Дали сте знаеле дека срцето мисли и памти?

heart-attack-copy

Дали знаете дека научниците откриле дека срцето мисли, учи мудрост и содржи невролошки центар кој памти податоци. Срцето содржи 40000 нервни ќелии кои формираат вистински мозок. Големиот број на ќелии како да потврдуваат дека срцето може да сака и да мрази, односно да биде тажно и весело и да искажува емоции.

Срцето (односно само миокардот) има способност самостојно да се контрахира. Поради ова, во ѕидот на миокардот се наоѓаат два нервни јазли и еден сноп од аксони. Нивната функција е поврзана со создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул (миокард). Овие центри за автоматизирана инервација на срцето се:

  • Синусен јазол, односно Кејт – Флаков (Keith – Flack или К – А јазол) — сместен е до утоката на горната празна вена во срцето
  • Ашоф-Тавара јазол, наречен и преткоморно – коморен (Aschoff – Tawara или A – B јазол) — сместен во долниот дел на десната преткомора
  • Хисов сноп, поаѓа од А – В јазолот, минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува две разграноци кои завршуваат со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.

Автоматската работа на срцето е способност тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам. Од честотата на нервните импулси во синусниот јазол зависи фреквенцијата на срцевата работа. Патот на ширењето на нервниот импулс низ срцето и неговата автоматска контракција започнува кога тој се создава со самото навлегување на крвта од горната празна вена во десната преткомора. Притоа, во синусниот јазол се создава нервен импулс кој се шири низ преткоморите до Ашоф – Тавара јазолот. Брзината на движење е околу 1m/s. Ова брзо движење на импулсот овозможува едновремена контракција на двете преткомори. Од Ашоф – Тавара јазолот, нервниот импулс се движи побавно, со брзина од околу 2m/s, со што започнува контракцијата на коморите, а завршува контракцијата на преткоморите. Од Хисовиот сноп, импулсот поминува преку Пуркиниевите нишки кон врвот на срцето. Тука тој се движи најбрзо, со 4m/s, со што мускулатурата на коморите едновремено се контрахира и крвта се испумпува во крвните садови.

Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е ненадразливо, период означен како рефрактерен.

Аллах во Куранот го открил овој податок уште пред 1400 години. Во поглавјето Ел Хаџ, ајет 46:

„Зошто тие не патуваат по светот за да нивните срца го разберат она што треба да го разберат и да нивните уши го слушнат она што треба да го слушнат, но очите не се слепи тука срцата во градите.“(ел Хаџ, 46)

Срцето како витален орган треба да се чува од секаков вид гревови, стресови, непотребни нервози и расправии. Срцето треба да се запосли со спомнуваето и служењето на Севишниот и семоќен Бог – Аллах џ.ш.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.