Лагата не му прилага на еден верник

thNFULI43TЛагата е таков недостаток кој говори за расипаноста на една човечка душа, за природата на една душа која што прибегнува кон грешење без да има присила од некоја повисока сила или пак некои тешки околности.

Постојат нискости што го следат човекот и слични се како болестите што го напаѓаат телото и кои исчезнуваат после долготрајното лекување.Слични се на стравот од кого занемуваат кукавиците и на незаситеноста од која се стискаат рацете.

Аллаховиот Пратеник , с.а.в.с. кажал: „Човечката природа можат да ја одликуваат разни особини, но не нечесност и лага.“ (Ахмед)

„Го прашале Божјиот Пратеник,с.а.в.с.:

-Може ли верникот да биде страшливец?

-Да!-одговорил.

-Може ли верникот да биде скржавец?

-Може!-одговорил Пратеникот,с.а.в.с.

-А може ли верникот да биде лажливец?

-Не може!-одговорил.“ (Малик)

 

Што поширок ќе биде дијапазонот на штета која ќе ја предизвика лагата, ширена од клеветникот, гревот ќе биде поголем кај Аллах. Новинарот кој на илјадници луѓе ќе им прошири една лажна вест, политичарот кој на луѓето им дава искривени слики за некои значајни прашања или луѓето што прават афери кои ги усмеруваат врз оптужбите на значајни луѓе тие извршуваат многу тешки злодела за кои следува тешка казна.

Веровесникот, с.а.в.с. рекол:

„Синоќа сонував двајца луѓе како ми се приближуваат. Тој што ја кинеше својата вилица е лажливецот. Тој на овој свет лажел и лагите се пренесувале од еден крај до друг крај на светот. До Судниот Ден, лажливецот на тој начин ќе биде мачен.“

Во овој вид спаѓа лажењето на владетелите на своите народи. На секого му е познато колку е штетна лагата од говорница.

Во хадисот стои:

„Тројца луѓе нема да влезат во џеннет:неморалниот старец, владетелот што лаже и горделивиот сиромав.“ (Ел-Беззар)

Лагата за Аллаховата вера е најголем грев,а пред се е да Му се припишува на Аллах или Неговиот Пратеник,с.а.в.с. нешто што не го рекле. Тоа во својата основа е вид на слепа лага чии последици се многу страшни.

Божјиот Пратеник,с.а.в.с. рекол:

Да се излаже нешто за мене не е исто како да се излаже за некој друг човек. Кој ќе излаже за мене намерно, нека си подготви за себе столче од оган.“ (Бухари)

Исламот препорачува вистиноњубивоста да се всадува во душата на децата за да растат со неа и таа да срасне во нивните зборови и постапки.

Абдуллах б.Амир,р.а.,кажува:

„Во една прилика ме викна мајка ми додека Божјиот Пратеник,с.а.в.с., седеше кај нас дома:

-Дојди да ти дадам нешто!

-Што сакаше да му дадеш?-ја праша Пратеникот,с.а.в.с.

-Сакав да му дадам урма.

-Да не му дадеше ништо на терет ќе ти биде ставена лага-и рече Пратеникот,с.а.в.с.“ (Ебу Давуд)

 

Ебу Хурејре,р.а.бележи дека Божјиот Пратеник,с.а.в.с. рекол:

„Кој ќе му рече на детето: ,Дојди еве ти!’ а не му даде ништо,тоа му се вбројува во лага.“ (Ахмед)

Навистина Возвишениот Аллах со правда и мудрост ги создал Небесата и Земјата и затоа бара од луѓето својот живот да го базираат на вистината и да постапуваат по неа. Дезориентираноста и несреќите на луѓето потекнуваат само од нивното отстапување од овој јасен принцип,од продирање на лаги и будалштини во нивните мисли и во душите, што ги оддалечило од Правиот Пат и ги одвратило од стварноста до која мораат да се придржуваат. Од таа причина искреноста мора да се следи во секоја постапка, да се применува во секоја ситуација, да се реализира во секој суд. Тој е основен столб во карактерот на муслиманот и постојана особина на неговата етика.Од иста причина општествената конструкција во исламот се заснова на сузбивање на непроверени сомнежи.Затоа што само цврстите треба се следат.Само тие се истакнати и супериорни,и само на нив се потврдуваат разновидните врски.

Божјиот Пратеник,с.а.в.с.рекол: „Премини од она што ти е сомнително на она што не ти е сомнително. Искреноста е смиреност, а лагата е вознемиреност.“ (Тирмизи)

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.