Значење на некои исламски изрази

3d man with question and answer sign isolated on white
3d man with question and answer sign isolated on white

АД: Древен народ во Арабија
АДЕМ: Адам
АДН: Едн, врт еденски

АЗЕР: Тера
АЈЕТ: Кур’анска реченица
АЈКА: Град чиишто жители го сочинувале народот на Рогуел.
АЛА: Тетка, сестра на таткото
АЛЛАХ: Сопствено арапско име на Бога.
АМАНЕТ: Залог, предмет даден на чување.
АРШ: Престол

АХИРЕТ: Оној свет
АХМЕД: Мухаммед
БА’ЛА: Име на идол
БЕДР: Битката на Бедр (Место недалеку од Медина) каде се водела првата битка две години по преселувањето на муслиманите од Мека во Медина.
БЕРЗАХ: Меѓупростор; граница помеѓу овој и оној свет.
БЕРИЌЕТ: Благодат
ВАСИЕТ: Завештание
ВЕДА: Идол во времето на Ное а подоцна кај племето Килаб, во местото Думметул-Џендел.
ДАВУД: Давид
ДАЈЏО: Брат од мајка.
ЕБУ ЛЕХЕБ: Стрико и голем непријател на Мухаммед (а.с.)
ЕЏЕЛ: Крај; Судниот час кога мора да се умре; смрт; коб; несреќа.
ЕНСАРИИ: Сојузници, помагачи, жители на Медина.

ЕХЛУЛ-БЕЈТ: Потомците на Мухаммед (а.с.)
ЕЈУБ: Јоб
ЗЕКАТ: Верска такса што ја даваа муслиманите еднаш годишно во износ од 2,5%. Тоа е, всушност, годишен порез на севкупната имовина, накит, трговска стока и др. а се наоѓаат во сопственост на една особа.
ЗЕКЕРИЈА: Захарие
ЗИХАР: Еден лош обичај кај Арапите кога мажот ја бркал сопругата, изговарајќи ги зборовите: “Ти ми си забранета како плеќите на мајка ми.”
ЗУЛУМ: Штета, неправда, насилство, терор…
ЗУЛУМЌАР: Штетник, неправеден, насилник…
ЗУН-НУН: Јона
ЗУЛ-КАРНЕЈН: Александар
ЗУЛ-КУФЛ: Езекиел
ИБЛИС: Ѓавол, враг.
ИБРАХИМ: Абрахам
ИБРЕТ: Поука
ИДРИС: Хенок
ИЛЈАС: Елијас, Елија, Елијах.
ИМАН: Верување
ИМАМ: Водач
ИМРАН: Татко на Мојсие и Арон.
ИНЏИЛ: Евангелие
ИНШАЕЛЛАХ: Ако даде Бог.
ИСА: Исус
ИСМАИЛ: Исмаел, Јишмаел
ИСХАК: Исак
ИТИКАФ: Муслимански верски обичај последните десет дена од месецот Рамазан да се затвори или да остане во џамија еден побожен муслиман поради ибадет; во џамијата спие и се храни. Џамијата не ја напушта се до Бајрам освен поради нужда.
ИФРИТ: Зол џин, зол ѓавол.

