Национализмот е болест

Национализмот е без сомнение една грда болест, која за жал влегла во срцата на голем број муслимани. Тоа е болест што ги врти муслиманите едни против други и која го расцепува Умметот[1]. Таа грда болест повикuва муслиманите да се борат за својата земја против другите муслимански браќа, иако тие браќа можеби се подобри верници од нив. Национализмот е честа причина за муслиманите да зематоружје против нивните браќа, само заради тоа што тие зборуваат друг јазик или живеат преку некоја административна линија (граница). За да подобро ви претставам дека национализмот е болест , што е во директна спротивставеност со Исламот, јас ќе ви наведам неколку ајети и хадиси со надеж дека тоа ќеги исчисти муслиманските срца и ќе ја разбуди нивната свест. Го молам Аллах, субханеху ве те’ала, овој мој мал придонес да направи доказ за мене, а не против мене.

Фактот дека на земјата живеат различни племиња, народи, раси и да зборуваат на различни јазици, е знак од нашиот Создател, и не упатува на совршенство и богатството на Божјото создавање. Возвишениот вели:

О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивмеза да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој

што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сe знае и ништо не Му е скриено.( Ел Хуџурат 13)

Од ова произлегува дека дека кај Него, субханеху ве те’ала , најпризнатите не се Арапите или Европејците, туку кај Аллах, субханеху ве те’ала, најпризнаени се оние робови со најголема богобојазност (таква), било тоа да е црн роб, еским, бел германец или Бербер. Ова, за да појасно да го прикажам би укажал на хадис кој го пренесува имамот Ахмед, рахметуллахи алејхи, а во кој Аллаховиот Пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, кажал: “Навистина, не постои супериорност на Арап над неарап и обратно, белиот над црниот или обратно, освен според богобојазноста.” Во еден друг хадис, кој го пренесува Ебу Давид и Тирмизи, а кој Ибн Тејмије го оценил како веродостоен(хасен), се вели дека Аллховиот Пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, кажал: “Аллах од вас ја отстранил гордоста и ароганцијата која сте ја имале во џахилиетот[2], а исто така и вашите фалења за вашите предци. О верници кои имате богобојазност и несреќни грешници! Вие сте деца од Адема, а и Адем е создаден од земја. Луѓето нека престанат со фалењето на умрените предци кои гориво на огнот ќе бидат или кои кај Аллах ке бидат помалку важни од бубачка која со носот изметот го собира. Еден ден Мухаџирите и Енсариите почнале да се караат при што страстите се зголемиле до таа мерка да еден Мухаџир повикал:” О Мухаџир, а еден Енсарија извикал:”О Енсарии. Тогаш Пратеникот, саллалаху алејхи ве селлем кажал: “Тоа ли е повикот на Џахилјет со којвие се повикувате?!(Бухари).

Спротивно на поделбата на племето, раса или националност Исламот не упатува на цврсто врзувањесафови[3], братство не гледајќи на бојата и потекло. Тоа се гледа и во од хадисот кој го пренесуваат Бухари и Муслим (мутефекун алејхи) во кој се вели дека Пратеникот, саллалаху алејхи ве селлем, кажал: Верниците се како една цврста градба, секој еден дел од градбата го подржува другиот дел. Потоа Пратеникот, саллалаху алејхи ве селлем ги препле своите прсти за да тоа сликовно го прикаже.А во друг хадис, кој истотака е веродостоен, се пренесува дека Пратеникот, саллалаху алејхи ве селлем, кажал: “Пример на верник во нивната меѓусебна љубов е како пример на една организам, ако еден дел од телото крвари тогаш пати целото тело.

Драги браќа и ценети сестри ова се неколку примери од нашата вера која го забранува националимот и расизмот. Постои еден хадис кој често го спомнуваат оние кои доволно не го познаваат динот-исламот.

Во овај хадис, кој се однесва на национализмот и поделеноста, се кажува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селам, рекол: „Љубовта према родниот крај е дел од иманот-верувањето.“ Овај хадис е измислен према мислењето на улемата која се држи до Суннетот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селам. Овај хадис е во спротивност со исламскиот дух и цели.Тажно е тоа што некои муслимани денеска го водат за вакви работи и љубов имаат за државата во која не се спроведува Шеријат, но се спремни од љубов за таа држава да пролијат крв од братот муслиман.

Го молиме Аллах, субханеху ве те’ела, да ни даде повеќе знаење и да не излечи од секакви болести. Амин

Преземено: http://el-asr.com/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.