Толкување на поглавјето „Фелек“- Мугри

Allah name2
„ЕЛ ФЕЛЕК“ („Мугри“)
Мека - 5 ајети
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот,
1. Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите
2. од злото на тоа што Тој го создава,
3. и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината,
4. и од злото на дувачите во јазли,
5. и од злото на завидливиот кога завидува!“
Имам Ахмед од Зерр б. Хубејш наведува дека кажал:„Му кажав на Убеј б. Каб дека Ибн Месуд во својот Мусхаф (Куран ) не ги пишува поглавјата“, па ми каажал : „Сведочам дека 
Аллаховиот  Пратеник с.а.в.с. кажал дека Џибрил(Гаврил) а.с. му кажал:„Кажи :
„Барам заштита кај Господарот на мугрите“, па кажав. Тогаш ми кажа: „Кажи: Барам заштита од Господарот на луѓето“, па и тоа го кажав. Ние го кажуваме тоа што го кажувал и Веровесникот с.а.в.с.“ (Ел Бухари)
Најверојатно овие две поглавја Ибн Месуд р.а. ги нема слушнато од Пратеникот а.с., ниту со 
своите уши, ниту со предание и најверојатно подоцна го има променето ова свое мислење и се има придружено кон мислењето на повеќето-џематот, бидејќи самото постоење на тие поглавја го имаат потврдено асхабите-.
„Кажи: Барам заштита од Господарот на луѓето- од Ебу Сеид се пренесува дека 
Пратеникот а.с. барал заштита од очите на џинните и на луѓето.
1. Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите
2. од злото на тоа што Тој го создава,
3. и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината,
4. и од злото на дувачите во јазли,
5. и од злото на завидливиот кога завидува!“
..од злото на тоа што Тој го создава...ова значи дека се бара заштита од злото на се што е 
создадено, додека ...од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината,...
означува ноќта која ја обвиткува Земјата кога Сонцето ќе зајде. Ова го пренесува Бухари и 
Ибн Абас. Некои велат дека под тоа се мисли на Месечината. Аиша р.а. кажала: „Пратеникот ме зел за рака и ми ја покажал месечината кога излегол и кажал:„Побарај заштита кај Аллах од ова (Месечината) кога ќе се појави.“ Овој хадис го пренесуваат Бухари и Несаи. Ова не се 
коси со нашето мислење, бидејќи Месечината ја претставува ноќта и само во ноќта таа доаѓа 
до израз. Таков случај е уште со ѕвездите кои сјаат само ноќе.
Зборовите на Возвишениот:... и од злото на дувачите во јазли,... се однесува на оние кои 
прават магии и дуваат во јазли. Бухари во својот сахих во главата за лечење пренесува од Аиша р.а.: „Аллаховиот Пратеник бил маѓепсан до таа мерка да му се причинувало дека им 
приоѓал на своите жени,а всушност не им приоѓал.“ Суфиан вели: Ова е најтешка врста на 
магија до која може да се дојде. Аллаховиот Пратеник а.с. кажал:„Аиша знаеш ли дека Аллах Ми дал решение за тоа што Го молев? Ми дојдоа два човека, па едниот седна покрај мојата глава, а другиот покрај нозе. Оној што седел кај главата му кажал на оној вториот:„Што е на овој 
човек?“„Маѓепсан е“-одговорил. „А кој го маѓепсал?“-запрашал.
„Лубејд б. Асам, човек од племето Бену Зурејк, дволичник и сојузник на евреите“-одговорил. А овој прашал„Со што?“
„Со чешел и со влакна“, одговорил. „Каде?“-запрашал. „Во кората на машкиот плод на 
палмата, под една плоча во бунарот Зерван“. Аиша понатаму кажала:„Отиде таму, го извади 
тоа што  беше на тоа место и кажал: „Ова е бунарот што го видов на сон. Водата му беше бара отстоена, а палмите околу таа вода како шејтански глави“.Кога го извади тоа го прашав: „Дали оздраве?-па кажал:„Се колнам во Аллах, Тој ме излечи. Несакам да на никој од луѓето му нанесувам било какво зло.“ Овој хадис го пренесува Муслим и Ахмед. Коментаторот на Куранот Ес Саелаби наведува во својот тефсир дека Ибн Абас и Аиша р.а. говореле дека еден млад 
евреј го служел Пратеникот а.с., и дека евреите не се смириле се додека овој евреј не ги зел 
влакната кои паднале од чешлање на Пратеникот а.с. и со уште неколку запци од чешелот ги дал на евреите за  да го маѓепсаат Пратеникот а.с. Имам Ахмед од Зејд б. Еркам пренесува дека кажал:„ Еден евреј го маѓепсал Пратеникот а.с., па тоа го маачело неколку дена, па дошол 
Џибрил ( Гаврил) а.с. и кажал: „Еден евреј те маѓепсал и ти направил јазли во тој и тој бунар, 
па испрати по некој да ти го донесе тоа.“ Аллаховиот Пратеник испратил по тоа и кога му било донесено ги развезал јазлите и станал како да е ослободен од синџири. На Еврејот тоа не го 
спомнал, ниту го видел дур бил жив. Ибн Џерир наведува:„ дека Џибрил дошол кај Пратеникот а.с. и го запрашал:„Нешто те мачи Мухаммеде?, па тој одговорил: „Да“..Џибрил тогаш кажал : „Во име на Аллах те лечам од секоја болест која те мачи, од злото на завидливецот, и од очите на пакосникот. Нека Аллах те излечи!“ Најверојатно Пратеникот а.с. се пожалил на ова и поради тоа Аллах Го излечил, а сплетките, магиите и завидностите ги свртел против евреите, ги посрамотил и ги понижил. Покрај се, Аллаховиот Пратеник а.с., не го прекорил оној кој го сторил 
тоа, бидејќи Аллах Го излечил и му дал здравје. Со Аллахова помош завршен е краткиот 
коментар на поглавјето Мугри.
Тефсир Ибн Кесир

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.