Како ќе го победиш ѓаволот во себе?

150px-creatures-vampiric_pharaoh

Затоа, Иса а.с. рекол: „Не гледајте во туѓите гревови како вие да сте господари на животот и смртта, туку гледајте на своите гревови како да сте робови. Луѓето можат да бидат искушани во добро и зло, па смилувајте се на оние кои се искушани со зло, а заблагодарувајте му се на Аллах на доброто.“

Во многумина од нас се крие мал фараон кој кога и да му се укаже прилика извикува: „Јас сум господарот ваш најголем!“ (Ен Назиат, 24), па затоа му треба Муса, а.с. да го предупреди и да му каже: „Дали сакаш да се очистиш, кон Господарот твој да те упатам, па да се плашиш од Него?“(Ен Назиат, 18-19)

Муса, а.с., како и сите други Аллахови пратеници пратени се да го скротат тиранскиот егозиам и кај луѓето да изградат понизност кон Аллах и пред Аллах, џ.ш. Суштината на нивното пратеништво е робување само на Единствениот Аллах и оставање на робувањето на лажните божества и идоли, сеедно дали се тие олицетворени во луѓе, камења или дрвја. Затоа сеџдата е врв на понизноста и највеличенствен израз на ибадет и покорност кон и на Аллах.

Токму поради таквото разбирање на ибадетот Муса, а.с. се пазел од раскошот на фараонските дворци и му дал завет на Аллах дека ќе биде далеку од нив, на што алудира ајетот: „Господару мој,“ – рече – „поради тоа што благодати ми укажа, никогаш повеќе нема на злосторниците од помош да им бидам!“(Ел Касас, 17)

Затоа како што не известува Куранот решително застанал на страната на слабите и потчинетите и се борел против ригидниот фараонски расизам кој се искажувал кон Бену Исраил.

Врз основа на природна интелигенција Муса, а.с. заклучил дека тогашното патријархално општество не се интересирало за проблемите на жените, па застанал на нивна страна и им помогнал на двете сестри да ја напојат стоката, и покрај острите и сомнителни погледи на мажите кои ја набљудувале таа глетка. Тој исто така со задоволство прифатил да чува овци кај својот дедо за да на тој начин го исплати венчаниот дар (мехр) на својата сопруга.
Познато е дека овчарите поседуваат благост, сомилост и смиреност. Сите Аллахови пратеници чувале овци, па така и Мухаммед, с.а.в.с., кој ги чувал на падините на Мекка. Навистина, чувањето овци предизвикува понизност, сомилост и сталоженост и создава чудесна врска на љубов, блискост и запознавање.

И не е тогаш чудно што Муса, а.с., во текот на разговорот со Аллах, опширно ја објаснувал целисходноста на стапот кој го поседувал. Објаснил дека со стапот се симнуваат лисјата од гранките за овците и дека на стапот се потпира во одењето бидејќи инаку многу би пешачел, бегајќи од зулум, барајќи сигурност, враќајќи се кон својата мајка и семејство и чувајќи овци, што се  заедно го симболизира воспитувањето втемелено на понизност.

Колку што е познато од веродостојни преданија Муса, а.с., само еднаш ја употребил заменката „Јас“ и тоа тогаш кога некој човек го прашал додека Муса, а.с., држел говор: „Кој е најучен човек на Земјата?“
Муса, а.с., му одговорил: „Јас“. Секако, Муса, а.с,. немал право тоа да го каже, па Аллах, џ.ш., го укорил поради тоа, бидејќи знаењето како такво не го препишал на Аллах и не рекол „Не знам“ или барем да рекол: „Аллах најдобро знае!“

После тоа Аллах му објавил: „Има еден роб кој живее на брегот на две мориња, тој е поучен од тебе.“ Тоа бил Хидр. Нема сомнение дека Муса, а.с., бил подобар од Хидр, бидејќи тој е во категоријата на одбрани Аллахови пратеници (Улу-л-азм), а Хидр бил веровесник на кого Аллах му дал знаење за некои споредни работи, а кои не ги дал на Муса, а.с.. Но, во овој пример како да има алузија на покуденоста на брзиот одговор на Муса, а.с., на прашањето за најучениот човек.