ЈАКУБ: Јаков
ЈАХЈА: Јое, Јован
ЈАСРИБ: Медина
ЈАЦИЈА: Вечерен молитвен обред
ЈЕЏУЏ: Јог
ЈЕТИМ: Сираче
ЈУНУС: Јонас, Јона
ЈУСУФ: Јозеф
КАБА: Правец за ритуалите, молитви, при нивното извршување кај муслиманите.
КАДАР: Моќен, способен
КЕВСЕР: Река во рајот.
КУРБАН: Жртва; брав или говедо кое муслиманите го жртвуваат на празникот Курбан Бајрам и во некои други прилики…
КУРЕЈШ: Племе од кое потекнува Мухаммед (а.с.)
ЛАТ: Идол
ЛЕВХИ МАХФУЗ: Соувана плоча на која се испишани сите Божји одредби. И: Книга од која се објавени сите Божји книги.
ЛУТ: Лот
МЕЏУЏ: Магог
МЕРЈЕМ: Марија
МЕСИХ: Месија
МЕНАТ: Идол кај Арапите.
МИКАИЛ: Микел
МИРАЗ: Наследство
МИЗАН: Вага; посебна мерка според која, по исламското учење, ќе се мерат добрите и лошите дела на Судниот ден.
МЕДЈЕН: Мидјем, Медија
МЕСЏИД: Место за клањање; џамија
МЕСЏИДУЛ ХАРАМ:Пространо двориште околу Кабе каде се наоѓа изворот Зем-зем и местото на Абрахам во Мека.
МЕСИХ: Месија, Исус
МИЏО: Стрико
МИХРАБ: Длабнатина во ѕидот во џамија каде што имамот раководи со заедничката молоитва.
МУСА: Мојсие
НАФАКА: Божје давање
НЕСР: Идол
НУХ: Ное
ПЕЈГАМБЕР: Пратеник
РАМАЗАН: Месец на постот кај муслиманите
РУКУ: Постапка при извршување молитва.
‘РСК: Нафака, во смисла кога секој се раѓа со она што му е дадено како нафака од Аллах.
САБАХ: Утринска молитва.
САБОТА: Сабат
САЛИХ: Пејгамбер Божји испратен до народот Семуд.
САФА-МЕРВА: Две свети ритчиња во Мека во непосредна близина на Каба. Тука аџиите извршуваат еден од аџиските ритуали.
САХИФИ: Страници објавувани до некои поранешни пејгамбери.
САДАКА: Милосрдие
САМИРИЈА: Самири
СЕБЕ: Кралството на Саба
СЕЏДЕ: Да се поклони; дел од молитвата кога со челото и носот се допира местото каде се клања.
СЕМУД: Древен народ
СЕЛАМ: Спас; поздрав.
СЕЛАМ АЛЕЈКУМ:“Нека е мир (спас) врз вас” – поздрав меѓу муслиманите
СЕЛСЕБИЛ: Име на извор во рајот
СИНА: Синај
СУЛЕЈМАН: Соломон
СУВА: Идол, кип
СУРА: Поглавје, заглавие.
ТАГУТ: Погрешен бог кој поттикнувал на грев. Се однесува на секој предмет
или човек кој се обожава освен Бога.
ТАЛУТ: Крал; го означува Сеула.
ТЕВРАТ: Тора
ТУВА: Света долина
ТЕЈЕММУМ: Ритуално допирање лицето и рацете до лактата; оваа пракса го заменува абдестот (миењето) пред обредниот ритуал и бањањето по сексуалниот однос и ејакуација доколку нема вода.
ЈАХЈА: Пратеник Божји
-Јован Крстител
ЈАЦИЈА: Вечерна молитва кај муслиманите.
ЈЕЏУЏ: Гог
ЈУНУС: Јонас, Јона
УЗАТ: Идол во предисламско време
УЗЕИР: Езра
УМРА: Мал аџилак кој се извршува во кое било време.
ХАРУН: Арон
ХАЏЏ: Аџилак
ХАРФ: Буква
ХАЛАЛ: Дозволено
ХАРАМ: Забрането
ХИЏР: Држава (место) на Салих
ХУРИЈА: Џеннетска, рајска убавица; жена со крупни убави очи како кај газелата.
УММУЛ-КУРА: Мајка на градовите (се мисли на Мека)
ЏАХИЛИЕТ: Предисламски период; непосреден период пред појавата на Исламот.
ЏЕБРАИЛ: Габриел
ЏЕННЕТ: Рај
ЏЕХЕННЕМ: Пекол
ЏИЗИЈА: Порез на заштита за немуслимани во едно исламско општество
ЏИН: Невидливо духовно битие
ЏУЗ: Дел од Кур’анот кој содржи дваесет страници.
ЏУМА-НАМАЗ: Молитвен ритуален обред во петок
ЏУНУБ: Така се нарекува муслиман или муслиманка од моментот на полниот однос, ејакулација или полуција се додека не се избања.
ШЕЈТАН: Враг, ѓавол
ШЕХИД: Оној кој ќе погине на Аллаховиот пат
ШУАЈБ: Јетро, Јитро Рогуел

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.