Стрпливост во повикувањето

39f3b3269217bb2b282337b5e94da17f[1]
Нестрпливите лесно ќе ја остават верата и заради најмалата пречка на патот. Лесно, исто така заради најмалите провокации, ќе се откаже од својот правец и мудрост. Затоа Возвишениот Алах му рекол на својот пратеник Мухамед: „Стрпи се! Ветувањето Алахово, навистина е вистина. И никако некане те вознемирува оние кои не се уверени.“ (Ер-Рум: 60)


„И истрпи го тоа што тие го говорат и одбегнувај ги на прикладен начин,!“

(Ел Муземил: 10)

Често оние кои заталкале му се препречуваат на патот на повикувачот и во лице му кажуваат: „Она во што повикувате е само плод на фантазија и во реалноста не може да се спроведе! Вие повикувате во нешта кои времето ги прегазило, и луѓето потполно ги заборавиле! Затоа бидете задовлни со нешто помалку и повторно разгледајте ги вашите мислења и залагања!“

Пред притисокот на нашата реалност, фактички и фиктивни препреки на патот на исламот и пред големи одрекувања, некои повикувачи се јавуваат на овој повик и паѓаат под нивно влијание. Тогаш почнуваат повторно да го гледаат сопственот разбирање на исламот и во предвид да го земат мислењето на противникот на повикот на вистината. Камо среќа тоа да го прават со цел за непристрасно следење на вистината каде и да се наоѓа таа. Тогаш, би било навистина лесно. За жал, тие тоа го прават заради душевниот пораз кој им дава чувство дека од борбата излегле како ранети заробеници. Таквите трагаат за понудените решенија кои ќе ги одалечат од соочувањето со невистината и искривената реалност.

Ќе наведем некои примери: каматат се проширила, пуштила корени и лози. На каматата се заснова целата светска економија, па и економијата во муслиманските земји. Каматата влегла скоро во секој џеп. Се остварило претскажувањето на Пратеникот, кој рекол:„ Ќе дојде времето кога оној кој нема да зема камата, ќе биде запрашен со нејзината прашина.“

Оваа строга шеријатска забрана (каматата) е вкоренета во душите, џеповите, установите и имотите на многу луѓе. Наместо поедини повикувачи да почнат да ги одвраќаат луѓето од каматата и да бараат исправни алтернативни шеријатски решенија за зголемувањето на имотот и неговото правилно вложување, на изградба на исправна исламска економија, тие се обидуваат да го намалат значењето на каматата и ги преправаат ставовите кон сосема очигледни видови на каматни договори. Каматата, спрема нивното мислење, има свој фикско-правен излез, па макар тој излез од шеријатска гледна точка да биде слаб или потполно неоправдан! Реалноста во која што живееме станала почетно место за преправање на поедини шеријатски правила кои со векови не се измениле.

Губењето на трпеливоста кај некои повикувачи е предизвикано од губењето на надеж!

„Ја одржувам својата душа со надевања кои ги чекам,

Како ли е само животот тежок безнадеж!“

Камо среќа повикувачот да го послуша советот кој му е кажан на Ел-Халил:

„ Ако нешто не можеш, остави го и премини на она што можеш.“

Од тебе не се бара да ја оствариш победата на денешниот ислам. Тоа е Алахова одредба која ќе се случи кога Тој ќе сака. Но, од тебе се бара да само да вложиш свој труд на тој пат. На веровесниците и пратениците им е кажано:

„и должни сме само јасно да обзнаниме.“

(Јасин, 17)

Некогаш на повикувачите, поединци им се обраќаат на овој начин: „Ти работиш големи работи, постојано, и дење и ноќе, свесрдно се залагаш, но твоите резултати се ограничени. Луѓето се растураат и ти ги гледаш дека тие се преварени со средства кои ги разоруваат и водат во пропаст. Твоите долгогодишни залгања се упропастени за еден момент.“

„Како ќе биде градбата завршена, кога ти градиш а другите рушат.“

Оваа логика влијае на многумина, кои не навикнале на препреките на патот.

Всушност, тука се покажува улогата на префинетата стрпливост.