Интересно е исто така дека Муса, а.с., немал доволно трпение во текот на учењето од Хидр па го укорил Хидр што го продупчил бродот кој луѓето ја употребувале за превоз плашејќи се да не се удават, потонат во таков брод. Како Аллах да сакал да го потсети на неговото детство и моментот кога како новороденче бил фрлен во морето ама не се удавил, туку тоа фрлање во морето било спас за Муса, а.с., од фараоновите тирански раце. И ова на Муса, а.с., му се смета како заборав.

Меѓутоа, самиот факт дека Муса, а.с., се борел против зулумот и угнетувањето на фараонот и го поразил, а Хидр пак  се задоволил со тоа да  го сочува имотот на сиромасите и угнетени луѓе, најдобро ја одсликува огромната разлика помеѓу нив двајца.

Муса, а.с., му се покорил на Хидр и поради убиството на расипаното дете и како во тоа да има предупредување на тоа дека фараоновото убивање на децата на Бену Исраел, иако само по себе е злосторство, сепак е составен дел од Аллаховиот кадер (Судбина) чии тајни никој не може да ги сфати освен оној на кого Аллах ќе му даде знаење за тоа. Или пак во тоа се крие предупредување до Муса, а.с., за убиството на Коптот кое не му било наредено, но дека зад тоа стои Божествена тајна која Муса, а.с., не ја знаел. Можеби да останел жив, тој човек ќе ги угнетувал луѓето, ќе ширел неверство во општеството и ќе бил пречка на патот на повикот на Муса, а.с., на Вистинскиот пат, што може да се сфати како олеснителна околност за Муса, а.с., поради таквиот чин.

Муса, а.с., исто така не можел да се стрпи ни кај Хидровото издигање на ѕидот под кој било скриено богатството кое им припаѓало на двете деца без никаква надокнада, а освен тоа, жителите на тоа место одбиле да ги угостат.
Иако тој не ја сватил постапката на Хидр, Аллах како да сакал со тоа да го потсети на неговата постапка кога ја напоил стоката на двете девојки во Медјен, каде Муса, а.с., бил странец, прогонет, кој немал никаде никого, па му упатил дова на Аллах, џ.ш.: „Господару мој, дај ми било каква опскрба, навистина ми треба!“
Мухаммед, с.а.в.с., рекол: „Како сега да го гледам Муса, а.с., како става прсти на уши и учи телбија поминувајќи низ оваа долина.“ (Муслим)

Понизноста и побожноста се тајна на успехот и остварување на предноста пред другите и токму затоа Муса, а.с., врз основа на мислењето на повеќето научници, е третиот човек по вредност општо, после Мухаммед, с.а.в.с., и Ибрахим а.с.

Муса, а.с., пред да стане Пратеник убил еден Копт кој злоставувал еден Евреин, но на тоа немал право. Затоа цел живот барал прошка од Аллах за таа постапка иако Аллах му простил. И после смртта, на Судниот ден кога луѓето ќе доаѓаат да бараат од Муса, а.с., да се завземе за нив, тој ќе се сети на тој свој грев и барајќи оправдување од луѓето ќе рече: „Јас убив човек, а не ми беше наредено.“

Многумина од нас прават гревови како рид ама после ги забораваат или за нив не знаат бидејќи гревовите се врзани за срцето но затоа пак ептен се сеќаваме на  гревовите на другите луѓе како самите да сме господар пред кој ќе се полага сметка.

Затоа, Иса а.с. рекол: „Не гледајте во туѓите гревови како вие да сте господари на животот и смртта, туку гледајте на своите гревови како да сте робови. Луѓето можат да бидат искушани во добро и зло, па смилувајте се на оние кои се искушани со зло, а заблагодарувајте му се на Аллах на доброто.“

 

Извор: Сафф.ба

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.