрализацијата на тој набој, а врз него спротивниот. Овде може јасно да се согледа дека Аллаховите мудрости во создавање на сите суштества во парови, повикуваат на стабилност и мир.

б) Почнувањето на пертурбацијата на честичките на почвата исто така се јавува поради нивниот судир со честичките на водата. Движење на честичките во вода немаат одредена насока, па честичките на почвата се ослободуваат и се движат од своето место имајќи предвид дека од сите страни се погодени. Ботаничарот Роберт Браун (1828) го забележал тоа движење на честичките на почвата и ги нарекол Брауново движење. Кога водата е во обилна количина, тоа го зголемува растојанието помеѓу честичките на почвата и го олеснува нивното движење. Ако количината на водата се намали , тие се приближуваат и го намалуваат движењето, додека движењето сосема не запре. Такво е тоа движење, па затоа, тоа директно зависи од деловите на зајакнувањето на водата ичестичките на почвата.


Фаза на надувување

Под овој термин се подразбира оток, надуеност и здебелување на честичките на почвата. Земјата заради тоа расте по големината на растот на одредени свои честички. Предходно рековме дека почвата се состои од споени слоеви.Помеѓу секој од нив постои празнина која дозволува водените честички и растворите на јоните да влезат. Кога водата и хранливите елементи ке влезат во нив, дифундираат помеѓу слоевите , што резултира со зголемување на големината на честичките на почвата. Тоа еаналогно надуеност од кал(во лабараториски експеримент). Кога на него ке се излее одредена количина вода, калта ќе се стврдне поради апсорција на водата. Тука се случува нештодруго што ја држи водата да не испари поради гравитација, затоа што честичките носат вода помеѓу нив во слоевите и таа има можност да ги задржи водените честички на нејзината површина со привлекување на електростатска сила и меѓусебна фузуја на водените честички, што ги прави како сад кој го спречува истекувањето на водата .


Фаза на р’тење

Ртење на семето настанува во оваа фаза. Кога има доволно вода, семениот ембрион станува активен и впива едноставни хранливи материи. Корените растат надоле(Аллахова волја) помеѓу честичките на земјата. Потоа растат пупките. Тие одат нагоре преку честичките на земјата и се појавуваат над површината на земјата и се изложуваат на светлината.

Превод : Сестра Муслима

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.