Давател на сигурност – Ел Му’мин

Al-Mumin

Аллаховото име Ел Му’мин – Оној кој го потврдува ветувањето и дава сигурност -има два значења на јазикот: Првото е потврда и верување. Основа на иманот е потврда на верата. Возвишениот Аллах кажал:

А ти нема да ни веруваш, иако вистината ја говориме.“(Јусуф, 17) – т.е. нема да ни поверуваш заради својата голема љубов спрема Јусуф.

Друго значење е сигурност која е спротивна на стравот. Возвишениот Аллах ни кажува:

„…кој гладните ги храни и од стравот ги брани..“,(Курејш, 4)

Исто така може да означува поверение спротивно на проневерата и издајаството, верата спротивна на неверството, потврдата спротивна на негирањето. За човек се кажува дека е поверлив кога во него се има поверение и кога никој не се плаши од неговите сплетки или се вели дека е „лесноверен“ ако верува во се што ќе слушне. Името Ел Му’мин се спомнува само еднаш во Куранот:

„Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Владетелот, Светиот, Тој што е без недостатоци, Тој што го обезбедува секого(дава сигурност), Тој што бдее над сите, Силниот, Возвишениот, Гордиот. Возвишен и Чист е Аллах од тоа што Му го припишуваат!“ (Ел Хашр, 23)

Дахак , рахимехуллах, пренесува од Ибн Абас , радијалланху анху, дека Ел Му’мин значи: „Оној од кого суштествата се сигурни дека нема да им стори неправда.“ Ибн Џерир вели дека кажал: „Ел Му’мин е Оној кој Своите суштества ги чини сигурни од Својата неправда.“

Шевкани , рахимехуллах, кажал: „Ел Му’мин е Оној кој на Своите робови им подарил сигурност од својата казна, и Оној кој ја потврдува својата вистинитост со праќање на Своите пратеници, давајќи им чуда.“

Оној кој ја потврдува вистинитоста на наградата на верниците и казната за неверниците е Ел Му’мин. Муџахид , рахимехуллах, кажал дека Тој укажал дека е еден во зборовите: „Аллах сведочи дека нема друг вистински бог освен Него.“(Али Имран, 18)

Ибн Кајим, рахимехуллах, кажал: „Ел Му’мин е Оној кој ја потврдува вистинитоста на искрените, покажувајќи докази на нивната искреност. Тој е Оној кој ја потврдува вистинитоста на Своите Пратеници и Веровесници во она што го доставиле од него – и тоа во своите знаци кои укажуваат на вистинитоста на она во што повикуваат, а сето тоа го остварил со помош на Својата одредба и создавање.“

Оној кој го потврдува ветувањето и воспоставувачот на безбедноста е Оној од кого безбедноста и сигурноста и гаранцијата се екслузивно изведени од неговото Водство. Секоја безбедност се цени најмногу во време кога луѓето се соочуваат со страв и опасност, особено кога постои можност да се почуствува пеколната казна. Вистинскиот воспоставувач на безбедност и давател на гаранција е оној кој Го обезбедува вечниот и непрекиден Мир; Оној кој што недава пристап на страв на оној кого ќе го обезбеди.

Сите суштества се слаби и краткотрајни и слаби, подложни на секакви врсти на загуби и тортури, како и на разни врсти на болести и она што ќе ги снајде од природни катастрофи и воени загуби. Аллах ги запознава луѓето и им ги открива тајните на медицината, машините, заштитни средства и оружје за да луѓето можат првенствено да ги користат како заштита и одвраќање на непријателот. Потоа, како заштитни одела и вакцини кои се користат при заштита при работа и нормално функционирање на здраствената заштита. И не само кај луѓето, тоа го гледаме и кај животните и инсектите кои имаат крилја, камуфлажа и разни врсти на бои кај пеперутките заради одвраќање од грабливци. Тоа го гледаме и кај отровот кој го имаат оддреден број на инсекти поради заштита од посилните грабливци и струјата *електрицитетот) и светлината која ја содржат некои специфични видови на животни.

Најсуштествениот страв е стравот кој постои од вечната казна во оној свет и која за да се отклони потребно е употполнување на сведоштвото кое гласи: „Непостои друго божество достојно за обожување освен Аллах“.

Од книгата: „Аллаховите најубави имиња“ – Ебу Абдулмалик

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.