Поттик за зголемување на трудот во ибадет во последните десет дена од месецот рамазан

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на сите светови, Кој наредил да се натпреваруваме во правење добро и  да ги искористиме одредените времиња пред неповратно да си заминат. Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах Единиот, кој нема соучесник во Своето господарство, божественост, имињата и особините, и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и пратеник, кој предходи и стои пред сите во правењето добро, нека бидат Аллаховиот благослов и мир на него, неговата фамилија и асхабите кои имале големи одлики и одликувања.
 
А потоа:
О луѓе, плашете се од Возвишениот Аллах и земете ја за поука брзината на минувањето на денот и ноќта. Знајте дека деновите и ноќите се пресметуваат во вашeтo еџеле и дека во нив ги складирате своите дела. Затоа складирајте  во нив дела кои ќе ве израдуваат на Денот на пресметката кога на доброчинителите ќе им се каже:
„Јадете и пијте, радосни за она што во деновите кои поминаа сте го заработиле“(Eл-Хакках, 24), а не складирајте го во нив она што ќе ве разжалости и кога невнимателните ќе кажат:
„И ќе кажат: камо среќа да се подготвев за овој живот!(Ел-Феџр, 24.)
Знајте, Aллахово робови, дека сега живеете во најдобрите денови на месецот рамазан. Веќе ни помина дваесет дена и еве не во последните десет. Кој правел добро од почетокот на месецот, нека го прави и понатаму, и нека го зголеми своето залагање во оваа благословена последна третина како би постигнал уште повеќе добра. Нека ги добие вредностите на овие денови кои се одликуваат со предност над претходните денови. Кој бил невнимателен во овој месец, нека остатокот од месецот го помине во добро. Нека се покае на Аллах поради својата негрижа и невнимателност, па веројатно Аллах ќе му го прости она што го пропуштил и ќе му даде препорака за остатокот од овој месец, бидејќи на делата се гледа според нивниот крај. Крајот делото го краси.
Аллахови робови! Овој месец се разликува од другите месеци и покрај тоа што целиот живот на муслиманот е голема прилика и скапоценост која не може да се процени. Меѓутоа, овој месец Аллах го одликувал со посебни вредности и во него пропишал дела кои ги нема во другите: наредил да се пости преку ден и тој пост го направил еден од столбовите на исламот. Тој пост посебно за Себе го одредил меѓу останатите дела, бидејќи кажал „Постот е Мој и Јас за него наградувам“ (пренесува Ен-Несаи, a Албани вели дека е веродостоен)
Возвишениот Аллах го одликувал постот со две големи одлики. Прво, си го припишал на Самиот себеcи, бидејќи рекол „Постот ми припаѓа мене“. Ова припишување наложува посебна  почест и вредност на постот; а втора одлика е дека возвишениот Аллах на себе ја превзема наградата за постот, а тоа налага голема и многукратна награда чија вистинска големина ја знае само Аллах.
Возвишениот Аллах пропишал во овој месец извршување на намаз, во ноќно време, како теравија намаз, заеднички во џамиите, а Пратеникот с.а.в.с, рекол „Кој ќе клања со имамот се додека имамот не го заврши намазот, ќе има награда како да клањал цела ноќ“(Пренесува Ет- Тирмизи, а Албани вели дека е веродостоен)
Исто така, Пратеникот, с.а.в.с., вели: “Кој ќе испости верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени поранешните гревови“ (Муттефекун алејхи )
Значи, гледаме дека времето на овој месец е исполнето со ибадет, деновите со пост, а ноќите со намаз. На тој начин кај верникот се обединуваат две борби: борба против сопствените нефси во постот и борба за време на ноќта за време на намазот.
За борба е потребно трпение (Сабр), затоа овој месец е наречен месец на трпение. Возвишениот вели:
“О, верници, барајте за себе помош во трпеливоста и во намазот (молитвата)! Аллах навистина е на страната на трпеливите!“ (Ел-Бекере,153 )
Ел- Бегави, Аллах нека му се смислува, вели: “Месецот рамазан е наречен месец на стрпливоста, а српливоста во основа означува дека човек се воздржува во постот, то ест се воздржува сам себе од храна и останати уживања.
Кој ќе ги обедини овие две борби и во тоа покаже стрпливост, ќе му биде исплатена неограничена награда. Оној кој  изоставува теравија намаз поради мрзеливост, го запоставил правото  кое е одредено за ноќта на рамазанот и не се стрпил во едниот од овие два џихади, па на тој начин на себе си ја ускратил оваа голема награда, па нека на тоа обратат внимание луѓето кои што ги гледаме дека не клањаат теравија намаз во текот на целиот  месец РАМАЗАН ИЛИ ВО ПОВЕЌЕТО ОД НОЌИТЕ. Иако некогаш клањаат, не го прават тоа секоја ноќ во континуитет за да добијат целосна награда поради практикувањето на рамазанскиот намаз.
