Жената помеѓу две гилотини

7451
Пред современата цивилизација во Европа, жената на Западот не живеела живот полн со разголување, пороци, расипаност, без морал, етика, туку во фамилијарни и верски врски. Дури и пред појавата на индустриската револуција, таа живеела со чесен и невин живот. Не се мешала со (непознати) мажи на работа, на школо, ниту дома.
Жената на западот не се облекувала во кратка облека, ниту своите украси ги покажувала на мажите, и воопшто со такви интимно не се зближувала. Останувала дома или во градината околу куќата, водејќи грижа за обврските околу децата, сопругот и семејството.
Да, европскиот човек жената ја гледал со презир, со понижување и со помалку вредност. Меѓутоа, не и дозволувал да ја валка честа односно невиноста. Тоа е она на што се пазело и што се ценело кај неа.
Општопознато е дека развратот (блудот) е забранет во сите верозакони: кај евреите, христијаните и муслиманите. Нема да најдеш ниту  една заедница која  води грижа за етиката и моралот, па дури и ако нејзините припадници не се во исламот, а да не го забранува блуд и да не го казнува извршителот на таквиот престап.
Животот во Европа бил под власта на црквата и монасите кои ја искривиле и ја измениле својата религија. И покрај тие искривувања, Црквата зачувала некои свои исправни начела како што е забрана на зиналук и казнување на извршителот. Така и жената ја чувала својата честитост  и невиност.
Меѓутоа, тиранијата на свештениците станала причина за будење и појава на омраза кон црквата, верниците, па и самата вера кај западњаците. Така со француската револуција  Западот во потполност ја одфрлил верата убивајќи ги свештениците и монасите кои ја искривувале верата. Но со тоа го одфрлиле и зачувувањето на честа и чесноста кај жената. Така жената излегла од своите дворови и тврдини кои ја чувале од шејтанските сплетки кои имале за цел да ја одвојат од вредностите на семејството, етиката и моралот. Ја губи верата која иако искривена сепак забранувала некои покудени работи.
И тоа била првата причина за нејзиното пропаѓање.
Втора причина за пропаѓањето на моралот на жената на Запад наоѓаме во тоа што после појавата на индустриската револуција, луѓето се упатиле кон градовите поради барање опскрба (снабдување) и подобри услови за живот, оставајќи ги жените во селата сами, без надзор и обскрба.
Така жената била приморана да се упати кон градот барајќи обскрба и средства за преживување. Поради големата потреба од работа, таа станала лесен плен на работодавците, и тоа за половина помала надокнада иако работела исти работи како и мажите. Таму жената се нашла сама, без семејство и без некој близок. Во тие градски услови секој бил натоварен со работа и обврски.
Жената била сама по становите, сама живеела, сама за себе се грижела и своите потреби со свој труд ги исполнувала. Од тие потреби е и потребата за спротивниот пол, потребата за човек кој ќе ја штити и ќе и помага во нејзините посакувања. Накратко, имала потреба за сопруг.
Кога условите во градот станале сурови, кога настанала потреба за напорна работа и труд за да се преживее, луѓето и жените меѓусебно не наоѓале сочувство и вистинска љубов. Во такви услови жената тешко наоѓала човек со волја за брак, бидејќи бракот подразбирал и нови обврски и додатни трошоци. Поради такво размислување на луѓето, и општата ситуација, таа се впуштала во пороци и разврат без никакви граници. На тоа и допринело и ситуацијата од непостоење на законик кој тие гадости би ги забранил. Некои жени не можеле да најдат вработување што некои го искористиле за формирање на јавни куќи во кои проституцијата се проширила и станала втора причина за уништувањето на жената на Западот.
Жената на Западот ја изгубила врската со верата, етиката, семејството и родбината. Имала обврска на 18 години да ја напушти фамилијата. И било дозволено да биде со кој сака. Нејзиниот татко немал право во тоа да ја спречува. Дури и ако во нешто ја спречувал, таа била таа која имала право да се пожали на обвинителството. Не можел да и ја ускратува нејзината „слобода“, а таа слобода подразбира и правење разврат.
