Искреноста во исламот

Allah name2

Аллах, с.в.т., во цитираните ајети ни наредува само од Него да се плашиме и да ја говориме само вистината . Оние кои вистински се плашат на својот Господар, тие ја говорат само вистината, па макар таа била и на нивна штета. Таквите луѓе Аллах, џ.ш., ќе ги награди и гревовите ќе им Ги прости, а тоа би требало да биде наша цел и преокупација.

Пратеникот, с.а.в.с., не поттикнува да говориме само добро или да молчиме, така во хадисот кој го бележи имамот Бухарија стои:

Пренесува Ебу Хурејре, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој верува во Аллах и Судниот ден, нека говори само добро или нека молчи, кој верува во Аллаха и Судниот ден, нека го почести соседот, кој верува во Аллаха и Судниот ден, нека го угости гостинот.“ (Бухарија)

Пратеникот, с.а.в.с., не подучува што сè кај човекот не може да се најде, истовремено, па во хадисот кој го бележи имам Ахмед, стои:

Пренесува Ебу Хурејре, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Иманот и куфрот (неверувањето) не можат да се најдат заедно, ниту можат да се состават лагата и искреноста и предавништвото и довербата.“ (Ахмед)

Пратеникот, с.а.в.с., во хадисот кој го бележи имамот Ахмед, вели:

Пренесува Ебу Хурејре, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Доволна ти е лагата да говориш нешто за својот брат, а он ти верува, додека ти лажеш!“ (Ахмед)

Искреноста во зборовите човекот го носи во искреност во делата и исправност во постапките, зошто настојувањето на човекот да се придржува до вистината за она што го зборува доведува до тоа светлината на вистината да засјае во неговото срце и мисли и луѓето да го препознаваат како искрен и доверлив.

Пратеникот, с.а.в.с., ни наредува искреност, а ни ја забранува лагата, па во хадисот кој го бележи имамот Муслим вели:

Пренесува Абдуллах ибн Месуд, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Бидете искрени, зошто искреноста води кон доброчинство, а доброчинството кон Џеннет. Човекот, говорејќи ја вистината и придржувајќи се кон неа ќе биде запишан кај Аллах, џ.ш., како искрен. И избегнувајте ја лагата, зошто лагата, навистина, води кон бесрамност, а бесрамноста води во Џехеннем. Човекот, лажејќи и пстапувајќи со лагата, ќе биде запишан како лажливец кај Аллах, с.в.т.“ (Бухарија)

Искреноста е пофална, а лагата е одвратна. Лагата не е дозволена освен во три случаеви: 1) лага заради помирување на скарани, 2) лага во војна и 3) лага кон сопругата (ако има многу побарувања, па и се рече: ’ќе ти го купам тоа иншаллах, а знаеме однапред дека тоа не можеме или ќе те одведам таму и таму и сл.).

Во тој смисол е и преданието, кое го бележи имамот Муслим:

Пренесува Умму Кулсум, р.а.: „Не сум го чула Пратеникот, с.а.в.с., дека ја дозволил лагата, освен во три случаеви: човекот кога каже со цел да помири, човекот кој каже нешто во војна и човекот кој и говори на жената и жената која му говори на човекот!“ (Муслим)

Таткото на Ебу Језид Ел-Бустами кога се пресели, додека тој беше сеуште дете од десет години, неговата мајка го продаде сето наследство. Му даде пари и го испрати со караван кој одеше во правец на Хиџаз, со цел да изучува шеријатска наука. Мајката му рече: „Вети ми дека нема да лажиш, без оглед на ситуацијата!’ Он и вети и тргна со караванот по својот пат. Набрзо караванот го нападнаа ајдуци, кои потполно го опљачкаа и го фатија детето, кое го прашаа: “Имаш ли пари?“ Рече: Да. Имам четириесет златни динари!“ Тие се насмееја и го пуштија. Пленот го однесоа кај својот водач, кој ги запраша: „Има ли уште нешто , што остана? Рекоа :Не остана ништо, освен што го прашавме едно дете, а тоа рече дека има четириесет златни динари.“ Запраша: „ А што направивте со него?“ Рекоа: „Не му поверувавме, па го пуштивме.“ Рече: „Доведете ми го.“ Кога го доведоа Ебу Језид Ел-Бустами, водачот му рече: „Имаш ли пари? “ Рече: „Да, четириесет златни динари.“ рече : „Каде се?“ Одговори: „Еве ги!“ И ги му даде на водачот, кој го запраша: „Што те наведе да признаеш дека поседуваш пари?“ Рече: „ И ветив на мојата мајка дека нема да лажам!“ Тогаш, восхитен водачот на ајдуците, рече: „А јас со твојата причина ќе направам тевба (покајување) !“ Потоа му ги врати парите и го врати се она што беше одземено од караванот, па нареди детето да се следи се додека не дојде на сигурното подрачје.

Ел-Харис Ел-Мухасиб, вели: „Знај, Аллах да ти смилува, дека искреноста и ихласот се темел на сè; од искреноста разгрануваат стрпливоста, задоволството, скрушеноста и пријатноста, а од ихласот се разгранува: јекинот, стравот, срамот и уважувањето. Искреноста не се потполнува освен во три работи: искреност во верување, искреност во намера (ниет) во делата и искреност во говорот.“

Пратеникот, с.а.в.с., потврдува дека муслиманот може да има одредени недостатоци, но дека не може да биде лажливец: „Пренесува Сафван ибн Селим, р.а.: На Пратеникот, с.а.в.с., му е речено: „Дали верникот може да биде кукавица?“ рече : ’Да!’повторно запрашаа: Може ли верникот да биде шкртица? Рече: Може. Запрашаа: Може ли верникот да биде лажливец? Рече: НЕ! “ (Малик)

Пренесува Абдуллах ибн Амр, р.а.: „Во една прилика, додека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., седеше кај нас, ме повика мојата мајка: ’Дојди нешто да ти дадам!’ Пратеникот, с.а.в.с., ја зпраша: ’Што сакаше да му дадеш?’ Рече: Сакав да му дадам урма.’ Пратеникот, с.а.в.с., рече: Ако не му дадеше ништо, на терет би ти била ставена лага.“ (Ебу Давуд)

Пренесува ибн Џевзи од имам Ахмедовиот Менакиб, дека му е речено: „ Како се зачува од Му’тесимовата сабја и Васиковиот камшик? Одговорил: „Кога искреноста би се ставила на раната, таа би ја залечила!“

На мудриот Лукман му е речено: „Како си го постигнал сето ова? Рече: ’Со богобојазност, искрен говор, исполнување на ветувања и оставање на она што не ми се однесува.“

Браќа и сестри, да учиме дова за чистење на нашите јазици, кратка и соодржајна дова која гласи:

„Аллаху, очисти ми го срцето од дволичноста, делата од рија( прикажување на други) јазикот од лага и очите од предавство!“

Браќа и сестри, вие кои го сакате Аллах, с.в.т., и Неговиот Пратеник, с.а.в.с., да ги послушаме зборовите на Возвишениот Аллах, с.в.т., и советите на нашиот Пратеник, с.а.в.с., зошто тоа ќе ни донесе среќа на двата света! Да бидеме искрени во своето верување и својот говор и да се натпреваруваме во добро!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.