Од Хубаб ибн ал-Ерет, се пренесува:

„Дојдов кај Веровесникот, кој под глава ја ставил својата наметка како перница, во сенката на Каба. Тие денови од неверниците ја почувствувавме целата жестина. Му реков: ’Аллахов пратенику, зарем нема да се помолиш за нас? Зарем нема да ја бараш нашата победа?’ Пратеникот седна со вцрвенето лице и одговори: ’Пред вас постоеа луѓе на кои со железни клешти би им ги раздвојувале коските од месото и нервите, но тоа не би ги отргнало од верата, или би им се ставила на темето, и главата би им била исечена на два дела, а и тоа не би ги одвратило од верата нивна. Сигурно Алах ќе ја потполни оваа вера, така што коњаник ќе патува од Сана до Хадремевт и нема да се плаши од ништо освен од Аллах и ќе стравува од волкот за своето стадо. Но вие избрзувате!’ “

Избрзувањето во собирањето на плодовите и резултатите од да’ва не е во склад со трпението со кое да’ијата треба да е украсен.

Да’ијата(повикувачот) на некое од местата (град, училиште, установа) се бори против гревот и го шири повикот на вистината. Со негово посредство настанува големо добро. Тоа добро тој не го чувствува, затоа што доаѓа постепено. Истотака родителот не го забележува развивањето на своето дете кое дено-ноќно го гледа и следи затоа што тоа расте малку по малку.

Колку само да’иите го оставиле дејствувањето во некои места и установи мислејќи дека немаат никакво влијание. Кога ќе се повлечат, ќе се оствари нивната загуба и ќе се покажат изгубените да’ветски позиции.

За таквите се кажува:

„Ќе ме спомнува мојот народ кога ќе им бидам потребен. И во темнината кога полумесечината ќе се изгуби.“

Таквите се како Ел-Кесија кој правел стрели и со нив ноќе гаѓал. Мислел дека тие не ја погодуваат саканата цел па го скршил лакот. Кога се разденило, видел дека стрелите ја погодиле целата и се покајал за скршениот лак. Така тој станал пример за покајание, па дури и и Ел-Ферездек разведувајќи се од својата жена рекол:

„Се кајам како што Ел-Кесија се покајал, затоа што отиде од мене пуштена и чесна.“

Повикувачот на Вистината не смее да иницира брзи резултати и плодови, туку упорно ќе дејствува и ќе се потпира на Возвишениот Аллах. Ќе разбере дека несоборливата пракса низ историјата и сегашноста покажува дека секој исправен напор, кој ќе се вложи мора да даде плод. Во овој умет не се случило некој да повикувал, а никој да не се јави на повикот, или некој да советувал, а на советите, наредбите и забраните, никој да не се покорил. Или да алимот-учениот човек, седнал да ги подучува другите, а да со него уште никој не седнал да го слушне неговото знаење. Секој повикувач, сигурно ќе ги најде оние кои ќе му се јават на повикот, затоа што ситуацијата уште не дошла до тој степен за кој Мухаммед не известува:

„Кога ќе видиш дека скржавоста завладеала, дека се гледаат страстите, дека на дуњалукот му се дава предност и дека луѓето се восхитуваат од сопствените мисли – посвети си се себеси и остави го народот.“

Ова не се случило на ниво на целиот исламски умет, како може да биде случај со поединците или правците. Во исламскиот свет сеуште има голем хајр. Луѓето сеуште постојано се јавуваат и го прифаќаат исламскиот повик, го слушаат гласот на советодавецот, ако се одликува со мудрост и знаење.

Дури и денес, меѓу немуслиманските народи во Америка и Европа, наоѓаме како тие кои го носат бајракот на повикот во Аллаховата вера наидуваат на прифаќање кај неверниците. Во многу центри нам ни ги спомнуваат неделните извештаи за десетици мажи и жени кои преминуваат во ислам.

Реалните историски факти потврдуваат дека секој напор има свој плод, а тоа е истотака и шеријатски факт:

„Па кој прави добри дела,а верник е ќе му се признае трудот негов;тоа ние навистина го забележавме.“

(Ел-Енбија: 94)

„За да ги награди искрените,заради искреноста нивна и да ги казни лицемерите.“

(Ел-Ахзаб: 24)
„Кој ќе повикува кон вистината ќе има награда еднаква на наградите на оние кои ќе го следат, а од нивната награда ништо нема да им се одземе.“

„Кој во исламот ќе воведе убав обичај , има награда за тој обичај и награда на оние кои ќе го следат, а од нивните награди ништо нема да им се одземе.“

„Кој во исламот воведе убав обичај, има награда за тој обичај и награда на оние кои по тој обичај работат после него се до Судниот ден.“

За секое дело постои и награда и секој повикувач има свои следбеници.

Селман ибн Фахд Ел-Авде

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.