Теухидул-улухије и теухидул ессма ес сифат

cropped-cropped-website-header1.jpg

Тевхидул – улухијје значи упатување на сите видови ибадет само на Аллах џ.ш.

Шејхул ислам Ибну Тејмије во врска со тевхидул – улухијје вели :

” Според овој вид на тевхид се разликуваат монотеистите од мушриците , оние кои вистински го обожуваат Аллах од оние кои истовремено покрај Аллах обожуваат и други. Поради овој тевхид ќе биде наградата или казната на овој и на идниот свет, а кој што овој тевхид нема да го прифати, тој ќе остане меѓу мушриците. “ (Medzmuatur resail )

Поради овој вид на тевхид се објавени книгите и испраќани пратениците. Аллах џ.ш. во Кур,анот вели :

” Ние на секој народ му испративме пратеник ( со пораката ) : ‘ На Аллах чините Му ибадет, а оттргнете се од тагутот ! ‘ И беа меѓу нив такви на кои Аллах на правиот пат им укажа, а и такви кои што заслужија да останат во заблудата …” ( Ен – Нахл : 36 )

Не постои ниту еден пратеник кој што им бил испратен на луѓето а да тевхидул – улухијје не бил темел и суштина на неговиот повик.

Аллах џ.ш. рекол:

” Пред тебе ( Мухаммеде ) не испративме ниту еден пратеник, а да не му објавивме :’ Нема бог освен Мене, затоа Мене правете ми ибадет!”(Ел- Енбија :25 )

ТЕВХИДУЛ ЕСМАИ ВЕС – СИФАТ

Тевхидул есмаи вес – сифат накратко значи: цврсто убедување дека на Аллах џ.ш. му припаѓаат сите имиња и својства на совршеност, дека Тој е далеку од сите атрибути на непотполност и дека Тој со своите својства се одликува над сите створениа; својства кои нам ни се познати од Неговите зборови и зборовите на Неговиот пејгамбер , без никаква нивна промена, без обид од нивно потполно сфаќање и објаснување на нивната суштина или споредба со својствата на створенијата.

Аллах џ.ш. вели:

” И никој не Му е рамен .” ( Али Имран: 142 )

Никој не е во состојба поубаво и попотполно да го опише на Аллах џ.ш. од самиот Тој како што себеси се опишал, како што не е можно некој да ја намали вредноста на некое од својствата со кои Возвишениот Аллах себе си се опишал.
Значи ние на Аллах не можеме да го спознаеме со својот разум и онака како што сакаме, освен со помош на знаењето со кое Тој не обдарил во Кур,анот и хадисот. Од Аллах џ.ш. ни дошло објаснување и знаење па ние го спознавме со тоа знаење. Неговите својства не се како својствата на створенијата, Неговата мудрост не е како мудроста на створенијата, Неговата милост не е како милоста на створенијата.

Аллах џ.ш. рекол :

” Ништо не е како Тој ! Тој се чуе и се гледа .” (Еш – Шура: 11 )

Имам Куртуби, коментирајќи го наведениот ајет вели:

” Овде се говори дека на Аллах џ.ш. во Неговата возвишеност, величенственост, власт, убави имиња и возвишени својства не сличи никој од Неговите створенија, нити било кој од нив со Него може да се споредува. Исто така и Аллаховите својства кои што се спомнати во Кур,анот и Суннетот, а тие се заеднички по изговорот во однос на Аллах џ.ш. и другите створенија, воопшто не сличат во своето стварно значење. Бидејќи, својствата на Оној кој е од секогаш, не се како својствата на оние кои се створени…”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.