Возвишениот во овој благословен месец пропишал што повеќе да се учи Куранот. Возвишениот вели:
„Во месецот рамазан почна објавивањето на Куранот“(Ел-Бекаре, 185)
Посебното одредување на објавувањето на Куранот во овој месец означува и посебна вредност на учењето на Куранот во овој месец. Затоа, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, во овој месец особено повеќе го учел Куранот.
Во сахихите се наведува: „Џибрил, а.с., му доаѓал на Пратеникот, с.а.в.с., секоја ноќ во месецот на рамазан и го подучувал на Куранот.“
Џибрил е најдобриот мелек, а Мухаммед, с.а.в.с., е најдобриот пратеник и меѓусебно се подучуваат на најдобрата книга во овој најдобар месец. Сето тоа  ни укажува на вредноста на учењето на Куранот во однос на нашето учење во другите месеци, иако учењето на Куранот е потребно во секое време и за тоа постои секогаш голема награда. Меѓутоа, наградата за учење на Куранот во овој месец се зголемува повеќе отколку во останатите месеци. Исто така, Џибриловото, а.с., подучување на Пратеникот, с.а.в.с., ни  укажува дека човекот кој  знае на памет одредени делови од Куранот пофално е да ги учи пред оној кој знае да учи Куран подобро од него како би се здобил со корист  од неговото усовршување и учење.
Учењето на Куранот во месецот рамазан подразбира негово учење на теравија намаз, ноќен намаз, како и учење вон намазот.
Асхабите, р.а., долго го учеле Куранот на техеџуд. Понекогаш учененикот учел две стотини ајети на еден рекат така да се потпирале на своите стапови поради долгото стоење.
Сето ова го споменавме како би ја приближиле  и укажале на вредноста на намазот на луѓето кои се неодговорни кон потполното извршување на намазот, на кои истиот им претставува тешкотија. Имамот треба да пази на состојбата на оние кои ги предводи во намазот, но тоа не значи дека тој треба намазот да го извршува набрзина и пребрзо да го учи Куранот со што би го расипал неговото учење. Всушност, со ова се алудира на умереноста која го обединува потполното извршување на намазот и неотежнување на клањачите со правилно учење од кое корист ќе има муктедијата и кон кого срцата ќе им чувствуваат понизност.
Намазот треба подеднакво долго да се извршува од почетокот до крајот на месецот, бидејќи некои имами брзо го учат и го отежнуваат намазот на почетокот на месецот се додека не завршат со хатмата на Кур’ анот, а кога ќе ја завршат, тогаш лесно се однесуваат кон намазот во преостанатите рамазански ноќи кои всушност представуваат најдобри ноќи во месецот рамазан, а тоа се неговите последни ноќи.
Алахови робови! Целта на теравија намазот и ноќниот намаза во рамазан не е учење на хатмета, ниту учењето на довата која е подготвена за хатмето, туку целта е да сите ноќи на овој месец се исполнат со клањање намаз, а хатмета доаѓа како последователна работа и, во основа, на неа не е ни алудирано.
Доколку Куранот во целост не би бил проучен, а правилно се изврши намазот во сите ноќи од рамазанскиот месец, со исправен ниет, наградата ќе биде потполна, иншаАллах.
Доколку би се проучило хатмето со искрено извршување на намаз и учење, или со изоставување на учењето во останатите ноќи, наградата не би била целосна онолку колку тоа дело би било намалено.
Возвишениот Аллах пропишал во овој благословен месец што повеќе вложување труд во последните десет дена, бидејќи тоа се ноќи кога оние кои заслужиле оган биваат ослободени од него, доколку се покајат од гревовите и вложат максимален напор во овие ноќи, со добар ниет. Исто така, овие ноќи се ноќи во кои Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, вложувал повеќе труд отколку обично, ги  поминувал ноќите  во ноќен намаз, правел итикаф во месџидот посветувајќи се само на ибадет во овие ноќи и денови. Заложувањето во овие ноќи представува поведување кон Пратеникот, с.а.в.с., и практицирање на зборовите на Возвишениот:
„Вие во Аллаховиот пратеник имате прекрасен пример за оној кој се надева на Аллаховата милост и кој се надева на наградата на оној свет, и кој често го споменува Аллах“(Ел-Ахзаб, 21.)
