Синото (ѓаволово) око – потеклото и значењето на овој пагански симбол

Оваа амајлија против уроци е типична во Блискиот Исток. Можете да ја забележите кај жените кои ја носат како нараквица, прстен или ѓердан. Турскиот народ ја користи обесена во нивните домови, канцеларии и во нивните автомобили.

Исто така може да се забележи и закачена на облеката на новороденчињата. Тоа треба да биде главно сина и изгледа во форма на око. Постојат различни големини, но, формата обично е кружна. Турското име за ваквата амајлија, која што се користи за заштита од уроци, се нарекува „Nazar boncuk“.

Но, што се наоѓа зад ова турско суеверие? Еднаш, многу одамна, постоела една карпа која што не можела да биде поместена ниту со динамит, ниту со силата на стотина мажи. Постоел еден маж кој што го носел „Nazar“.

По големи напори, градот успеал да го донесе до карпата и кога ги прозборел зборовите „Господе! Колку голема карпа!“, во тој момент, карпата се скршила на два дела.
Силата на ваквото ѓаволово око е широко прифатена и претставува плашлив елемент во турскиот дневен живот.

Како пример за стравот постои уште една легенда:

Кога една жена родила здраво дете со розеви обравчиња, голем број на соседи пристигнале да го видат новороденчето.

По добивањето на огромна нега, неколку недели подоцна, истото се разболува. Никакво објаснување не можело да се најде за неговата болест. Опишана е како Nazar. Токму затоа секоја турска мајка со игла, го закачува Nazar на облеката на своето новороденче. Кога истиот ќе се скрши, се смета дека на тој начин бебето е заштитено и веднаш се закачува нов.

Значи идејата е да се заштити семејството, самиот човек, куќата, и саканите. Тој може да се забележи како е закачен и на браниците на таксистите, на облеката на бебињата, вграден во темелите на модерно изградените канцеларии, згради, па дури истиот може да се забележи и на некои вебсајтови.

Турците на овој начин, сметаат дека се заштитени од сите лоши енергии. Секако овааквото паганско верување е сосема забрането во исламот.

Многу хадиси од Пратеникот, алејхи селлам, предупредуваат на опасноста од тие дела и ги сметаат за ширк(многубоштво). Имамот Ахмед, пренесува во својот Муснед, хадис во кој стои: „Кај Пратеникот, алејхи селлам, дошла една група да му даваат бејат – присега. Тој присегата ја примил од деветмина, а од десетиот не. Го запрашале: ’Прими заклетва – присега од деветмината, а овој го изостави?’ Пратеникот, алејхи селлам, одговорил: ’Тој носи запис’ – Дотичниот го извадил записот и го искинал со своја рака, а потоа Пратеникот, алејхи селлам, ја примил неговата присега и рекол: ’Кој ќе обеси запис, направил ширк на Аллах, џ.ш.“

Во друг хадис, кој истотака го пренесува Ахмед, стои: „Кој обеси запис со цел дека ќе му олесни неговата состојба, нека Аллах не дозволи да му биде лесно.“

Имран б. Хусеин пренесува дека Пратеникот, алејхи селлам, не еден човек видел запис во вид на наруквица, па го запрашал: ’Што е ова?’ ’Го направив од посебна ткаенина или кожа’ Пратеникот, алејхи селлам, му одговори: ’Тоа само те обмамува и уште повеќе ја зголемува твојата слабост. Отфли ја од себе. Ако умреш со неа на раката ќе бидеш препуштен на неа.’ Во друг ривает од овој хадис, кој истотака го пренесува Ахмед, стои: „Ако умреш со неа на раката никогаш нема да бидеш спасен.“

Аллах, џелле шануху, вели: „.. и, покрај Аллах, не моли се на оној кој не може ни да ти користи ниту да ти наштети, бидејќи ако тоа го направиш, навистина би бил неверник.“ (Јонус, 106)

Исламот забранува прибегнување кон суеверието како лек за оздравување. Секоја наука има свои стручни лица што мораат да се слушаат. А деџалите што се туркаат таму каде што не треба, муслиманот не треба да ги слуша, ниту да ги посетува или пак да верува во нивните тврдења.

Укбе ибн Амир, р.а. рекол:
“Го чув Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. како вели:
-Нема помош за оној што носи амајлија.Нема заштита за оној што носи школка! (Ел-Хаким)

И покрај тоа “медицината“ од амајлии,школки,талисмани и сихрови (магии) денеска наидува на голем прием кај луѓето!А Исламот тоа го вбројува како еден вид на ширк кон Аллах, зашто тоа е остаток од незнаењето кое вообичувло да измислува неверојатни работи. после овие јасни докази секој муслиман треба да знае дека вакви „предмети“ на среќа и „заштита“ не би требало да се наоѓаат во неговиот дом. А Аллах дава упаство.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.