Така жената излегла од границите на човечките и верските вредности. Измамена е со лажната слобода, доведена во заблуда со лажните задоволства, помислила дека сама со себе управува после тоа што била во робство на мажот, уверена дека стекнала своето ускратено право. Излегла, се придвижила, се оддалечила од секоја врска и правела што сака.
А каков резултат испаднал од сето тоа?
Девојка со наполнети 18 години живее живот без  било чиј надзор. Времето го минува како сака и со кого сака. Мажите ја искористуваат за задоволување на својата страст. Таа е предмет користен во филмовите, модните списанија, реклами, насловните страни на магазините, јавните куќи и др.
Ја уништувала својата младост и убавина. Но, кога староста се наближува и убавината неповратно заминува, нејзината заедница ја остава да живее во прифатилишта. Ако нема заштедени пари, останува сама дома без никој кој би ја сакал, освен кучето кое и е единствена забава со која настојува да ги надокнади изгубените чувства.
Сфаќа дека е измамена и изиграна, дека сите околу неа и свртиле грб. Што се проживеала? Тогаш открива дека се наоѓа во општество кое не ги познава правата на жената ниту го чува нејзиното достоинство. И станува гадно се околу неа.
Поради сета таа омраза кон заедницата, таа сиот свој имот му го остава на своето куче.
Не препознава ниту една личност околу себе на која би можела да и направи добро и своето наследство да му го препушти. Па дури ни дел од своето наследство! На неа животните и се подобри и поважни! А како и не кога во тој пес наоѓа доверба која не ја наоѓа кај луѓе околу себе? Па дури ни во своите деца? Се отуѓиле од неа и кон неа непријателски се однесувале. Не сакала да знае за нив, па сега ни тие несакаат да знаат за неа. За добротворство кај нив се сметало кога некој еднаш годишно ќе и прати честитка по повод некој празник.
Колку ли само на жената од Западот и се ускратени нејзините права и колку страв претрпува?!
Се искористува на сите можни начини! Работодавецот никогаш нема да и отстапи работа додека не му дозволи да спие со неа. Изложена е на искористување, на грабеж, убиство и нема кој да ја заштити освен мртвиот закон полн со недостатоци.
А сето тоа се случува поради нејзиното мешање со мажите и не останување дома. Секој поглед на вистинската состојба на жената на Западот предизвикува сожалување и болка во срцето, поради човечката алчност и неправда.
Бидејќи жената на Запад…
Да, таа на прв поглед е слободна. Но, во стварноста е заробена. Излезена  од границите на чедноста и моралот и премината во стегите на пороците  и срамотата.
Не е се што не ограничува покудено бидејќи мора да постои нешто што ќе го регулира злото на нашите души, злото на нашите посакувања и злото на оние околу нас. Тоа се границите на верата и моралот. Во тие граници човекот добива благодет на сигурност, просперитет и среќа. Ако ги нема тие граници, животот на синовите Адемови оди во пропаст.
Да погледнеме како мало дете ита да си поигра со се, па дури и со она што ќе му наштети. Да ли ќе му го дозволиме тоа? Одговорот е, секако НЕ! Ние возрасните подобро знаеме што е добро за него. И нашиот Возвишениот Господар, Кој не создал, Тој најдобро знае што е добро за жената. И кога и пропишал приврзаност кон куќата и грижа за децата и семејството, и наредил да се покрие и да биде чедна, и забранил разголување и покажување на своите украси, со тоа не и ускратил ниту едно нејзино право.Тоа е добро за неа, а се друго не е. Нејзиното седење дома ја штити фамилијата од раскол и проблеми. Во куќата донесува сомилост и љубов. По враќање дома мажот во неа гледа ревност и залагање. Му спремила се што сака. Младата жена добива нежност, заштита, воспитување, штит од секој пакосник, со што и цела заедница се штити од пропаст.
Нејзината грижа за хиџабот/покривањето
Ја штити од залутаните погледи на оние чии срца се болни од злобата на злонамерниците и други зла. Ја чува во углед и чедност.