Исто така, ова се ноќи во кои се бара Ноќта на кадерот за кој Возвишениот вели:
„Ноќта кадр е подобра од илјада месеци“ (Ел-Кадер, 3.) то ест делото во оваа ноќ подобро е од дела направени во илјада други месеци во кои ја нема Ноќта кадр. Пратеникот, с.а.в.с., вели : „Кој ја помине Ноќта кадр во намаз, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени претходните гревови“(Пренесува имами Ел-Бухари и Муслим )
Наградата за извршување намаз сигурно ќе дојде доколку човек го клањал секоја ноќ, а посебно во последните десет дена од месецот рамазан, бидејќи во нив постои поголема веројатност дека ќе се пронајде Лејлетул-кадр и поголема можност дека ќе ја поминеме во ибадет. Не е прецизно одредено која ноќ е Лејлетул-кадр, бидејќи Возвишениот Аллах ја сокрил за да неговите робови  што повеќе вложат труд со цел за нејзино пронаоѓање, и како би извршувале намаз  во сите ноќи на овој месец во потрага по неа. Така ќе имаат многу добри дела, а и награди, а со тоа се прави разлика помеѓу оној кој е вреден и оној кој е мрзлив. Муслиманот кого Аллах ќе го упати на добри дела во овој месец и кој ќе помине низ сезоната на милоста, простувањето и ослободувањето од оган, па ќе ја помине Ноќта на кадр верувајќи и надевајќи се на награда, има голема можност и најпрв е да ги  здобие сите добра на овој месец. На тој начин постигнува високи степени поради она што го правел во изминатото време.
Пратеникот, с.а.в.с., ги поминувал последните денови од месецот рамазан во правење добри дела, како што се целоноќно клањање намаз, техетехеџуд намаз, ја будел својата фамилија на намаз, а тоа денес го запосатавиле многу луѓе кај своите семејства и деца, кои ги оставаат да ги пробдеат ноќите во забава и игра, распуштени по улиците или седат дома гледајќи филмови и серии и слушајќи музика во текот на сите рамазански ноќи. Тие немаат друга корист од рамазанот  освен што заработуваат гревови, а кога ќе се раздени тогаш заспиваат во сон така да не ги клањаат ни обврзните намази, бидејќи се воспитани во непочитување на рамазанот, а тоа е резултат на нивната запуштеност од страна на родителите и старателите. Одвратно е таквото воспитување и гадно е таквото старателство!
Возвишениот Аллах на Судниот ден ќе ги праша  за запоставувањето на оние кои требале да ги чуваат и за занемарувањето на своите лични одговорности.
Пратеникот, с.а.в.с., вели: „Секој од вас е чувар и секој од вас е одговорен за она што чува“( Муттефекун алејхи)
Пратеникот, с.а.в.с., во последните десет дена од месецот рамазан особено практицирал итикаф, а тоа значи постојан престој во месџид поради ибадет и не излегување од него освен поради нужна потреба, а потоа повторно враќање. Пратеникот, с.а.в.с., одел во итикаф во последните десет дена  прекинувајќи ги  на тој начин сите свои обврски, ослободувајќи ги своите мисли од секојдневието и осамувајќи се поради контакт со својот Господар,  Негово спомнување  и  упатување дови Нему.
Затоа, потрудите се, Аллах да ви се смилува, во овие последни десет дена  кои се завршеток на овој месец и во кои постои најголема веројатност дека Ноќта на кадрот е во нив, даги поминете во ибадет. Што повеќе седите во џамиите поради зикр и учење на Куранот, доколку не сте во можност да правите итаикаф. Возвишениот Аллах вели:
“И поитајте кон прошката од вашиот Господар и џеннетот широк колку небесата и Земјата, подготвен за богобојазните! За тие што даваат, и кога се во изобилие и кога се во оскудност, кои гневот си го совладуваат и кои на луѓето им простуваат. А Аллах ги сака добродетелите.И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат – а кој ќе ги прости гревовите ако не Аллах? – и кои свесно во гревот не истрајуваат! Тоа се тие чијашто награда е прошката од Господарот нивен и џеннетски градини под кои реки ќе течат, каде што вечно ќе останат. Прекрасна ли е наградата за тие што така постапуваат!(Али Имран, 133-136.)
Аллах, нека не благослови  и нас и вас со цитираните ајети од Куран-керим. Барам прошка од Аллах, а и вие барајте прошка од Него, бидејќи Тој простува и сомилосен е.
Преведено од: Минбер.ба

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.