Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот

10849871_10152918392024089_1668099054861853293_n

Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот

Куранот ги споменува следниве чудеса на Месијата:

Уште додека бил во колевка зборувал како возрасен човек : „Тој ќе им зборува на луѓето уште во колевка, а и како возрасен, и честит ќе биде.“ (Али Имран 46).

И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. ‘О Мерјем[1]‘-рекоа тие- ‘нешто нечуено си сторила! Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а мајка ти не беше блудница’. Таа него им го посочи- ‘Како да зборуваме со дете во колевка’- рекоа тие. ‘Јас сум Аллахов роб-рече тој- Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи’. “ (Мерјем 27-30)

Од глина направил облик во форма на птица и кога вдахнал во неа, таа, со Божја волја, се претворила во вистинска птица. Исцелил човек кој бил роден слеп. Ги лечел лепрозните. Оваа болест била многу раширена меѓу Евреите и предизвикувала големи проблеми, ако го земеме предвид верозаконикот кој тогаш постоел во еврејското општество. Овие чудеса во Куранот се споменуваат во следните зборови на Возвишениот: „Кога Аллах ќе каже: ‘ О Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатта Моја кон тебе и кон мајката твоја: кога со Џибрил[2] те помогнав, па со луѓето уште од колевка и како зрел маж разговараше; и кога на писменост и на мудрост, и на Тевратот[3] и на Инџилот[4] те научив; и кога со волјата Моја од глина направи нешто како птица и вдахна, и кога таа со волјата Моја стана птица; и кога со волјата Моја од раѓање слеп и лепрозен исцелуваше; и кога со волјата Моја мртвите ги креваше; и кога од тебе синовите Израилови ги одбив, кога јасни докази им донесе, па тие меѓу нив кои не веруваа-викнаа: ‘Ова не е ништо друго туку вистинска магија.’ “ (Ел Маида 110). На луѓето им говорел што да јадат и што да складираат во своите домови.

На тоа укажува и следниов Курански ајет: „И ќе ви кажувам што јадете и што во домовите ваши натрупувате!“. (Али Имран 49). Од небото им спуштал на луѓето трпеза. Од оваа храна јадел тој и неговите придружници, а за тоа посведочува овој ајет: „Иса, синот Мерјемин рече: ‘ О Аллах, Господару наш, спушти ни од небото трпеза да ни биде празник, и на првите од нас и на подоцнежните, и чудо Твое, и снабди нè, а Ти си најдобриот Снабдувач.’ “ (Ел Маида, 114).

Превод Асија Н. Ислам

[1] Марија

[2] Гаврил

[3] Тора

[4] Евангелието

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.