Носете широка облека

klanjaciДодека ги носат своите омилени претесни фармерки, модните жртви го губат чувството во нозете и страдаат од мералгија парестетика, односно губење на осетот во надворешниот дел на бедрата, кој предизвикува притисок на дел од феморалните(бедрените) нерви во пределот на препоните.

Како резултат на тоа, жените често чувствуваат пецкање и трнење во нозете.
Оваа непријатна состојба е позната како „синдром на трнење на нозете“, а жените, кои ја искусиле на своја кожа, велат дека предизвикува чувство на одземеност на нозете.

„Синдромот на умртвени бедра“ се јавува поради постојаниот притисок на бедрените нерви, а во случајот на модните жртви виновникот за притисокот се тесните фармерки. Симптомите најчесто ги чувствуваат оние кои поради работата носат тесни ремени или облека, како на пример, градежните работници, трудниците и жените со вишок килограми, но најмногу се забележуваат кај младата трендсетерска популација.

Опасноста по здравјето се зголемува доколку тесните фармерки ги носите во комбинација со високи потпетици кои придонесуваат карличниот дел на телото да оди уште понапред, што дополнително ја влошува целата ситуација. За среќа, лекарите велат дека умртвеноста е привремена и може целосно да се ослободите доколку носите поширока облека.

Тоа значи дека удобноста е клучен фактор.

Божјиот Пратеник Мухаммед а.с. препорачал да се носи широка облека и тоа денеска освен практична верска причина, наоѓа доказ и во медицината и здравјето на секој човек.

 

__________________

http://nash-forum

http://www.plusinfo.mk

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.