Зошто така се облекувам?

islamic_veil_3

Изморена од постојаното оправдување и објаснување на другите, а малку и изреволтирана поради понижувањето и омаловажувањето на жените за кои што, толку и не се зборува, сметам дека  најверојатно е потребно малку да се „сврти“ приказната…

Кога пред општината една жена со диктафон ми поставуваше разни прашања (малку и провокативни) за мојот хиџаб, трпеливо и одговарав на секое.

Не ми беше жал за тоа, бидејќи се надевам дека подобро го разбрала хиџабот, но набргу потоа почнав да се прашувам зошто тоа постојано е така? Зошто, ние муслиманките, постојано на некого се правдаме за својот хиџаб? Зошто сите објаснувања ги пакуваме во аршини на западот кога секако не не разбираат?

 

(Оправдувања како: „Јас сум покриена, но сакам да одам на шопинг!“, „Јас под облеката убаво се облекувам, како и вие!“, толку да излезе дека не постои разлика помеѓу покриените и непокриените – освен, ете, таа облека – како да хиџабот е само тоа! Да не зборуваме за сестрите кои што своите хиџаби но и ахлаци – ги пакуваат во „модерни“ аршини, дали поради непрежалената тага кон минатото, или поради прифаќањето од страна на „кул“ откриените другарки – незнам.)

Зошто се молчи кога се гледа голо тело на една жена, употребено како алатка за привлекување на луѓе? Зошто е така облечена, или подобро кажано соблечената жена е нормална појава во секојдневието, а покриената, Ви се молам, е ненормална?

Зошто жената е таа која што се појавува на секоја реклама, сеедно дали е на фотографија или видео – почнувајќи од рекламата за када, во која што таа се бања покажувајќи ни го квалитетот на истата (?!), преку реклами за теписи, бидејќи не би знаеле колку е мек и убав на допир кога таа тоа не би ни го покажала, па се до понижувачките саеми за автомобили, каде што планирано се носат „најдобрите риби“ за да привлечат разни муштерии! Чудно е што со автомобилот не доаѓа и гратис девојката! Кој ги натерал тие сироти девојки на тоа? Кој ги тера да бидат на тие саеми? Зошто тоа никој не го прашува?

Зошто си ти, пријателке моја, така облечена? Кој те натерал да облечеш тесни фармерки кога знаеш колку се штетни по здравјето? Кој те тера да ставиш еден килограм пудра, тесна маица…кога за секое од тоа ја знаеш потенцијалната штета? Докторите, на пример, преку лето препорачуваат долги ракави и непрозирни материјали, а не синтетика која што се залепува врз телото, особено врз голата кожа која што толку ја изложуваш на толкава прашина, канцерогени сончеви зраци и нечистотија (доколку приказната за моралот ја оставиме на страна). Но кој се докторите, кога модните списанија советуваат сосема друго!

Тесни маички, шорцеви, мини здолништа… па и ако се коси со здравиот разум, тоа го носи новата девојка на позната филмска ѕвезда! Тоа го носи Бијонсе, која што го рекламира новиот руж! Или можеби Меган Фокс во својата најнова кампања на Авон! Тие високоразвиени самонаречени авторитети ќе ти кажат што е сега хит!

Кажи ми, како го ставаш во чанта целиот срам кога чекориш на плажа, облечена во нешто што покрива само 10% од твоето тело? Па, ако е нормално, облечи го и вечерва на излегување! Или кога одиш во супермаркет… Не можеш? Срамот го вадиш од торба кога ќе се вратиш од море, по што го облекуваш она за што повеќето мислат дека е скромно – тесни фармерки кои не само што се штетни, туку и изгледаат невкусно – тесна маица. Кога сме веќе кај фармерките, зошто ги носиш и кој те тера на тоа? Зошто сите морате да носите фармерки? Зошто еднаш не бидат во мода долги ракави? Зошто е тоа АУТ?

И на крајот, зошто ние се мачиме да одговориме на Вашите (често понижувачки) прашања за својот хиџаб?

Зошто, и дали сме Ви поблиску кога ќе ја „стегнеме“ половината на нашиот џилбаб, направиме пунџа од шамијата и ставиме некој грам на шминка (од некоја нова реклама)? Зошто, и на кого ние воопшто се правдаме?

А Аллах упатува на вистинскиот пат…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.