Навистина жената муслиманка  под закрила на исламот живее достоинствен и горд живот. На мажот му е обврска да и обезбеди опскрба, било да е татко, брат или сопруг. Ако нема сопруг, тогаш властодржецот за неа е задолжен.
Исламот наредува доброчинство кон жената било да е девојче, мајка или сопруга. Кога ќе порасне (кога ќе стане мајка), нејзините права се уште поголеми.
Мора да и се прави доброчинство, а непослушноста строго се забранува. Возвишениот Аллах рекол:
„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ – и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит!“ (Ел Исра, 23)
„Биди внимателен и покорен кон нив, и кажи: „Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!“(Ел Исра, 24)
Така исламот на мајката и на постарата жена и придава посебно внимание, давајќи и посебно место и степен, каде целата заедница ита да и биде на услуга. Тоа го гледаат како обврска кон неа а не како привилегија.
Едно од правата на жената е на себе да си избира сопруг. Од знаците кои укажуваат за грижата на исламот за жената е и тоа што е спомената во повеќе сури и многу ајети, како во сурата Ел Бекара, Ел Ахзаб, Ен Нур, Ет Талак.
Дури, што повеќе, толку им се придава внимание па некои сури се наречени по нив како сурата Ен Ниса, Мерјем…
Исламот го „потчинил“ човекот да и служи на жената надвор од куќата, во замена за нејзиното служење кон него дома. Човекот е обврзан да и обезбеди  опскрба, па дури и кога таа би го поседувала целиот овосветски имот.
Таа не е е обврзана да му обезбеди ниту еден денар, освен со драго срце и со слободна волја.
Посебно голем благослов и почест на жената е тоа што Возвишениот спомнува како ајет (доказ), па вели:
„И еден од доказите Негови е тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци за луѓето што размислуваат.“ (Ер Рум, 21)
Ако исламот учи дека жената треба да остане под старателство на човекот, тоа е поради Аллаховата милост кон неа. Жената се обидела да се грижи сама за себе, и над неа нема „надзорници“ ниту чувари, па денес…
Погледнете што жената на Западот се проживува од стравови, несигурности, непријатности и тешкотии само да ги обезбеди своите потреби.
А што се однесува до жената во исламот, мажот е за сето тоа е одговорен. Жената ужива во рахатлукот и спокојот. Ниту за нешто се плаши, ниту се загрижува. На жената е да биде свесна дека Аллах ја одредил да биде под заштита на мажот, да има старател, и дека Аллах најдобро знае што е добро за неа. Праксата потврдила дека единствено така е исправно.
Ова е една кратка споредба на жените на Западот со жените во исламот.
Докажано е дека се лажни изјавите кои жената ги слуша и во кои се прикажува дека правата на жените во исламот се ускратени, како таа е затвореник, во темнините на обврската за покривање и оддалеченоста од мажи.
Но, ако девојката ја перципира ситуацијата со разум, мудрост и иман, ќе сфати дека ќе биде лишена од своите права доколку се впушти во следење на мислењата на оние кои повикуваат во одкажување од моралните вредности.
Возвишениот Аллах вели: „Во куќите свои престојувајте и убавината своја, како во дамнешното паганско време, не покажувајте ја, и намазот извршувајте го и зекат давајте, и слушајте Го Аллах и Пратеникот Негов!(Ел Ахзаб, 33)
Затоа жената муслиманка мора да биде внимателна, да не се поведе по примерот на западните жени, особено откако сфатила што се, тие жени проживуваат од потешкотии, душевни и  морални страдања и проблеми од заедницата, па да му се  заблагодари на Аллах што ја поштедил од тоа и што и дал да живее  во верска заедница  која го сака Аллах и Пратеникот, с.а.в.с, заедицата која е грижлива околу начелата на возвишената вера, и да не ја доведува во заблуда сето она што гледа кај „цивилизацијата“ на западната жена. Бидејќи, во позадина на таа цивилизација има многу негативности, страдања и погубности од кои некои ви спомнав.
Шејх Хафиз Имад ел Мисри

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.