Што рекол Ламартин за Мухаммед а.с.

Ако важи правилото дека човечкиот гение се мери према крајниот домен и восхитувачките резултати, кој може да се осуди било кој од великаните на модерната историја да го спореди со веровесникот Мухаммед, с.а.в.с., и неговиот гение, покрај малобројните средства со кои располагал?

Познатите луѓе од модерната историја изработувале оружје, воспоставувале закони, основале империи, а ја збирале само преодната слава која пред нив се распишувала. Меѓутоа, Мухаммед, с.а.в.с., не водел само војска, не воспоставил само закон, основал империја, победувал народи и смирувал владатели, туку предводел милиони луѓе, што во даденото време, го чинеле третина од светот. Покрај тоа, тој пресудил на киповите и празноверјето, па на погрешните верувања, мисли и уверувања.

Мухаммед бил трпелив и одлучен се додека ни ја дочекал Аллаховата помош и реализира победа. Сите негови желби биле свртени кон една цел. Тој не сакал да основа империја или нешто слично. Ниту во неговиот намаз, ниту во враќањето кон Господарот, односно во неговата смрт – па дури ниту во успехот после смртта – во сето заедно, нема ниту траг на лажење и обмамување, туку се јасно укажува на цврсто верување кое на Веровесникот му давало снага и моќ да ја зацврсти верата која се дели на два дела: верување во единственоста на Бога и верувањето дека кај Возвишениот Бог нема ништо акцидентално. Првата половина го објаснува едно Божје својство (се разбира тоа е Едноста), а другата половина укажува на она по кое Возвишениот Бог може да се опише, а тоа е она матерјалното. Поради реализирање на првата половина, било неопходно со сабја да се пресуди на другите богови, а што се однесува на другата половина, тоа побарувало зацврстување на уверувањето на зборовите, мудроста и убавиот совет.

Тоа е Мухаммед  говорник, веровесник, законодавец, воин, човек кој бил над своите побарувања, кој ги трасира мисловните правци на повикувања во вистинско обожување без кипови и празновериа. Он е основач на дваесет земјини и една духовна империја. Тоа е Мухаммед. Со оглед на параметрите на човековата величина, сакаме да прашаме: Има ли, воопшто, некој поголем него што бил Мухаммед?

„ …Ако се земе во предвид големината на целта, малата количина на средства и грандиозноста на резултатот, како три мерки на човековиот гение, кој тогаш, би се осудил со Мухаммед да го спореди еден голем човек од модерната историја.“

Алфонс де Ламартин (полно име: Alphonse-Marie-Louis de Prat de Lamartine) е француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се „“Поетски размислувања“, „Поетски и религиозни хармонии“, „„аслен“ и „“Пат на исток“.

„Другите за исламот“ Ајни Синани

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.