ОН го поттикнува обрежувањето како превенција од ХИВ

shutterstock_123700612Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДА при Обединетите нации, ги поддржале неодамнешните истражувања, според кои отстранувањето на кожата од врвот на машкиот полов орган може да го намали ризикот за половина, од заразување со вирусот ХИВ, при сексуален однос со инфицирани жени.
Тие препорачуваат земјите со висока стапка на заразени хетеросексуалци да го направат овој зафат достапен за сите кои се заинтересирани, при што, предност би требало да имаат помладите, сексуално поактивни мажи, но, истовремено и да ја поттикнуваат употребата на кондомите и редовното тестирање.

„Овие препораки се голем чекор напред кон превенција од заразување со ХИВ“, рече Кевин де Кок, директор на програмата за СИДА при Светската здравствена организација.

Од 40 милиони луѓе во светот заразени со ХИВ, 25 милиони живеат во Африка, каде што вирусот најчесто се шири преку сексуални односи помеѓу хетеросексуални партнери.

Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДА-та , тврдат дека со обрежувањето би можело во наредните 20 години да се сопре заразувањето на 5,7 милиони машки лица од ова подрачје и да се спаси животот на најмалку три милиони луѓе.

Во светот, 30% од машката популација се обрежани.
Помеѓу евреите и муслиманите, таа постапка се изведува од религиски причини, а во други заедници поради хигиена, и тоа најчесто се прави во првите месеци од животот.

WHO: обрежувањето на мажите може да помогне во спречување на СИДА-та

Светската здравствена организација (WHO) излезе со официјален став прифаќајќи го машкото обрежување (медицински познато како циркумцизија) како еден вид мерка за намалување на ризикот од инфекција со HIV (Human Immunodeficiency Virus).

Неколкуте неодамнешни истражувања уакажаа на јасни докази дека мажите кај кои е извршено обрежување поретко добиваат инфекција со HIV– вирусот на СИДА во споредба со оние мажи кои не се обрежани.

WHO препорачува обрежувањето да се практикува особено во Африка, каде појавата на хетеросексуална трансмисија (пренос на вирусот при сексуален однос меѓу маж и жена) е многу почеста од било каде на друго место во светот.

Според организацијата, машкото обрежување би требало да биде само една компонента на анти-ХИВ пристапот кој во себе опфаќа тестирање, советување, третман итн.
Светската здравствена организација понатаму истакнува дека треба да се внимава кога на луѓето им се објаснува за заштитното дејство на обрежувањето при што треба јасно да им се назначи и на мажите и на жените дека обрежувањето дава само делумна заштита.

__________________

(makfax)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.