Историјат на Ширкот

Историјат на Ширкот:

general-islamic-wallpapers-01

  • Теухидот е основно верување кај Адемовите потомци додека Ширкот се појавил подоцна и станал дел од верувањата на луѓето. Ибн Аббас, радијаллаху анху, вели: Помеѓу Адем, алејхи селам, и Нух, алејхи селам, имало десет генерации. Сите верувале само во Аллах.
  • Првиот ширк се појави кога народот на Нух, алејхи селам, ги надминаа границите во величањето на добрите луѓе. На почетокот направија нивни слики и кипови за да се потсеќаат на нивната побожност, за да на крајот по неколку генерации, кога го снема знаењето, не почнат да ги обожуваат. Тогаш Аллах, субханеху уе те’ала, го прати Нух за да ги повика во Теухид.
  • Ширкот кај народот на Муса, алејхи селам, се случи кога за божество го прогласија златното теле, кое сами го изработија.
  • Ширкот кај христијаните се појави по воздигнувањето на небо на Иса, алејхи селам, од страна на Аллах, џел-ле ше’нуху. Павле кој се декларираше како следбеник на Иса, алејхи селам, преку интриги и измама го воведе тројството, обожувањето на крстот и други идоли кои немаат основа во Инџилот.
  • Ширкот кај арапите се распространи кога Амр ибн Лухеј Ел Хузаи, ја измени верата на Ибрахим, алејхи селам, ги донесе првите идоли во Хиџаз и почна да ги повикува луѓето да ги обожуваат тие идоли.
  • Ширкот во Умметот на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, се појави преку династијата на Фатимидите, во четвртиот век кога почнаат да градат објекти врз гробови, кога почнаа да воведуваат новотарии како мевлудите и кога почнаа претерано да ги величаат добрите луѓе. За ова придонес имаат девијантните форми на суфизмот кои ги глорифицираа своите шејхови и водачи на тарикатите.

Од: „Олеснето поимање на теухидот“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.