Изрази кои ни се забранети кога зборуваме за Аллах

Величањето на Аллах е една од највеличенствените методи и цели на тев(у)хидот.Поради тоа мора да одбегнуваме некои изрази кои не се дозволени кога зборуваме за Аллах со цел да го величаме Него.

Шејх Салих ел-Февзан, Аллах да го сочува, вели: Аллах е величенствен, обврска ни е да Го величаме, но постојат изрази кои не се дозволени кога станува збор за Аллах и за почитувањето спрема Аллах,’а веќе се и пренесени забрани за тие изрази.

Од тие забранети изрази е и да се каже: Нека е селам на Аллах.’ Селам е дова која се упатува за човек муслиман, барајќи за него спас од злото, и тоа се бара од Аллах, а не за Него. За Аллах не се дови,туку Нему дови му се упатуваат, бидејќи Аллах е независен, Нему му припаѓа она што е на небото и на Земјата, Тој е чист од секакви недостатоци или грешки, Тој дава и дарува, Тој е спас и од Него е спасот.

Во веродостојната збирка на Бухари,се пренесува дека Ибн Месуд,р.а., рекол: Кога ќе бевме во намаз со Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., би говореле: Нека е селам(спас) на Аллах од неговите робови. Нека е селам на тој и тој.’ Па Пратеникот,с.а.в.с., рече: Не велете: ‘’Нека е селам на Аллах,’’ бидејќи Тој, Аллах е Селам. Тoј Аллах е чист од секакви недостатоци.”

Од зборови и изрази кои не се користат кога се зборува за Аллах се: Аллаху,прости ми ако сакаш’, бидејќи потребата  која се бара од Аллах не се врзува за Неговата воља,туку се бара одлучно.

Во збирката на Бухари,од Ебу Хурејре,р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., рекол: Нека никој од вас не вели: Аллаху,прости ми ако сакаш. Аллаху,смилувај ми се ако сакаш.’ Нека бара одлучно во својата дова бидејќи Аллах никој не може да го присили.” Во верзијата која ја забележил Муслим стои: Нека ја зголеми својата желба, бидејќи нема ништо што му е на Аллах големо и тешко да подари.”

Забрана за колнење во Аллах дека Аллах нешто нема да направи.

Од изразите кои не се дозволени за користење е и да се заколнеш во Аллах ако е во смисла на игнорирање т.е дека Аллах нема да направи хајр(добро).

Од Џундуб б. Абдилах,р.а., се пренесува дека рекол: Аллаховиот Пратеник,алејхи селам , вели: ‘Некој човек рекол:  Се колнам во Аллах, Аллах нема да му прости на тој и тој’ ,па Аллах рекол: Кој е тој што во мене се колне дека Јас нема да му простам на тој и тој. Јас веќе му простив,а твоите дела Ги поништив.’ (Муслим)

Овој човек се однесува лошо спрема Аллах и веќе донесува суд за Него, тврдејќи дека Аллах нема да му прости на тој грешник. Како тој да одлучува што Аллах ќе направи. Тоа е заради неговото незнаење за рубубијетот и заради неговата самобендисаност и своето знаење кое сакал да го покаже. Но казнет е спротивно од неговата намера, така што на тој грешник му било простено заради него, а неговите дела биле поништени заради лошите зборови кои ги изговорил,иако бил побожен. Па Ебу Хурејре рекол: Изговори зборови кои го уништија неговиот дуњалук и ахирет”

Обрврска да се проучува акидето(верувањето) за да се распознава што ја прави исправна а што не.

Обврска ни е да се чуваме од зборови и изрази кои укажуваат на лош однос спрема Аллах,џ.ш., бидејќи тоа го расипува акидето(верувањето) и го намалува тевхидот. Така да,нема да кажеме: Нека е селам на Аллах’,затоа што Тој е селам,Аллах се повикува во довите а е се молиме за Него. Не е дозволено ни да се каже: Аллаху,смилувај ми се и прости ми ако сакаш’, и слично. Туку во секоја дова треба да се обраќаме со цврсто убедување без спомнување на Аллаховата воља, бидејќи Аллах го прави тоа што Тој го сака и Него никој не може да го присили.

Исто така, не е дозволено да се колнеме дека Аллах нема да и прости на некоја личност или дека нема да и се смилува, бидејќи тоа е на некој начин спречување на Аллаховата милост и лоше мислење за Аллах,субханеху ве те’ала, исто како што не е дозволено да се каже: Како што сака Аллах и тој и тој.’ Туку треба да се каже: Како што сака Аллах, па тој и тој.’ Бидејќи сврзникот ‘и’ укажува на заедништво,а никој не може да му се придружи или да се поистоветува со Аллах во било што. Додека ‘па’, е показател на редоследот и следењето. Значи,вољата на суштествата ја следи Аллаховата воља,и се случува после Аллаховата воља а не е соучесник со Аллаховата воља.

Сето ова ја потврдува обврската на муслиманите за проучување на акидето,како и познавање на она што ја прави исправна а што не. За да не би западнале во нешто што е забрането а да и не забележиме.

Аллах на сите да ни подари успех во потрагата по корисно знаење и правење на добри дела. Амин

Од книгата: Верувањео на имамите на тевхидот

Автор: Ебу Јусуф Мидхат б. Хасан Алу Фераџ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.